Роден 10ти Декември, на 9ти Декември е празник Св. Ѓорѓија и на 9ти ми беше термин па си го крстивме Ѓорѓи
И јас сум родена на 2.5 во 6:20 на Велигден Кај нас е интересно шо и мм и двете деца се родени во октомври. Дури и ист термин имаа децата ама на помалово му се брзаше па се роди 2 недели пред термин.
Јас сум на 28.04 родена во 02:00ч. по полноќ, на втор ден Велигден. Требало на прв да се родам, ама на мајка ми не и се одело на пораѓај иако уште утрото и пукнал водењакот, а она бидејќи уште била мала тогаш не знаела дека е тоа, мислела дека се измочала и така на втор ден Велигден сум излегла
Големава е родена на 29 ноември, Дан републике Уште се зезаме со маж дека требаше Југослава или Лепа Брена да ја крстиме
Син ми се роди на 18.02.2018 година, лесна дата за паметење, зашто во комбинација се само четири бројчиња Се роди баш на празникот Прочка или Велики поклади.
Големата ќерка е родена на 10.11.2010,во 10:00 сабајле-природно..Се во знакот на 1..и таа година богами ми беше год.на нови почетоци, во повеќе сфери
27.03 го обожавам Март и јас сум родена во Март, празник нема а многу сакав. 27.04 е мм а март сум јас, значи пола на татко и пола на мене
16.08.2019. Се роди токму како што сакав. Нит на празник, нит на нечив друг роденден (а ги имавме еден куп во Август ) денот си е посебен нејзин и само нејзин.
Закажан царски без да помислам дека е датата кога почина прерано мојот вујко. А воедно го носи неговото име. После една недела се сетив на датата. Сосема случајно...
04.04.2019 Закажан царски рез 14.04.2014 Венчани во матично 14.04.2016 Родена мојата внука 03.04.2019 Син ми си одбра свој датум Сепак 4та е мој среќен број. Го сакам Април Едит:Последните неколку недели од бременоста 14.04 ми беше due date
А заборавив и ова јас: Синко: 12.04 Јас: 04.12 И цело време кога ке ме прашаат датум мој на раѓање размислувам некои 2мин кога ми е, исто и за неговиот кога ке ме прашаат... многу се бунам Баш во Ремедика за крвна слика кога одиме неколку пати 04.12.2015 го давам за синко.. и тие бараат ли бараат додека не се освестам дека е обратно
Св. Никола 19.12.2018  требаше на 06-07.01.19 амаа некој сакал порано женско бе нема кога треба она кога сака за малце ќе бевме сите во јануари
Првата керкичка е родена на 25.05 тогаш се носела штафетата во поранешна СФРЈ т.е го одбележување роденденот на Тито, па ми се насмеа докторот вика оваа мома ќе биде учена.. Сега е 3одд и е дете на генерацијата
Бременоста ми ја рачунаа од 17.09.2018, дознав дека сум трудна на 17.10.2018, ја родив на 17.06.2019, а јас сум родена на 17.08. 17ка е наш број