Jas napraviv razlika izmegju machka i kuche,izmegju tie dve machkata e prokleto,a kucheto e bash prijatel
Мачката има 9 животи. Кучето само еден. И мачката може да биде пријател зависи како гледаш на неа. Пристапот е многу важен.
Послушноста не е показател на интелигенција. Снаодливоста, од друга страна, е, и не се јавува само кај кучиња или само кај мачки. Ова го кажувам како сопственик на своеглаво куче, кое е скептик и голем ценкач. Најомилена активност и е учење на нови трикови (кои понатаму ги практикува во нејзина корист). За да придобијам процент од нејзината послушност кон мене потребни беа 3 години, и пак не можам да кажам дека е послушна. Но, каков мозок е, ко човек да размислува. Набљудува, скенира се што правиме и како правиме, мозокот константно и работи, и затоа јас треба да работам во тоа темпо (ако сакам куќата да ми остане целосна). Анархист е во душа и треба да соработувам со неа, за да не ме гледа мене како полицаецот во ситуацијата. Тоа е разликата помеѓу интелигентно и послушно животно. Послушното ќе реагира на секоја команда од сопственикот, интелигентното ќе размисли дали вреди и како ќе може да го сврти сето тоа во негова корист.
Баш ме интересира зошто си толку огорчен и гневен од мачките. Те повредиле на некој начин? Емоционално, физички...
Moe mislenje e deka se prokleti zgivotinchina,sepak prijatel na chovekot se znae koe i shto e,samo kuche
Дека е толкав пријател на човекот, затоа излегло она.. “во куче доверба се нема”. Како некој со големо искуство со животни, и кучиња и мачки, дресирањето мачки е многу, значи мнооогу полесно. Многу повеќе разбираат и со тоа побрзо совладуваат што треба да совладаат. Тука дискусија нема. За последнава мачка што ја имам, само еднаш и посочувам кај смее, кај не, и си знае за друг пат што и е дозволено а што не. Толку е. Претходни мачки што сум имала, требало повеќе пати да им се укаже за да научат. Ама пак биле неколку пати. Куче го учиш со недели чак и месеци дур научи нешто. На страна фактот што мачките се апсолутно независни, високо интуитивни и екстремно елегантни животни. Секогаш знаат што сакаат, колку сакаат и кога го сакаат истото и секогаш захтеваат да им се овозможи. Не за џабе уште во антички Египет биле сметани за богови. Мозокот им е вечна мистерија и неисцрпен извор на драма. И да, ако нешто не сакаат да напраат, нема да го напраат макар светов се превртел наопаку. Таа нивна дива природа, протест и слободна воља секогаш импресионира. Со кучињата е многу поедноставно. Со малку храна ќе го научиш на се што сакаш. Нема сакам / не сакам.
Мачките искажуваат љубов на свој начин. Само затоа што не скока на тебе и не се лигави кога ќе си дојдеш дома не значи дека мачката е неспособна за љубов. Самиот образложи дека кучињата и мачките се многу различни животни, па нормално дека ќе искажуваат љубов на различен начин. Верувај дека мачките никогаш не би останале со сопственик што го мразат. Ако не сакаш да го сфатиш ова тоа е друга работа.
Јеп, дојди да ми ја запознаеш мачката. Малку е агресивна кон непознати ама ќе те засака. Не само љубов, абе и љубомора искажва и пријателство.