Немам домашно милениче ама порано со бившиот чувавме чинчила. Не знам дали имате искуство со животинчево, многу е мило, меко да не правам муабет но специфично. Ретко ти дозволува да ја галиш, се мие односно бања во песок - ова ни беше најинтересниот дел, и кога ја пуштавме од кафез, обично го правевме тоа во претсобје кое беше поголемо, тргавме се што можеше да се скрши, ги затваравме вратите и ја пуштавме да се изнатрча. Чинчилите се многу интересни. Прво пет минути го проверуваат секое ќоше, се вртат во круг едно десетина пати за да ја научат просторијата и потоа со невидена брзина трчаат во круг, рипаат и до висина од метар, ма Спиди Гонзалес - сериозно. И вие само седите во средина и сфаќате колку не можете да ги пратите. И една од омилените активности на чинчилава беше - гледање телевизија Пуштено МТВ или VH1, не се сеќавам, и кога гледам иде спотот на 50 Cent каде што е облечен во крзно од чинчили Чинчилава качена на нозе и со една рака потпрена на кафез гледа ли гледа, и само што свикав на зафрканција - душо не гледај, таму ти се сите умрени браќа и сестри, си ги покри очите со другото раче и се свитка надолу за да не гледа Немам појма дали сконтала дека тоа на ТВ изгледа како грди движечки гробишта на сите нејзини другарчиња, ама да имав камера ќе го снимав моментот дефинитивно Тетка ми пак има црн лабрадор кој јас го обожавам. Помило куче нема на планетава. Само ми е криво што сите од домашните постојано викаат по него Најинтересно ми е во двор кога седиме - а тој сака да си игра со сите нас и да се мази, тетка ми или тетин ми правилно му свикуваат да си оди во куќарчето, и Дино, итар ко што е, оди секогаш позади мене затоа што знае дека јас единствена не му се дерам и со едно окце следи демек дали го гледаат дека се крие А огромен е - лабрадор е, јасно ви е. Интересни ми се кучињата дефинитивно. Поготово кога ќе направат некој апла човечки израз на лицето
Чувавме порано еден мачор кој не се плашеше од никој освен од татко ми. Секогаш кога татко ми ќе свкаше по него,овој легнуваше на местото каде што беше, затвараше очи и се правеше мртов. Колку пати така намерно ќе му кажевме на татко ми да свика по мачорот, и овој сирот ќе се здрви на самото место и ќе се прави мртов, а ние со брат ми ќе го подмрднувавме со нога, ќе го влечевме за нозе, мачоров абер нема не мрда Ама изгледа го замрази мачоров татко ми зашто така го плашеше, па почна да му се одмаздува Му се мочаше во неговите папучи за по дома, ама САМО во неговите, и еднаш кога беше искаран го посматравме отиде и се измоча врз алиштата од татко ми..Реши мачорот да возврати удар.
