Јас многу сакам украси сама да изработувам,имам идеи.Кажи што те интересира и ке ти помогнам,дали венчиња,свекници, лампиони.
За изработка на ова венче потребни се: совитлива жица со средна дебелина, коноп, зимзелени гранчиња, неколку помали шишарки, црвени и златни лампиони, црвена машна и лепак. Жицата свиткајте ја во форма на правилен круг со помош на клешти, а свежите зимзелени гранчиња (потребно е да бидат свежи и долги за да полесно се свиткуваат) исплетете ги во круг околу свитканата жица и прицврстете ги со коноп. Со супер-лепак на самото гранче залепете неколку шишарки (тие треба претходно да бидат исушени за да бидат лесни), потоа заврзете ги лампионите и на крај, заврзете ја или залепете ја пеперутка-машната. Доколку машната е поголема и потешка, прободете ја со игла и конец, како да шиете, а потоа цврсто заврзете ја за новогодишното венче. Кога венчето ќе биде готово, може да го закачите на врата или на ѕид. Спојлер За изработка на венец со сијалички, потребна е свиткана жица (како и кај претходниот пример), гранчиња на зимзелено дрво, а може и да послужат гранчиња од вештачка елка која веќе не ја употребувате. Обвиткајте ги околу жиците завиткани во круг, прицврстите ги со коноп, а потоа обвиткајте го низот од сијалички. Ова венче подобро е да се закачи на ѕид (близу до електричен приклучок) за да може да се приклучат сијаличките и да се создаде целосен амбиент. Спојлер
Денес ги прегледував лампионите од лани.Мојата елка е накитена во плави и розови лампиони,но денес со мали пари ги направив розовите сребрени.купив алуминска фолија и сите розови ги направив сребрени.Од фолјиата направив и ланец сребрен.За ефтини паринови лампиони и нов изглед на елката
^баш сега го најдела мајка ми во една кутија кај што чуваме украсни кеси.. ептен е убаво и многу лесно се прави..
Oва јас што го постирав? Ако е тоа кажи ми го рецептот за правење, го немаше на страницата а баш ми е интересно
Еве како да направите новогодишни украсни колачиња. Потребен материјал за овие предмети е: -Fimo маса (или друга смеса што можете да ја печете) во бела и кафеава боја, -калапи со различни форми, -подлога на којашто ќе ја измазните смесата, -некој предмет со којшто ќе ја мазните смесата. Спојлер Кафеавата смеса измазнете ја добро за да добие дебелина од 3мм. Спојлер Со калапите направете форми што најмногу ги сакате, а со белата смеса правете го украсувањето на слатките, и тоа во форма на точки, снегулки или сè што мислите дека ќе биде интересно. Спојлер Можете да изберете и друга боја за декорација од којашто би можеле да формирате ситни топчиња или коцки. Спојлер На секој украс направете мал отвор за подоцна да можете да ставите лента и да го обесете. Готовите украси ставете ги во рерна да се печат (онака како што Ви пишува на упатството). Спојлер Кога ќе ги извадете, почекајте да се изладат, а потоа тие се подготвени за декорирање. Ваквите уникатни украси можете да ги ставите на Вашата елка , прозорците, вратите, лустерите... но, можете да ги претворите и во оригинален накит. Спојлер
Една интерсена идеја. Прегорените сијалици можете да ги офарбате како сакате и од нив да направите убави лампиони:
Еве како да направите украси од домашно тесто. Украсите можете да ги направите за Божиќ или, пак, за Нова година, а за нив потребно Ви е следново: -2 чаши брашно, -2 лажички сол, -1 чаша вода, - органска боја, - валјак, -калапи за форми, -густа бела боја за декорација Најпрвин ги мешате брашното, солта и водата убаво и го месите тестото сẻ додека не стане еластично. Спојлер Тестото го делите на онолку парчиња колку што планирате да искористите од различните бои. Турете неколку капки од бојата врз тестот и месете го повторно. Спојлер Потоа, со валјакот, убаво израмнете го тестото и со калапите извадете најразлични форми (ѕвезди, срциња, кругови, ромбови и сл.). Спојлер На секое парче на врвот ставете му мал отвор и ставете ги во рерна да се сушат на 120 степени целзиусови сẻ додека не станат тврди. Спојлер По овој процес тие се подготвени за декорирање. Со белата боја направете најразлични декорации. Спојлер Ставете им низ отворите по една украсна лента и можете да ги користите за декорирње. Спојлер Украсите можете да ги ставите онаму каде што сакате: на столна ламба, на букетот со цвеќе, на елката и тн. Гледате дека тоа е лесно, брзо и што е најажно ништо не треба да купувате! Спојлер
Еве конечно најдов упатство за изработка на овој преубав украс. Па повелете линкче http://www.coolinarika.com/recept/jedno ... od-papira/ Се надевам ќе ни испадне како што треба
мајка ми купи еден новогодишен свеќерник, ама гледам дека може да се направи и дома сличен, на пример вака: земете еден картон и со шестар направете круг на него(големината ќе ја направите во зависност за каква свеќа сакате да биди-од оние ниски и широки, или тесни и високи, за високите доколку немате подлога можете да искористите капаче од сок, а за широките претпоставувам дека имате од оние стаклените што се за свеќи како чашки за ракија, па всушнист доколку имате некое постаро чаше за ракија, од оние поширочките искористете го) картонот треба да биди доста поширок од чашето или капачето, за да имате место за шишарките и подарочињата...и веќе си кажав-наредно нешто што ви е потребно се шишарки(по можност малечки и можете и да си ги набоите со лак на пример во некоја сребрена или златна боја-во зависност од бојата на подарочињата, ама и да ги оставите такви не е лошо), потоа ако имате широк стиропор направете коцкички од него(на пример 3), а доколку немате направете обични мали коцкички од картон(знаете цртате 5 квадрати во вид на плус, и додавате уште еден од рандом страна и се разбира на краевите продолжувате малку за лепилото каде што ќе го лепите), потоа ги завиткувате подарочињата со украсна хартија(би препорачала во златна, сребрена или црвена боја-тие најмногу асоцираат на нова година), и со некој светлив конец(како оној на лампионите, ама може и некој обичен) правите панделки на подарочињата, и на крај си земате гранчиња од елка(природна или од некоја стара вештачка скршете), и следи редење: на кругот од картон точно во центарот прво ја ставате подлогата за свеќата т.е. чашето/капачето, а потоа нaизменично ги редите и со лепак ги зацврстувате шишарките и подарочињата, а помеѓу нив ставете гранчиња од елка и ќе си добиете убав и интересен новогодишен свеќарник *инаку наместо шишарки и подарочиња може да си искористите нешто друго, по ваша желба, па и така може ќе излезе нешто интересно, ама и да не излезе сигурно ќе се развие и зголеми празничната еуфорија во вас
Денес си планирав да направам некое убаво венче или свеќарник, но снегот ми ги измени плановите бидејќи тука блиску каде што живеам има секакви растенија, шишарки, елки. Ќе мора да почекам, барем малку да се стопи снегот
Сега за некој ден мајка ми ќе си се фати за работа Многу сака да изработува домашни укравчиња, букетчиња, венчиња... и се да биде во склопот на празниците. Понекогаш дури и се чудам како има толку нерви, ама желбата и таленотот пред се. Браво за мама Нешто слично како овие (дури и поубави )