Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инсулинска резистенција и ПЦОС

Дискусија во 'Бременост' започната од Kolumna, 25 мај 2022.

  1. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Да на гладно, homa index е тоа испитување.
     
  2. *Marina12*

    *Marina12* Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki .na granica sum za insulinska rezistencija.Mesecov mi preporacaa da pijam Elova .Sakam da pijam i macina treva pa da prasam nekoj dali ima iskistvo za pienje ovaa kombinacija?ako ne sum za kanalov ve molam info kade da pisam.

    fala
     
  3. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Јас имам утврдена инсулинска резистенција (микро ПЦОС ми е како последица на тоа, ама главниот проблем ми е инсулинска резистенција) На терапија сум со Глукофаж 850x2 и плус Glycovital Max веќе со месеци, благо ми е намален инсулинот ама сепак над граница (40 ми е сега, а нели нормално е до 25). Дајте некое искуство/совет за исхраната или плус нешто да воведам што ви помогнало на вас. :hug:
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.088
    Со килажа како си? Имаше проблем претходно или немаше? Оти јас како почнав со Глукофаж од 1000 мг инаку, еднаш дневно, почнав да се топам, многу ослабев. Потоа и инсулинот полека паѓаше, од енормно висок што беше, мене веќе со години ми е во нормала, еднаш дури и отиде накај долна граница. Сега кога и да проверувам е нормален. Терапија јас уште си пијам, за неколку месеци ќе бидат веќе 5 години. Упорно не ми ја тргаат ниту намалуваат, а на своја рака не можам секако.

    За исхраната, препорачливо е да се внимава. Искрено кога внимавав, кога не, поише не внимавав.. И сепак не се поремети инсулинот, пак да отиде високо. Имав и план на исхрана од нутриционист демек за Пцос бил, многу и не се придржував искрено, ниту сум напраила драстични промени во исхраната. Ако сакаш да ти пратам да видиш.

    Битно ми е што не скока веќе, и добивам поредовно. Кај мене знаат да се поместат андрогените хормони, тие и нестабилни се уствари, инсулинот е во ред цело време.

    Го фалат и инозитолот дека помагал кај инсулинска резистенција.

    И физичка активност потребно доколку си во можност, доста помага и таа.
     
    На Antebellum и MG3 им се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.300
    За бременост ти треба да е доста под 25. Исхраната и физичка активност без високо интензивни интервални вежби (кардио можеш).Фертилимин по 2 сабајле и вечер, јаглехидрати на најниско, ако и вака немаш резултати за 3 месеци може си предијабетна состојба и ти треба друга терапија. Прочитај и како влијае инсулинот на јајце клетките и што да земаш за да го подобриш квалитетот.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на одговорот. :f:
    Имам вишок кг, ама не гледам никаква разлика со килажата откако почнав со глукофажот, а веќе повеќе од година го пијам и тоа во поголема доза.
    Освен кога ептен внимавам на исхрана и кога вежбам успевам да намалам малце, ама не би рекла дека е до Глукофажот.
    Ако можеш прати ми во ЛП баш да ја видам програмата што ја имаше ти :)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Фала многу за одговорот:)
    Па да, по се изгледа дека сум во предијабетна состојба.. Докторката мисли дека со терапијата што ја имам заедно со физичка активност и исхрана би требало да се среди. Јас пазам ама изгледа не доволно...
    Ако веќе е предијабетна состојба што би било различно во терапијата според тебе? Гледам дека се разбираш на темава, ако можеш да ми пишеш некој совет за исхраната, мислам дека тој дел ми е најтежок.
    Фертимилин ми немаат препишано ама имам слушнато. На контрола сум тек за 3 месеци. Дали мислиш да почнам да користам и тоа иако веќе користам и глукофаж и Гликовитал макс? Фала ти мноогу :)
     
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.657
    Допаѓања:
    8.214
    Пол:
    Женски
    Од колку земаш Глукофаж? И ако може и мене програмата.
     
