Јас сум со инсулинска резистенција, вредност на граница, утврдено во ноември 2024. Дадено терапија метформин, по нецели 3 месеци останав бремена, еве терам 34 недела. А претходно сум имала спонтани и тешко останував.
Јас немам проблем со тоа, единствен проблем ми е инсулинот ХОМА ИР 5,46.. и дебелина. После две бремености ми е откриена лани у ноември исто, ама се мачам со слабеењето. Поради тоа ќе примам нешто од тие три, само др ми остави време да одлучам кое најмногу би ми одговарало.
Др.Габриела Стефановска Балабанова, ординација Е-Медикал, позади Југодрво во Скопје, а за цена не се сеќавам, но мислам дека околу 2000 и нешто беше се заедно, меѓутоа не можам да тврдам со сигурност, сепак прашај. https://zk.mk/e-medikal
Инсулин на гладно ми излезе 18,2 mU/ml, гликемија нормална. Циклус редовен но кратко трае со 2 дена менструално крварење. Имав нагло зголемување на тежина, на ехо е се во ред нема цисти. Чекам резултати уште од андрогени и тироидни бидејќи инсулинот ми беше само на приватно имам само од него резултати. Веројатност за инсулинска? Чекам во понеделник да видам што ќе каже гинекологот.
Во принцип така почнува, моја препорака е да направиш ОГТТ инсулин + гликемија да видиш колку се качува после оптоварување.
Здраво женски, сакам да споделам со вас, благодарение на оваа тема јас пред еден месец одлучив да испитам инсулин и шеќер, каде се утврди инсулинска резистенција. Се надевам дека за брзо ќе имам две цртки на тестот, затоа што веќе има ефект метформинот и промената во исхраната и тренингот.
Здраво, размислувам да направам на моја рака тест за инсулинска резистенција, имам пцос и пиев д-хиро иноситол 2-3 месеци по препорака од гинеколог и ми делуваше перфектно на циклус и општо здравје, па претпоставувам дека има нешто. Прашањето ми е, кој тест е подобар за тоа, HOMA IR или ОГТТ? Гледам тие два ги има на приватно
Гликемија со инсулинемија, мерења за глукоза и инсулин на гладно, после 1h од пиење глукозен раствор и после 2h. Јас испитував на приватно, во Авицена, 3000мкд пред 1г.
Здраво, да ги направиш и двете обавезно, јас пиев инозитол ради покачен тестостерон, ама немаше ефект и благодарение на темата на своја рака бев да проверам ии ХОМА ИР ми беше 7,2.
Јас пиев Chirofol 500 и од него циклусот го имав точно на 28 денови и ми го среди кафениот исцедок што го имав секогаш 3-4 дена пред циклус. И за 3 месеци останав трудна па го прекинав, ама тоа заврши лошо ради друга причина. Фала ви, ќе одам деновиве во Авицена ♥️
@Lor ако веќе имаш дијагноза ПЦОС имаш опција преку матичен гинеколог или матичен лекар да направиш ОГТТ тест во клиника за Ендокринологија. Јас така правев. На Ендокринологија ти кажуваат и како се подготвуваш за самиот тест (пример мене тогаш ми кажаа два-три дена пред тестот да јадам повеќе благо и јаглехидрати и да прекинам со јадење во одредено време вечерта пред тестот). Во приватните лаборатории никој тоа не го кажува. Кај ПЦОС голема е веројатноста да има некој вид на ИР. Јас на пример има ниска гликемија ама висок инсулин на 1 час и 2 часа по пиење на растворот. На почеток се ми е во граници на нормала. За ваквата состојба на Ендокринологија ми рекоа не е проблематичен наод од нивни аспект ама е проблематичен од гинеколошки аспект зашто инсулинот е сличен на естрогенот и ми прави хаос во циклусите, влакнатост и слично. Со среќа и за брзо со бебуш во раце.
Имам едно прашање. Која е поврзаноста на инсулинската резистенција со гинеколошките прегледи? Јас сакам да испитам инсулинска резистенција поради општо здравствени симптоми кои ги имам но сега тука читам за менструални циклуси гинеколошки прегледи и бременост
Секако дека можеш да испиташ инсулин независно од бременост. Тука се дискутира затоа што инсулинската резистенција како проблем е поврзана со репродуктивното здравје и многу често си одат заедно со ПЦОС и други хормонални проблеми. Ама не треба да планираш бременост за да направиш испитувања доколку имаш индикации.