Кога го прочитав насловот веднаш се сетив на моментот кога зајчето ми падна во веце шољата Ова се случи многу одамна но доста добро ја пеметам случката.Во тој момент сите спобудаливме и уште паметам како мама се стрча за да го вади зајчето од шољата Битно зајчето преживеа и по таа случка татко ми го пушти во планина Случката е повеке трагична отколку интересна но јас секогаш се смејам кога ке се сетам
Сум имала еден куп интересни моменти со моите миленици али еве неколку ќе издвојам. Кога си ја земав Луна (Пудлата) беше само 42 дена стара, и нормално несмеев да ја шетам додека не се вакцинира, али јас пуста желба како може да не го шетам тоа слатко кукличе И бидејќи беше премалечка сеуште неможеше добро да се адаптира на околината надвор, и така си одеше пред мене нешто задушкана и кога трас наеднаш се мавна во еден стуб пред неа, ама така јако се мавна И најјакиот момент беше што воопшто ниту зацивка, ништо, си продолжи да си оди како ништо да не било. Оваа случка ми се случи сега летово во Охрид. На одмор со мене си ја зедов, и нормално и на плажа си ја носев. Ама бидејќи имаше многу гужва на плажите, па за да не се случи некој проблем поради тоа што јас бев со куче (нели нормално не е секој љубител на кучиња) често гледав да одам на плажи кај што има помалку гужва. И си најдов еден ден една фина плажичка што скоро беше пуста и до мене имаше уште една фамилија која што си правеше скара. И незнам што им текна на луѓето си се качија сите цела фамилија во чамец да си се возат а скарата ја оставија на земја во тава покриена само со салфетки И само си седам на плажа си се сунчам, и кога гледам ми го снема кучево, и тргнав да ја барам и кога ќе видам што да видам си зела госпожата си крка ли си крка плескавици, кременадли И јас одма ја врзав и си ги собрав стварите од плажа и штрафта да ме нема бидејќи знаеа луѓето дека само јас сум со куче и ако останев ќе имаше кавга
Моментално немам милениче но пред две години имав хрчак. Целото беше бело, женско, и се викаше Белла. Интересни моменти имав многу бидејки беше невидено хиперактивно хрчаче. Моите дома прво се противеа, не ми дозволуваа да си купам, но еден ден си дојдов дома со Белла и тие први се заљубија во неа. Тоа беше љубов на прв поглед, беше мала 4 сантиметри и целата беше бела. Ја купив 250 денари. Изгледаше вака На почетокот беше малку дива, исплашена, не дозволуваше да ја допираш итн. Но јас за помалку од една недела ја навикнав на допир и немав мака со неа. Имаше редовно храна, и струганици од дрво. Имаше и едно тркалце во кое се возеше по цела вечер, а цел ден спиеше. Јас пред да ја земам се едуцирав малку, и прочитав на нет дека многу лесно на нив им станува ладно и треба да им се нправи легло. Не е доволно само струганици од дрво. И ми дојде една одлична идеа. И ставив во садот(аквариумот) еден мал глинен сад, ваков само помал Спојлер и и ставив една топла ткаенина внатре. Значи во моментот кога влезе во тоа глиненото, не излезе. Абе како и средив, како во хотел со 5 ѕвездички се чувствуваше. Но, воедно и тоа ми беше голема грешка. Паметната се качуваше врз садот и излегуваше од аквариумот. Е ај оди најди го толку мало животинче. Таа беше во мојата соба сместена. И една вечер, татко ми ме буди во 3 часот сабајле. "Дојди да си го најдеш хрчакот во спалната е некаде. Од мојата соба стигна до спалната. А како татко ми ја примети? Епа фино лепо се качила на креветот и под кебето се рашетала помегу на татко ми нозете. " Ја најдов едвај и ја вратив во садот. Срце беше мало но за жал пред една година почина додека јас бев во Ниш. Имав и многу слики од неа но сега ги нема бидејки компјутерот ми се расипа. Тоа погоре сликата не е моја. Само сакв да покажам како изгледаше.
Јас во моето долгогодишно искуство во чување мачки, нема нешто што не сум видела. Од џиткање од тераса, ловење папагали, пливање во аквариум со риби, па се до раѓање на мали мачиња... Посебно смешен ми е споменот од еден многу интелигентен мачор, што го чував пред 4 години. Мачоров имаше различни начини да ни ги објасни неговите потреби, со различно мјаукање, трчање и остали гестови. Во тоа време во дневната соба имавме огромен аквариум, речиси колку половина ѕид. И нормално, кога се хранеа рибчињата и рибиштата, се отвараше од горе, внимателно, мачорот да не е во близина. Меѓутоа, еден ден, последниот што ги нахранил рибите(не бев јас жими се), го оставил капакот од аквариумот отворен.... И така вечерта, сите собрани во дневна гледаме филм, кога мачоров дава залет од кујна, се качува на гарнитурата и право во аквариумот. Пируети во воздух, џоа балерина. Посмешна глетка во живот немав видено, земајќи во предвид што мачоров сакаше вода! Полека фраеров си тонеше во метро ипол длабок аквариум, давејќи се, притоа испуштајќи меури од нос, онака како да си лебди во безвоздушен простор. И кога го извадивме, лут ни беше!! Не ни даде да го исушиме со фен, во што во принцип уживаше. Да не заборавам да напоменам дека отиде и една рибка меѓу забите негови. Којзнае од кога ја мерачел, зошто ја шеташе во уста цела вечер, како трофеј од битката. Инаку, мачорчево што го чувам моментално, сеуште е мало за поголеми глупости. Ама доста е темпераментен, па знае да ни приреди шоу кога сестра ми ќе ја донесе пудлицата. За неговите глупости, следен пат.
