Многу често се среќаваме со овие два поими но секој во различен контекст го користи па дали се разликувааат? Јас под интелигенција подразбирам вродено IQ како логика, адаптација, креативност, способност за решавање проблеми итн. а под интелектуалец подразбирам лице кое има широки познавања и високо образование и сл. Дали сметате дека се разликуваат овие два поими или ги користите во ист контекст, дали се комплементарни или можат едно без друго?
Интересни се последните две теми на кои започна дискусија. Станува збор за два различни поими. Интелегенцијата е генетичка даденост, вроден капацитет кој секојдневно го развиваме, до одреден степен. После одредена граница не можеш понатаму. Диктира како ги правиме нештата. Како ги процесираме како појави, како регираме на нив. Не се работи само за некаков капицетет на мозокот, затоа постои и емоцијална интелигенција, бидејќи не' претставува како една целина, нашиот цел пакет. Интелект претставува потенцијалот обејктивно и логички да им пристапуваме на нештата. И до некаде одат рака под рака со интелегенцијата, максимумот кој може да го постигне единката. Туку повеќе фокусот е на функциите на мозокот. Се развива со текот на годините. П.С. Сметам дека во насловот посоодветно би било да стои сврзникот и наместо или.
Иако поимите се слични, сепак се разликуваат меѓу себе бидејќи означуваат посебни умствени карактеристики кои претставуваат една конечна рамка за свесната човечка когнација. Ако ти "знаеш" повеќе отколку што можеш да "разбереш" тогаш си поинтелектуален отколку што си интелигентен. И обратно, доколку повеќе "разбираш" отколку што можеш или сакаш да "знаеш" тогаш си поинтелигентен отколку што си интелектуален. Со други зборови, станува збор за ментална способност (интелигенција) да разбираш одреден материјал, и ментален капацитет (интелектуалност) за самиот материјал. Ова значи дека и интелигенцијата и интелектуалноста можат да бидат меѓусебно независни; Додека интелектуалноста главно се базира врз знаење, интелигенцијата го насочува секое друго ментално процесирање на информации надвор од границите на логиката и знаењето. На пример, една интелигентна личност која не е толку интелектуална може многу лесно да го разбере материјалот и суштината на еден предмет (како математика) која е принудена да го учи, а не е толку заинтересирана за самиот предмет. Во обратен случај, една интелектуална личност која не е толку интелигентна може да биде многу заинтересирана за предметот и сака да научи што е можно повеќе, меѓутоа нема способност целосно да го сфати материјалот и суштината на предметот.
Јас како што сум читала, и како што мојот психолог кажува, има 3 вида интелигенции: 1. Природна ( како се снаоѓаш и колку добро се снаоѓаш со се околу тебе). 2. Вештачка ( учењето и абсорпцијата на информации) 3. Емоционална ( како се носиш со хормонските изливи, хемиските процеси и недостатоци т.е импактот на нив врз твојата маленкост). Додека пак вели дека интелектот е недефинирана интелигенција, т.е освен тие трите интелигенции се наоколу е интелект т.е разум кој може да се класира и класира , но, човечкиот ум е безконечен.
@1992g дали оваа класификација припаѓа на одредена теорија? Додека последниот вид е сосема јасен, првите две ме асоциираат на street smarts and book smarts. Јас како што знам, не постои една универзална поделба и класификација на интелигенцијата, туку постојат повеќе теории: * Two-factory Theory of Intelligence (Spearman) * Triarchic Theory of Intelligence (Sternberg) * Theory of Multiple Intelligence (Gardner) * Primary Mental Abilities (Thurstone) Интелигенцијата инаку претставува доста комплексен поим за дефинирање, и самиот човек сеуште нема ни јасно определена дефиниција за интелигенција, меѓутоа истата може да се претпостави дека е определена мерка за способноста на еден човек да совладува одредена специфична когнитивна функција, како логичко размислување, свест за себе, и решавање на проблеми. Од друга страна, интелектот според психологијата е дефиниран како гранка на интелигенцијата, од аспект на логиката и рационалноста, каде немаме присуство на елементи од емоционална природа.
@Briar Rose , врска немам, само знам дека мојот психолог ги употребува во тој контекст цело време и така ги класира. А што е најважно, мене ми има логика.
@1992g класификацијата е сосема во ред и според мое мислење (од одреден аспект), меѓутоа главно ме интересираше дали истата припаѓа на одредена теорија од некој психолог бидејќи сеуште нема одредена официјална класификација кога станува збор за интелигенцијата и нејзините видови.
Не знам. Баш ќе ја прашам. Докторката е со две магистратури и докторат од областа на психотерапија и сигурно од ракав туку така класификации не вади.
Различни поими се во прашање значи да, можеби немаат допирни точки но и и сепак ги имаат. Образованието нема врска со интелегенција колку генијалци има што немаат довршено средно образование и колку просечно интелегентни имаат по два факултета. За да се биде остварен како човек за себе пожелно е да се има високо образование да има малку поразлични сфаќања за животот за работата за фамилијата и за се останато друго ниво е, човек што има високо образование можеби не е паметен ама сигурно не е глуп, за успешност пак друго нешто е потребно во животот. Треба од двете по малку или по многу, се е тоа индивидуално, во зависност од многу фактори, сплет на ситуации дејства и околности. А вие какви сакате да бидете?