Ве молам пишете ако некој има некоја идеја за интересни рачно направени Новогодишни украси, бидејќи многу сакам сама да си направам нешто убаво за Нова година. Благодарам.
Од пред некој ден гледав некои божиќни филмови и ме фати така предмновогодишна еуфорија Само да додадам дека едвааај чекам да си ја китам елката и да си ставам новогодишна позадна на пц, и да си ставам таква мелодија на телефон уффф
Нема да праќам слики,пред неколку дена не се сеќавам,мислам дека беше во некое списание видов имаше некој прилог за Нова Година и еден "украс" ми остана во очи. Од еден портокал внимателно се прави отвор(да не биде кој знае колкав) и се чисти внатрешноста.Потоа нормално внимателно ќе се измие и избрише без да се оштети,се прават помали отвори и се става свеќичка внатре.Чудно но изгледаше прекрасно а башка гратис добивате и арома на портокал во просторијата. Обавезно пробувам,да видам баш што ќе излезе
лесно се прави синџирчето, само не сум пробала тие срцињата .. ти треба само колаж и ножички еве рачно изработено, а лесно еве портокал, како горе наведениот
Леле луѓе ме потсетивте дека за помалку од 2 месеци е Нова година... ПАК!!! А за украси новогодишен панаѓур е рај. нема што нема
Изборот на новогодишни украси ептен ми го прави ќефот.Може со часови да гледам и да се восхитувам на украсите.Потребно ми е време додека изберам,сакам да поклонувам новогодишни украси на најблиските и ги избирам со најголемо внимание.
Темава е за тоа како рачно да се направат некои новогодишни украси,ако некој сака да си купи лампиони нема да ги бара претходно на слика, па така мислам дека нема потреба да трупате непотребни слики само за да имате поголем број мислења, туку ставете некоја слика што стварно може да послужи да си направиме некој украс сами, или објаснете како. Еве една идеја од мене... Ако некаде во природа наидете на дрво со шишарки соберете неколку Спојлер Дома сигурно имате од оние потенки срми во различни бои што се ставаат на секоја елка Спојлер како ова златново . Исечете некои 20 см и обвиткајте ја шишарката, протнувајки ја срмата измеѓу дрвените краци. На крајот залепете светки, а на врвот врзете конец и добивате прекрасен лампион рачно изработен!
^^ Хах... ајде ако коментарот ти беше за мене ( пошо и јас имам ставено слика со лампиони ) да појаснам... на последната слика *со лампионите* се гледа дека не се обични лампиони за на елка , туку дека висат како на кончиња нанижани со бисерчиња, баш ми се виде како интересна идеа, што може рачно да се направи Спојлер (и да служи како украс - а не само лампион како лампион за на елка), па ја ставив сликата
Ја најдов сликата случајно на интернет навистина прекрасна идеја за декорација на новогодишната трпеза.