Лелее, сега ќе одам на пат па неколку саати ми треба нешто за грицкање и мене ми дојде на памет да отворам ваква тема и само видов дека има и тоа денес нова . Ајде предложете ми некои интегрални, по можност вегански грицки какви најубаво да си купам за по пат зошто не јадам никакви обични грицки и многу сум „проблематична“ . Колку пари се овие горе? Ми се чини 30 и нешто... И какви вкусови има освен овие со сирење? Има и од најразлични фирми? Ставајте луѓе нека живне темава
Ич не ми текнува на вкусот на овие од Виталија. Знам дека имам купено некои од нив - ги имам јадено... тоа што всушност сакав да кажам на темава е дека, ич не ми е јасна функцијата на интегралните грисини што, да речеме се продаваат во Кам и сл., знаете за какво тип грисини зборувам(?!), бидејќи.. мислам дека револуција ми крева стомакот од нив. Од што се тешки,масни... ми го стужнуваат желудникот. Пре би обични грисинки или квики или што год со јогурт/кисело млеко.
Јас сум убедена дека се кафеави од тоа што се препржени, а не затоа што се правени со некакво интегрално брашно тие грицки Ни јас не им ја сфаќам функцијата, барем да беа вкусни кога веќе не се здрави, вака порадо би јадела обичен чипс
Оф како ме потсети сега Овие ми се меѓу омилените, а ги сакам и овие на Виталија, речиси сите ги имам пробано