Абе со да се кажи ја ЉУБАМ ,зелка си ја викам тиква, идиотче,непослушна али со се сите овие карактеристики јас ја обожавам. Интересен момент или моменти -кога се уште беше мала скокаше од кревети на кревети кинеше перници ,ја вртеше собата со брзина на светлината не гледајќи и го трагот за не цели две секунди цела соба ке ја имаше обиколено (да не сметаме колкава е собата голема )..... Кога прв пат се погледна в огледало си лаееше сама на себе си . Еднаш памтам се качи на прозор како маче и ден денес не знам како ја собере на толку мал простор едно 15 см е ширината кај што стоеше сакајќи да влезе дома ,осамена била кутрата . По пресен момент е кога траеше изборнава кампања и кога ставија плакат -постер од Антонио М. не престана да лае саати гледајќи се право во постерот ,лае ли лае чунки го кара Антонио или пак се определила за ВМРО кој ја знае се се очекува од неа . Има уште ќе ја пратам темава баш интересна тема
Оф, повеќе е срам за мене, отколку интересен момент со мојот миленик, сега веќе голем мачор кој не живее кај мене дома, туку си стана Стајковец, со пасош и декрет, се до своето исчезнување! Жолт, инаетлив најмил мачор, се викаше Марко. Го чувавме една година, и какви се не глупости правеше. Најинтересно му беше да се качува на телевизор и од таму да ги турка сите ситнурии долу. Еднаш така, сум задремала во дневна, и кога слушам: Траааааас! Се качил горе, си душка, и бутна цела вазна. Ме гледаше ко тупавец, ама душа драга, не ми дава да го удрам ни искарам, сам кидна во wc (таму се криеше кога правеше бељи) и не излезе неколку саати. Друг момент, со моја глупост - го облеков во шпилхозни, му направив и дупче за опавчето, го седнав во дубак и го шетав низ населба. На сите им кажував дека ми е дете. Којзнае сирот Марко како се чувстувал! Последен пат се видовме во Стајковци, кога бевме кај чичко ми на ајварпраење. Му фалеше левото увце и пола опаш, станал неранимајко од светски размери, 5 кила подебел, ама пак најмил на свет. Се надевам сега почива во Мачешкиот мир.
Хмм....еве на пример: Одамна, кога бабава-маца имаше околу годинка (сега има 10) јас се сеќавам цртав за во школо нешто со туш. За двете минути кога излегов од соба она (уметничка моја) успеа да го бутне шишенцето со туш на белиот тепих и да се препелка во него. Од бело-портокалова стана црна. Како ова да не беше доволно не можевме да ја избањаме, бега, гребе.... Кога конечно успеав да ја избањам неа сфатив дека и јас сум цела со туш затоа што ја држев во раце. Бидејќи имам и мачор тој е посебно авантуристички настроен. Пред шест години, на лето, нас прозорите нормално отворени. Ние живееме на 8 кат и лимот ни е заеднички со комшиите. Мачорот решава да тестира дали има страв од височини. Татко ми бил сам дома и во еден момент на врата му дошле комшиите со мачорот наш во раце и му рекле Мачоров ваш е нели? Откако ги имаме мачкиве дома вазна цвеќе на маса не сме виделе. Ја ставаш вазната, и за една секуда кај ќе ја бутнат па уште и фацка прават А што направив јас? Секоја вечер борба водам пред спиење, бидејќи мачката спие со мене легнува на сред кревет и не се мрда. Јас ја преместувам таа се враќа, на сред кревет и крај. И така, како гревче си спијам стуткана во едно ќоше додека мачката ми се шири на сред кревет.
