Здраво, мислам дека имам интелектуална попреченост. Каде треба да одам за проценка на мојата состојба? Физички и психички сум пропаднат. Ако сакате дајте ми некој совет како да продолжам понатаму. Работам во три смени на норма на линија, што ми е премногу стресно.
Те имам и претходно читано и ако не се лажам кажа дека имаш параноидна шизофренија. Не знам точно како оди, ама мислам дека комисија треба да го утврди тоа. Во случај ако те прогласи за работно неспособен мислам дека ќе земаш некој вид на парична помош. Ама ништо од ова не знам со сигурност, најдобро прашај го психијатарот или матичниот лекар подобро ќе те упатат од мене.
Па консултација со психијатар/психолог. Знам дека си сменил неколку и нема некое подобрување, ама само тоа ти е чаре тука.. професионалната помош.