За да не ја препраќам истата порака, ќе пишам во темава за мојата тегла со снешко Синоќа ја правев, до душа не е уште готова. Сијаличките ги ставив само за да видам како отприлика ќе изгледа. Во план ми е да купам други сијалички, лед диоди што не загреваат, да не направам некоја беља дома Капачето го пробушив, низ него ќе го извадам кабелот, а врз капачето ќе ставам црвено парче платно што ќе го фатам со златна машна. Целиот цртеж е направен со лак за нокти (патем се отрув од мирисот), освен рацете на снешкото кои ги нацртав со маркер. Еве како изгледа без сијалички. Мислам дека не испадна лошо, со оглед на тоа какви очекувања имав. Кога зашлапав со лакот, си викам леле ова којзнае што ќе испадне... Ама мене баш ми е симпатично Со сијалички цртежот нормално дека изгледа поинаку, бидејќи не е секаде со подеднаков слој лак, па светлината е различна. Освен тоа и каблите од сијаличките малку пречат. Ако не ви се допаѓа така, внатре наместо сијалички може да ставите бели камчиња до нивото на снегот, а врз нив една свеќа.
Гледам доста убави украси во стилот DIY па да ве прашам новогодишните украси сами ги правите или купувате?