Здраво женски, после читање на темава своеволно направив тест и еве ги резултатите. Колку што сфаќам јас имам проблем со покачен инсулин. Според формулата хома ир ми е 2.3. Дали некоја друга имала сличен резултат и што и помогнало да го регулира? И ако знаете да ми препорачате добар доктор за консултација за можна некаква терапија.
Супер, фала на одговор прочитав баш многу позитивни мислења за докторкава. Да те прашам само дали терапија ти даде само од вакви резултати, или ги имаше испитано сите хормони па така ти одреди? Не знам дали да закажувам одма или да почекам да испитам сè, па тогаш да отидам.
Јас лани бев за тироидната кај неа и сега само и пуштам резултати на вибер и ми кажва шо следно и со каква терапија да продолжам. За инсулинот на своја рака бев да испитам ии и го пуштив резултатот, ми кажа каква терапија ии кога следно да испитам пак. Ако се сомневаш на уште нешто испитај си, ама според твојата ситуација мислам дека кога ќе појдиш таа ќе ти кажи шо треба да испиташ и ќе и пуштиш на вибер, така да закажи си се.
Здраво на сите. Од преслаба девојка цел живот, после пораѓај, терапија за анксиозност и асентра терапија за анксиозност качив 20 кола и сега дознавам дека имам инсулинска резистенција, со Холмс индекс 3.8 . Денес ми е дадена терапија со глукофаж 500мг, препорака за диета и физичка активност. Сакам втора бременост ама ни тоа не оди .. се плашам од глукофажов, може ли некој да сподели искуство ве молам. Поздрав
Od koj endokrinolog ste zadovolni za insulinska raziztencija.Za Brankica procitav dobri mislenja no za zal e penzionirana.
Ве молам за препорака на добар ендокринолог на приватно за инсулинска резистенција, пцос и проблеми со тироидна жлезда. На државно имам закажано, но премногу ми е далеку терминот, а резултатите ми се доста влошени од претходно и не ми се чека толку.
Не знам што е фалена Бранкица толку, мене со резултати кога отидов ми ја фукна таа класика со лебни единици диетата од Клиника, рече ако нема подобрување ќе пиеш метформин или семаглутид и тоа е, ништо посебно не кажа што другите не ми кажале.
Јас одам кај Катерина Адамова на клиника во Скопје и сум презадоволна. Со првата бремебост имав гестациски дијабет и ме следеше цела бременост и супер поминав. Но за жал не продолжив после со нејзините препораки за исхрана и дијабетот ми остана,но сум со метформин 2 х 1000мг. Сега планирам втора бременост и повторно одам кај неа и сите пофални зборови можам да ги кажам за докторката. Ако успеет да најдете термин од срце ја препорачувам,не ги остава работите на случајност,се ми испитува што треба. Поздрав и со лесно девојки
Здраво членки, јас мислам дека имам инсулинска резистенција и пцос. Иако на гинеколог не ми потврдиле за полицистични. Си имам пресметано хома индекс и разбирам дека имам инсулинска. Инсулин последно на гладно ми беше 16, а глукозата на гладно 5,6 и со формулата пресметано сваќам дека имам инсулинска. Денес правев и хормони во циклус. Дали некоја членка се разбира околу референтниве вредности на хормониве дали се високи ниски што значат? Благодарам