Здраво членови на омилениот форум! Ја отворив темава за да можеме да споделиме апликации кои ги имате, или знаете дека се интересни од различни области. Значи, не само апликации за обработки на слики, туку апликации за читање, за пишување, за пребарување слики, апликации поврзани со фитнес, апликации за храна.. мислам дека ме сфаќате. Знам дека има тема за апликации за уредување на слики, но мислам дека една ваква тема е добредојдена на форумов. (значи не Инстаграм, Facebook, Viber..) туку останати кои ви се допаднале или сметате дека треба да ги споделите со другите. Јас можам слободно да кажам дека сум опседната со апликации на телефонов и постојано барам нешто ново и интересно. Има некои кои навистина се многу корисни во секојдневието. Ќе почнам прва јас. Booster Buddy Случајно ја најдов апликацијава, која е поврзана со менталното здравје. На почетокот одговарате на неколку кратки прашања за од прилика да се склопат работите, и понатаму, можете секој ден да се најавувате, да одговарате како сте, како ви поминал денот, и за мене најинтересното, можете да читате преубави текстови за како да се чувстувате подобро, доколку сте згрешила некаде. Текстовите не се во фазон прави ова, прави она, туку едноставно кратки текстчиња кои верувам ќе ви се допаднат. Highlight Cover Maker Сите кои имаме инстаграм ставаме сториња во highlights. Имате забележано некои девојки со навистина интересни кавер слики на highlights? Еве ја апликацијата. Си бирате слика, иконка, боја, форма, фонт.. што ви душа сака. Препуштете и се на фантазијата и имајте ги најубавите кавери. Life Hacks - Tips and Tricks Оваа апликација е пооооолна со трикчиња кои навистина се корисни, од тоа како нешто да поправите, направите, смените и така натаму. Ептен е useful. Има безброј трикчиња и можете да си ги ставите во фејв. Remindo - Event Reminder Тука внесувате важни настани од блиската иднина, роденден, концерт, испит, испаѓање, што и да е, и апликацијата одбројува колку време има до тогаш и ве потсетува да не заборавите. DO! Simple To Do App Оваа ми е најдобра, посебно кога имам многу работи за правење. Внесувате еден куп обврски таму и ги штиклирате откако ќе ги направите. НО, супер е тоа што се додека не ги направите на неа стои црвена иконка која боде во очи и ако сте како мене, многу ќе ве нервира и тоа е тоа што ме мотивира побрзо да ги завршам работите. Одлична апликација, мислам дека има и reminder. Ова е од мене сега за сега, имам уште милииииииооооооооон апликации, но би сакала да видам што имате вие, можеби на некого баш тоа му треба.
Откога земав телефон со 128 gb, поврзана сум со него ко со папучна врвка бидејќи можам колку сакам апликации да симнам и користам. A blessing and a curse. Нејсе, ќе ги кажам прво најбитните 4 апликации што ми се, буквално денот го започнувам со нив. 1. "Insight Timer" Оваа апликација ја користам за медитирање, а понекогаш и слушам медитативна музика или подкаст посветен на медитација, психологија, стрес, анкиозност и тн. Кога почнав да медитирам, почнав со "Headspace", па ја препорачувам за сите почетници бидејќи има одличнен basic курс од 10 дена кој ќе ве научи како да почнете. Потоа преминав на "Simple Habit" каде што исто така има добри неделни курсови, но во "IT" најдов се' што ми треба, разни гајдови, курсови, talks, музики, има одличен микс за создавање амбиент, има одличен тракер за прогрес. Ептен добра апликација е! 2. "Daybook" Оваа апликација ми е дневник. Откако наутро ќе завршам со медитирање, пишувам. Разни работи, како се осеќам, што мислам, што планирам да правам во текот на денот, итн. Во текот на денот нонстоп допишувам по нешто, ми служи за филтрирање на секојдневието. 