Инсулинот не е врзан со циклусот, јас го испитувам и на клиничка биохемија и во биотек и во биотек не оди преку фзо се доплаќа 1000 ден.
Дали резултат од ИР - 3.0 uU/ml е нормален или? Немам референтни вредности.. Пробав на гугл да најдам нешто, не ми се разјасни.
Здраво на сите, имам Инсулинска резистенција откриена некаде Ноември/2024. Од терапија пијам метформин 2х1000мг. Во меѓу време ја променив исхраната и повеќе прошетки секако. Сега сум бремена 7 недела ( Ивф беше успешно, иако претходно имав 2 пати останато природно бремена кои завршуваа со спонтани. Докторката сега кажува како дијагноза дека дефинитивно спонтаните и проблемот изминативе години да неможам да добијам дете е инсулинската.) Ова го споделувам од причина што може да се пронајде некоја од вас во приказната. Имам и прашање за тие девојки кои оствариле успешна бременост со инсулинска резистенција. Од докторот кажано ми е дека метформинот треба да го пијам до 12 недела, и потоа на 20 недела повторно ќе правам тест за инсулинската, меѓутоа како го регулиравте инсулинот кога ви ја прекинаја терапијата? Дали беше доволно само храната? Дали можете да споделите некој совети што јадевте, што користевте можеби како суплемент и сл? Секој совет е добредојден.
Здраво, од кој Иноситол користите? Читам дека NOW се поевтини, ама не знам колку се квалитетни не ми се пие само ради реда дека се поевтини...
Здраво девојки треба да испитувам имсулинска резистенција матичниот гинеколог ми вели дека таа неможела да ми даде упат за на државно да ги направам испитувањата, дали можи да ми кажи некоја од вас како да ги направам испитувањата на државно или мора на приватно?
Матичната треба да ти даде упат за на ендокринолог или интернист мислам, а потоа тој ќе може да те упати за испитување на инсулинска. Јас немав индикации да испитам т.е шеќер и инсулин на гладно ми беа ок, а сепак сакав да испитам инсулинска и морав на приватно во Авицена, 3000мкд.
На државно ти е поефтино со упат од ендокринолог, а на приватно не ти треба упат таму одиш те испитуваат и си плаќаш.
И јас имав испитано и цело време се ти е во нормалаа сооднос никој не му текна ни приватно ни државно и кога бајдов сама прашав а така р треба да земаш глукофаж .. тоа е жално во мкд што сам треба се да бараш
Јас кога бев кај Бранка во Срце прво тоа ми го пресмета па врз основа на тоа даде извештајј и терапија...