Бројот 9 ми е среќен број. Син ми е роден на 09.08.2017. А термин ми беше на 8ми. Ќе почнам од почеток Со мм започнавме врска 01.01.2009 година. Прстен ми даде на 09.08.2015. (На иста дата се роди и синко) Веридба правевме на 20.09.2015 Започнавме нов живот од нула на 19.12.2015. Син ми се роди на 09.08.2017 Свадба и крштевка правевме 09.06.2018. Во мојата дата на раѓање исто има 9ка и кај мм исто има. Сменивме неколку коли и на секоја регистрација ја има 9ката. Нема кај ја нема
Немам деца ама јас сум родена на 20/04 односно 420 во 4:20, денот на марихуаната, интересно е што името напишано на латински ми звучи како марихуана. Сега тука сите ме викаат Мери Џејн, а кога им кажав кога сум родена заклучија дека дефинитивно моите биле стонерс на времето. Мене среќен број ми е очигледно 2 и 4 зошто сите битни моменти од животот ми се десиле на дата со овие броеви.
11.05 Бoб Мaрли Деј. А штo е пoинтереснo сaкaв вo непaрен чaс дa се пoрoдaм и излезе се непaрнo 11.05.2019 19:35
На 25.12 започнавме врска (6дена пред нг) На 06.01 ме запроси (6дена после нг) На 16.02 свадба На 19.08 се роди синко На 17.01 мој роденден На 11.07 роденден на мм (Вкупен збир 9)
14.01. По нов календар Св.Василије, по стар Св.Нина. Уште во 12та недела од бременост дознавме дека е женско, тати си ја крсти Нина без да ме праша хаха. Почнавме така да ја викаме уште во мешко и секако се решивме за тоа име, не ни знаевме дека уствари на 14.01 по стар календар е св.Нина, случајно го видовме после недела дена од кога се роди.
На мене термин ми беше на 16.10. Подрани синко. Имам другарка родена на 02.02. Школски на сестра ми е роден на 03.03.
Mojot prv sin e roden na 27.11.2009. Terminot mi bese 08.12.2009(po kalendar sv. Filip, no ne se vika taka iako mm vikase ako imame 2 masko ke bide Filip za prvoto sakase dr ime).svekor mi si ja zel svekrva mi na toj datum. Vtoroto -kerka mi e rodena na 06.01. ( Badnik i macenica Evgenija),i ona si imase ime moeto omileno zensko i nekako i se poklopi so vremeto i denot na raganjeto,koga i da se rodese isto ke se vikase. Tretoto-4 i pol meseci e rodeno na 20.01.2020-si stavi sama ime,zasto se nategavme dolgo do posleden moment vo bolnica i ona se rodi vo 00 53 minuti, ime si dade sama.( a terminot mi bese na 27,pa sepak pobedi zelbata na mm toj navivase za na 20 da se rodi.). Imeno na 20.01. Pocinal na mm cicko-brat na tatko mu mn mlad vo soobrakajka,pa eve 31godina podocna se rodi nov zivot na toj datum. Site mi se na praznik i na ubavi denovi,neka imaat sreka samo.
Уште кога бев бремена кога дознавме дека е женско со мм сакавме Илина да се вика. Терминот ми беше на 29.07 но бебе чекаше 02.08 за да си го носи името по празник Илина
После 10 дена врска те запроси ? Или јас сум грешка Ако е така, што му направи бе девојче за 10 дена ти хаха го имаш збудалено скроз
Кога одев на првите контроли на гинеколог, ми го посочи можниот термин на пораѓање. Тоа беше 22.03.2020. Ау супер си помислив на Младенци. Секако дека знаев дека мали се шансите да се роди на термин, ама бев "решена" да си го чувам подолго во меше. Едно време туку ми текна, дури бев кај д-рот, да видам дали во месец март има 13ти датум во петок. Гледам има . Уф си реков ај сигурно нема да се погоди тогаш. Како ближеше денот се чував, лежев, полека сѐ правев, и сѐ се чинеше дека ќе го одминеме тој датум, кога вечерта во четврток на 12ти многу големи болки ме стегнаа, пали кола, не ме интересира ни датум ни ништо и во болница! На полноќ се возевме до Битола, ко по филмовите се осетив хахаха и сѐ супер бидна. И ете син ми се роди на 13ти во петок утрината со сонце, во 8 и 8 минути. Тоа велиме дома, како не почека бар да премине полноќ да дојде денот... Туку само што почна да ближи 12 по полноќ и болки ме фатија, да не задоцни, денот да не замине Сега си велам, какво бебе имам! Што ако е роден тој ден, можда к'сметлија ќе е. Јас велам против малери се роди дента.
името Андреа ми беше избрано од пред 11 год кога се роди првата керка , за неа се мислевме за две имиња многу и го одбравме едното па реков следно бебе женско ќе се вика Андреа , се породив на 10.12 , спонтано и без да знам ниту на крај на памет два дена по пораѓај кога не пуштија дома ми стигаат од сабајле честитки за името на бебето од 300 луѓе , кога една пријателка ми праќа именден и било на бебка (случајно непланирано )