3. "Questions Diary" Апликацијава е нешто помеѓу дневник и терапија. Секој ден имаш по 1 прашање (мислам дека можеш и повеќе да одговориш, но ми нема смисла така), го читаш и почнуваш да пишуваш што сакаш, колку сакаш. Се' што ќе те мотивира прашањето да одговориш. Поентата е да одговараш секој ден 365 дена и кога ќе завршиш година, ти ги повторува истите прашања и можеш да рефлектираш каде си сега наспроти минатата година и да видиш дали има разлика, прогрес, промена, итн. Многу убава апликација, поттикнува да размислиш што сакаш, тера да согледаш што мислиш и чувствувуваш и да се соочиш сам со себе. 4. "Podcasts" Ова е апликацијата на google за слушање на подкастови. Одлична е бидејќи можеш да ги најдеш сите и најважно од се', можеш да download-ираш подкастови и да ги слушаш кога сакаш без пристап на нет. Ја користам најмногу кога пешачам или кога користам јавен превоз. ОД ЛИЧ НА! Најомилени подкастови ми се: "The Joe Rogan Experience", "Ear Biscuits", "Buddhist Boot Camp" и "7 Good Minutes". Овие 4 апликации ми стојат на главната страна од телефонот за да не користам многу Инстаграм и други срања. Буквално повеќе од 2 месеца секое утро првите 30 минути ги користам на првите 3 апликации, па ја пуштам четвртата и цртам на Ai. Други апликации кои секој ден ги користам се: 1. "WriterP" Оваа е нешто како класичниот notes или Evernote, служи за да пишуваш работи и ми се допаѓа бидејќи има минималистички интерфејс, можеш да создаваш фолдери и секако класични "страни". Во оваа апликација имам повеќе катергории односно фолдери, или поконкретно си пишувам книга, убаво стокмена и организирана. Водам сметка за физичката активност за полесно да пратам што правам. Водам сметка за ПМС. И праам "to-do" листи ако ми се потребни. 2. "MyFitnessPal" Не за џабе е најпопуларна за исхрана. Ја користам да знам што и колку јадам, пратам внес на калории, протеини, јх, масти. Учам што има у која храна со самиот внес. Најдоброто е што има опција за скенирање на производите, така да многу е лесна за користење. Исто така, одлично е што се конектира со други апликации, разни за вежбање. Така да, автоматски ти се додаваат вежбите и потрошените калории што калкулаторот за внес на калории автоматски сам се подесува зависно од физичките активности. 3. и 4. "Endomondo" и "MapMyWalk" Овие апликации се за пратење на физичка активност. Ги користам кога пешачам или за планинарење. Исто ја користам Ендомондо и за circuit training кога вежбам дома со тегчиња, ама немам smart тракер за конектирање, така да не знам колку е реалистично пратењето. Во секој случај, во најмала рака пратат направени чекори, дистанца, брзина итн. И се поврзуваат со "MyFitnessPal". 5. "AnyBooks" Оваа апликација ја користам за читање на книги. Убавината е што можеш бесплатно да симнеш колку сакаш (ваљда има некаков лимит, ама никогаш нема да го достигнеш) книги и да ги читаш без пристап до нет. Исто така, кога читаш и потоа ја гасиш апликацијата, останува на таа страна каде што си стигнал. Одлична е, поготово ако имаш поголем екран или таблет. 6. "Lightroom" 90% од времето кога треба да едитирам фотографија, тоа го правам преку оваа апликација. Едноставна е за користење, има многу бесплатни алатки, совршена ми е за едит. Други апликации кои користам: Музика: "SoundCloud" (иако во последно време поредно, бидејќи сум опседната со Podcasts), "TuneFM" (оваа најмногу кога читам книга, има топ избор за разни радија, ама потребен е нет) и секако "YouTube" и "Shazam". Фотографија: покрај "Lightroom" повремено користам и "Vsco" (ако сакам филтер да додадам), "Snapseed" (најмногу поради бесплатната алатка за перпектива), "No Crop" (обвиусли за да не кропирам фотка) и многу ретко "PicsArt" (за колаж). Расположение: "Atmosphere" (за комбинирање на звуци и правење одреден амбиент, понекогаш за кога читам книга, понекогаш за медитирање; одлична апп, опциите се совршени) и "Relax Rain" (за слушање на 37 видови на дожд, не е потребен нет). Социјални мрежи: освен Инстаграм, користам и "Tumblr" каде што имам блогче (понекогаш уживам у гледање разни фотографии, ме инспирираат на разни начини) и "WordPress" каде што исто така имам блогче (и давам препораки за што да гледаш, што да слушаш и што да читаш, помеѓу останатите работи). Занимација: "Sudoku" (секој ден решавам по некое и одлично е за у моменти кога нешто чекаш на пример, па да утепаш време), "Word of the Day" (секој ден дава по 1 збор, покажува како се изговара и објаснува што значи, односно ова е речник) и "Art & Culture" (одлична апликација за читање разни артикли поврзани со уметност низ цел свет, гледање дела, пратење вести околу уметноста и културата, многу многу добра апп). Тоа од прилика.
