Ана Петрович од Белград Можеш да ја исконтактираш преку електронска пошта. Ќе ти даде насоки кои анализи ќе ти требаат и соодветно ќе ти даде план.
Пиши горе на лупата глукофаж, метформин, има стотина мислења, не мора се соџвакано нели. И две страни наназад имаш искуства. Прво ендокринолог кој ќе те следи и ќе ти адаптира терапија соодветно, НЕ гинеколог. Контрола по најмалце 2 месеца за да видиш ефект. Помага ама мора и комбинација со храна и активност. Воспоставува редовни овулации, подобрува квалитет на јајце клетки и со сето тоа помага да забремени ако тоа ти е целта.
Јас се чувствувам одлично немам нус појави откако го пијам лекот. Месецов ќе испитувам инсулин и гликемија па ќе пишам дали има подобрување во однос на вредностите. Секако оваа терапија ми е препишана од ендокринолог откако ја виде комплетната моја слика.
Феминки еве викендов правев хормони пак и TSH-то е намалено од 2.63 на 2.27 за неполн месец значи добро реагира лекот, додека пак инсулинот наместо да е симнат е покачен на 15.66 а беше 11.73. а пијам сиофор/метформин и внимавам многу на храна. Дали некој знае да ми каже на што се должи ова како може и тоа го пијам неполн месец не реагира.
Мислење за резултативе? Прво си ги протолкував дека се во ред, сега ме буни тоа што инсулинот е под граница после 1h, а скоро на горна граница после 2h. Инсулиност и гликозата нели треба да се намалуваат со тек на време после оптоварување, кај мене обратно
Еден мој совет најубаво доктор да ги види резултативе и да каже дали треба да се прима соодветна терапија. Јас знам дека по отвоварувањето инсулинот и гликемијата не треба да се намалуваат ама не треба мн да се качуваат. Кај мене рез. беа следните: Гликемија на гладно пред оптоварување беше 4.48 а реф вредности беа од 3.3-5.6 mmol/L ОГТТ по 2 часа беше 6.28 а според реф. вредности треба рез да е помал од 7 за да биде нормално ниво. Мене ми кажа д-р да го испитам ова заради покачениот инсулин, кај тебе да не е обратно гликозата да не е покачена затоа ова да не те упатија да го испиташ?
Имам испитано скриен шекер, и хормони 3 ден се е во реф дамо со тсх имам проблем Инсулин е друго нели како се испитува Имам 3 неуспешни инвитра и де мислам дали ова има влијание
Zdravo Pred 3 meseci pravev ispituvanje na hormoni(3 den ciklus) site hormoni (reproduktivni) bea vo red,osven insulinot...na gladno mi bese 40. Bev na nutricionist mi dadoa soodvetna dieta +terapija so glukofaz od 1000 xr.Po 3 meseci dieta i terapija oslabev 15kg i insulinot na gladno mi se namali na 19. Doktorkata specijalistka mi go prodolzi glukofazot iako jas i rekov deka ja osekjam dozata visoka,mi ja namali na 750mg megjutoa pak osekjam deka mi e jaka dozata.Plus kosata mnogu mi pagja,ako nesto ima vrska so toa.Apetit izgubiv ,jadam premalce. Glukozata mi e skoro celo vreme niska.osven ako si dozvolam nesto da jadam ne zdravo (retko),kaloricno.togas mi e okej. Mi treba vase mislenje ,dali mislite deka mozebi dozata e visoka spored vase iskustvo . Inace imam insulinska rezistemcija homa index 4.18 i pcos.
Може да има. Јас пример после вгнездување, докторот ми препорача да јадам повеке протеини, да избегнувам леб, благо... и ми беше успешно инвитрото. Се поклапија и другите коцки, ама скриениот шеќер ми беше на раб. Ако можеш да консулираш повеќе протеинска храна би било одлично, а помалко леб, благо итн.
Косата паѓа и од губење тежина и од метформинот, пробај да јадеш повеќе протеини и јади здрави јаглехидрати. Колку ти е ниска глукозата? Инсулинот 19 е сеуште висок за да ти ја намали скрос дозата. Не знам дали ти е за бременост немаш нагласено.
Ne mi e za bremenost,radi reguliranje ovulacija i visok insulin mi go dadoa. Jadam protein ,jahglehidrati ic. Glukozata na gladno mi bese 3.3 posle 2 dena 4.6
Со глукофажот мораш да јадеш и јаглехидрати. Ќе се регулира, дај му 6 месеци и ќе се врати овулацијата во нормала како што паѓа инсулинот.