Ајде феминки, пренесете дел од вашето романтично/адреналинско искуство при состанок и воедно препорачајте добри места за излегување со вашиот дејт. Ме интересираат не толку обични места, некаде каде што можете да си поминете супер забавно и необично( во стилот да не е традиционалното: било кој кафич и пиење кафе ). Јас би ја препорачала есенската атмосфера во Излет, Bo bowling, параглајдерски дејт доколку и двајцата сте адреналински зависници... Тоа е нешто што ми останало у сеќавање, доколку се сетам ќе надополнам
И јас ова го прашував еднаш и другарка ми ми го прати линков http://sarma.mk/meni/24075/kade-da-go-o ... ot-dechko/ И јас од сите го одбрав третото, оти имав можност за таа локација. Од мене, совет, ако решите и вие како мене, земете си ќебе што топли. Ние на крај измрзнавме и си отидовме оти ни студеше. Романтики нула. Идејата топ, ама гледајте да биде времето погодено, иначе нула. Исто еднаш отидовме на Видиковец и идејата ми беше пица и вино, земав се, ставив у багажник и запнав да вози до тоаму на зајдисонце...отидовме, извадив јас од багажник се што носев (земав убави чаши, среќа ги ставив у весник и не се искршија) и си седнавме да гледаме зајдисонце, и јас мислев дека сескачите идат кога ќе се стемни...Тамам седнавме на ѕидчето, дојдоа едни постари, си почнаа работа, и ми беше страшно глупо...и си отидовме. Инаку дечко ми ја бендиса идејата, ама тие старите еба*и не зезнаа. така што , може и така, надежно, некоја да не ви станка на глава. Ако ми текне упте некоја, ке ви пишам
Хммм... зависно од карактерот на дечкото. Момакот не ми беше дечко ама добар пријател... Бевме во ист хотел на одмор. Хотелот имаше базен кој беше отворен само до 7 часот навечер. Уште пред да падне договорот за тоа каде ќе биде нашиот прв состанок... како и секогаш ми падна на ум една брилијантна идеа! Се договоривме за состанок на хотелската тераса, ама се тоа ми беше клише, па одлучив да направам нешто од моја страна. Бевме на терасата и ме прашуваше какви машки ми се допаѓаат. Се насмевнав, му реков ХРАБРИ и се упатив кон задната врата од базенот, а тој со отворена уста ги следеше моите движења. Како се прикрадувам до канцеларијата на чуварот, како од закачалка го вадам клучот од задната врата на базенот и на крај, како влегуваме... Беше во ШОК а тоа беше и мојата цел. Го одушевив Му реков: „Ако си храбар фрли се во базен“. Ми рече дека до храбра девојка како мене, гордо би стоел па каков и да е. Не само што се фрли со се облека, туку ме џитна и мене во таа студена вода... А тоа не беше нешто што планирав да го направам.. Сакав само да го исплашам, не планирав да наидам на еднаква храброст. Косата само што испеглана, шминката ми се разли на сите страни... ама вредеше Палавштини... Од базенот излеговме пред изгрејсонце...
Еве уште нешто шо ми фати око за добри места по Скопјево http://sarma.mk/meni/22144/7-dobri-idei ... vo-skopje/
Не ми е за состанок но имам другар (странец) кој сака да го прошетам низ Скопје, а ни јас не го знам баш најдобро. Дајте некои идеи каде би можеле да прошетаме 2-3 часа и да јадеме или да седнеме на кафе, секако милам дека и веќе има доаѓано во Скопје па не би му било интересно плоштадот, стара чаршија итн.
Vidi restoranite Kaj gradskiot trgovski centar imas soul kitchen bar dobro mesto e.carpe diem isto vo toj red do vardar ti se ovie 2 ti gi preporacuvam.a za prosetka mozes na Kale.starata skopska carsija mozes ako ste so kola I na vodno na vidikovec
Не најдов некоја адекватна тема па ај тука. Дајте предлог места у Скопје (кафич/паб) за прв дејт каде што нема гласна музика и можеш да си напраиш муабет на раат
Лубовна куќичка карши Авијатор во Аеродром. Веднаш до раскрсницата. Штета што не сум вегетаријанец инаку има доста добар избор за вегетаријанци, пијалоци, храна и разни благи работи. Се изненадив и самиот јас од атмосферата и менито. Морав да пробам цеден сок во пластична чаша и нивните веге бургери. Патем тивко место за заљубени гулапчиња или парови. Јас сум исклучок тука. Само на минување Патем ако го читаат тамошните вработени овој коментар, би му напоменал да ставаат пинче на гугл мапс и да наведаат точната локација. Бидеќи по случајност го открив.
Speakeasy во Скопје. Сериозно добри коктели и многу пријатна и интимна атмосфера да може човек муабет да си направи. Топла препорака за дејт.
За прошетка однеси го на Водно, Матка, градски Парк, зоолошка. За ручек кафана (никогаш нема да згрешиш,а особено во Барик), Енрико, Матто Наполитано за италијанска храна, Пелистер. За денско кафе Кино Карпош, The Dude, Круг. За пијачка Синдикат, Радио Бар, пак Кино Карпош, Каза.
Јас искрено радо би постари луѓе да имам околу мене него дечурлана да ги слушам како гракаат. Плус постарите повеќе се забављаат.