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.300
    Немам никаква програма. Метформинот нема ефект додека јадеш иста исхрана богата со јаглехидрати. Најдобар "лек" за инсулинска резистенција е градење мускул и нискојаглехидратна исхрана. Фертилиминот и метформинот заедно се многу добра комбинација ама мораш многу труд да внесеш да ја средиш исхраната. На висока доза метформин си ама мораш да му помогнеш на лекарството.
    Од физичка активност дури и долго пешачење ќе има ефект ако си редовна. Ама гледај на ова како животни промени не сезонски.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.088
    Не знам, но кај мене штом го почнав веќе за месец - два, ептен ослабев, ниту апетит ништо, многу нагло.
    И тоа секако не беше добро, ни најмалку се осеќав добро. Инаку не ни вежбав тој период, немав сила, ниту јадев. После почнав, па се стабилизира некако. Којзнае што беше моето, висока ли дозата, а не ми ја ни изменија или коригираа терапијата, како почнав така терам. Слабеењето нормално сопре, ко само од себе што се вика, дојдов до одредена килажа. После не внимавав како што знам, па следуваа неколку поправање, но првичната тежина која беше доста голема, не сум ја вратила и не би сакала. Во меѓувреме и имав почнато со физичка активност. И изгубив и дополнително од тежината, заличев на чоек. Сега, да, варирам плус минус 5 - 6 кг, некад сакам да ги нема, па демек слабеам, некад се опуштам и така. А беа во прашање 33 кг вкупно. :|

    Мораш да гледаш да внимаваш на исхрана, навика да ти стане и да вежбаш. Иначе неам проблем со слабеење веќе, да се ставам на режим, да сум во калориски дефицит лесно слабеам но како што реков инсулинот ми е во нормални граници. Тој те зеза тебе, затоа и викаш дека потешко ти иде слабеењето.

    Пиши ми лп, затворени ти се пораките. :)

    Е кај мене еве немаше врска ова, да ти кажам и ја не знам како. Си јадев све, се опуштав, јаглехидрати на макс за жал, инсулинот не се има зголемено откако еднаш се намали. А дома вежбав. При план, не сум се придржувала толку, требаше но ете. Сега моментално на никаков режим не сум, јадам пак све но не претерувам.

    Не викам дека добар пример сум за ова, секако дека треба да води сметка на исхраната највеќе.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.300
    Ок твојот пример ама кај неа не се симнува многу долго време со висока доза што значи проблемот е подлабок, плус инсулин 40 и 60 е огромна бројка. На 24 јас загубив овулации што е на граница.

    Плус кога се работи за планирање бременост исхраната многу значи и за подобрување на квалитетот на јајце клетките.
     
    На Anyshka, MG3 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    6.964
    Има ли нутриционисти што се бават со ова? Очајно ми треба помош.

    Јас немам ПЦОС ама инсулинот ми е страшно висок, беше 165, па со семаглутид го намалив до 60, меѓутоа морав да ја прекинам терапијата и сега ми е 100.

    Веќе ме водат како предијабетес.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош хома индексот ми е 2.35.
    Каков е овој резултат ако може некој да ми каже што се разбира?
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.300
    Хома индексот е соодносот на глукозата и инсулинот, до 1.4 се смета дека немаш инсулинска резистенција, според резултатов најверојатно ти е висок инсулинот. Не ти објасни докторот кој те прати на испитување? Ќе ти треба ендокринолог.
     
  15. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Инсулинот ми е 11.73, а гликозата 4.5.
    Сама по формула си го пресметав. Сега гледам по други скали помала вредност ми дава. Периодов имам закажано ма ендокринолог ќе видам што ќе каже.
     
    Последна измена: 13 август 2024
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.300
    Консултирај си ендокринолог, осетлива тема е оваа за бременост, не се решава баш на форум. Ако прецени може да те стави на некаква мала терапија или суплемент. Кога се работи за бременост на се се обраќа дупло внимание така што ако за нормален човек 11 инсулин е супер, за пред бременост ќе го сакаат помалце да се превенира да пречи на бременост. Исто како за тсх 3 што не се пие терапија обично, ама пред бременост се симнува.
     
    На Anyshka и praski4e им се допаѓа ова.
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Да да секако тоа чисто барав мислење од ваши искуства. Јас и онака терам ивф процедура. Фала ти мн.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.300
    Кај мене беше доста повисок и пиев фертилимин и метформин. Кај тебе фертилимин може само ќе дадат може ни тоа. Штом си ивф, специјалистот најдобро ќе ти каже.
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lana Babe

    Lana Babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Dali prepisuaat metformin za nizok sekjer vo krvta i visok insulin?
     
  20. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Метформин или сиофор даваат за покачен инсулин. Мене ми го препишаа еве месец дена го пијам ама и мн внимавам на храната јаглехидрати и шеќери не внесувам скоро воопшто. Ќе испитувам инсулин следната недела па ќе видам како реагира лекот.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.