Ќе сакаш ли во порака да ми го пуштиш линкчето од блогчето? Обожавам такви блогови на кои има нови работи, кои ќе ми се интересни во наредниот период. Од социјални мрежи користам Инстаграм, и све она што оди за типични социјални мрежи, но најмногу го користам Pinterest, од таму црпам инспирација за буквално се во животот - од декорација дома, до украсување подароци, подароци општо, шминка, гардероба, филмови, баш се. За уредување фотографии користам над 10 апликации и тоа најчесто PicsArt (најголем избор на ефекти и било какви додатоци, прекрасни фотографии излегуваат, но треба да се извежба), Snapseed (најчесто за природа и пејсажи, најреално ги доловува работите на сликата), Darkroom (најубави ефекти за мене), VSCO (постојано со free trial ја користам, најчесто А5), Nichi (има преубави templates за инста сториња), Pixaloop (за оживување работи), Lightroom (ова кога не знам што да правам со некоја слика), останатите се апликации за templates за сториња. А за занимација, па што не. Колку игри имам - сфатив дека ми е многу досадно. 1010! (нешто како тетрис) Design Home (уредување соби во куќи и цели куќи, ја играм над 2 години) Angry Birds 2 Cooking Diary Dunk Shot Quiz Up (оваа е многу интересна, заради тоа што има прашања од различни теми и многу филмови и серии) 90 (се бараат броеви постојано, ова за меморија го користам) Crazy Plus (различни игри во една сите со математика поврзани)[/QUOTE]
Ја спуштив како помагало за да го намалам прокрастинирањето преку седењето на телефон - функционира така што не ти дозволува да користиш други апликации на одредено време со цел да се фокусираш на задачата што си ја задал себеси (учење, работа, домашни обврски, било што сакаш). Знам дека има доста вакви апликации, но она што ме задржа е тоа што по секое истекување на времето си засадуваш по едно дрвце и собираш парички со кои потоа можеш да купуваш други видови на дрвца или звуци за во позадина додека работиш (пример: морски бранови, дожд итн). Исто така, со паричките можеш да засадиш до 5 вистински дрвја (ограничено е затоа што дрвјата се донираат од фирмата и не би било профитабилно ако секој корисник сака да засадува неограничен број на дрвја). Еве како изгледаше мојот ден: Дрвцата се распоредени произволно и им се менува распоредот со секое дополнително дрвце. Исто така, подолу има пита дијаграм каде има увид колкав процент од времето си потрошил за секоја активност.
Барав апликација која ќе ми помогне да водам евиденција за потрошени пари, но која ќе ми е доволно интересна да сакам да ја користам затоа што инаку ми станува досадно и престанувам да користам. Од тие најпопуларните што ги видов, сите ми изгледаа еднолично и ептен „канцелариски" и само една ми падна в очи: Да не ставам слики тука, на Playstore е убаво и детално е претставено низ слики како изгледа апликацијата. Има голем избор на бои за позадината, не мора да е розева како на сликите. Многу ми се допаѓаат анимациите, можноста за персонализација, т.е. можеш да менуваш многу подесувања, можноста сѐ да категоризираш според трошок (храна, сметки, убавина, домашни миленици, патување итн), а можеш дури и да си додадеш категорија (и да си одбереш анимација за неа). Има и пита дијаграм каде покажува колку проценти си потрошил и за која категорија. Дури и во валути го има денарот, иако кратенката му е din, наместо den (треба да коригираат). Оваа апликација ја открив сосема случајно, при потрага на интересни апликации и решив да ја инсталирам затоа што имаше предобри рецензии: Суштината на апликацијата се гледа уште во насловот: споделување клучни поенти од статии и книги од области кои сакаш (одбираш што сакаш при пријавување). Самата апликација ти нуди луѓе кои можеш да ги следиш и да ги читаш нивните клучни поенти, а се гледа и изворот (веб страна или книга) од каде се извадени. Можеш и да зачуваш вакви постови, т.е. најчесто ланец од постови (без да мора да ја следиш личноста). Се разбира, можеш и ти да споделуваш. Еве еден ланец од постови како пример: Спојлер Знам дека некој можеби ова го гледа како дополнително отупување на луѓето (зошто да не ја прочитаат целата статија/книга?), ама јас го гледам како побрз начин да дознаеш главни поенти од одредени области кои ќе ти покажат дали вакво нешто би ти било интересно да го истражиш дополнително. Плус, добиваш нови извори за читање (веб страни) или идеи за книги.
Налетав на една солидна апликација за mindfulness, се вика Evolve - Self care & meditation. Во принцип, ти дава пар работи да напраиш во текот на денот: да медитираш, breath work да извежбаш, да пишеш во дневник, да рефлектираш, да се релаксираш. Daily motivation се пораки и изгледаат како сториња, си ги листаш едно по едно. Daily breath work кога ќе завршиш Ти дава today's reward во форма на гребка со порака: Има 3 афирмации на пр.: Today's self- reflection се состои 3 прашања и 3 рефлексии, ко на пр.: После ме чекаат welness tip и медитација, па рефлексија на благодарност и аудио за релаксација пред спиење. Денес почнав да ја користам, баш ме интересира што сè има да понуди понатаму.