Си купив тренерки аминал принт, тигрести. Ни на крај не ми падна однесувањето на лепотанот мој кон нив. Си ги облеков еден ден и оп, чувстувам туѓо тело на моиве нозе. Тоа тој, скокнал и ги гризе. Веројатно му заличиле на животно или не знам што беше... На други тренерки и воопшто пантолони не прави вака. А денес, си влезе во соба кај мене и по обичај си скокна на кревет. Во собата имам две големи одгледала едно наспроти друго. Веројатно му се здосади на кревет и си слезе и застана пред огледало. Си го гледаше одразот и почна да лае. Лаеше, ’ржеше и тоа онака непријателски. Којзнае што си мислел, сигурно дека тоа таму е друго куче...
За последново мое милениче што го имав, морам да пишам бидејќи секој момент со него беше интересен. Се вика Рики, папагалче. Имам ставено слика од него во темата "Слики од вашите миленичиња" ама ќе ви ја ставам и тука. Спојлер Како што имам таму пишано, многу питомо и паметно папагалче ми беше Срцле тоа. Искрено незнам од каде да почнам. Па вака, како прво и основно знаеше името да си го каже. Се галеше, обожаваше да се гали вака и тие фацки ги правеше Кај галењето спаѓаше и бацување. Сакаше да го бацнам на клунчето, а особено на стомачето. Често беше пуштен од кафезот. Секогаш кога ќе ме видеше како јадам, целиот залетан ќе слеташе на мене и ќе ми крадеше од храната, а и од уста некогаш му дозволував да ми јаде. Еднаш јадев манџа и тој право во манџата слета фала богу не беше жешка ама после едвај го исчистивме. Обожаваше да ми стои на коса, да ме бушави, и да ми ги грицка златните менѓуши. Ми ги грицкаше и ноктите. Имаше една пластична глава од папагалица на федерче поставена во кафезот и беше заљубен во неа. Постојано ја бакнуваше, се галеше од неа, што све не Моравме постојано да купуваме нови гранки за кафезот, бидејќи беа пластични и постојано ги гризаше, партал ги правеше. Често си заспиваше на мене, а и мене ќе ме успиеше така гледајќи го. Еднаш му се случи и во мои раце на грб да си заспие. Нешто се пентареше и на крај му заарни во таа положба и си заспа, а јас го галев по обравчињата. Абе срцле мое, сигурно сум пропуштила нешто. Ми фали многу, нема да го заборавам..
Си седевме вчера јас и Уна сами дома, и ваљда од досада се закачавме и се гризевме. И и‘ викам јас, онака на шала, ИДЕМЕ НАДВОР? Со мојата позната интонација кога ја повикувам секогаш за да ја шетам. И Уна се повештери. Толку се возбуди што се стрча кон вратата, рипна, као демек е умешна да отвара врати, и се слизна некако на паркет и се преврти како палачинка во тавче. Толку тресна на паркет, што едно 4 секунди зјапав да не и‘ се десило нешто, ама ништо не и‘ беше само засрамена си се качи на кревет и се свитка во клопче. Леле колку сум се смеела. Сама дома, вриштев ко ненормална од смеење, а Уна си го заринуваше главчето меѓу нозе од срам и после ми ржкаше, у смисол - Не ми се смеј веќе, нема смисла.
Улична школа . На времето чувавме доберман. Се викаше Арон. За него татко ми беше и закон и потреба и другар. Кога ќе одеше татко ми на работа, Арон наш од закачалката во ходник ги симнуваше неговите јакни и лежеше на нив. Еден ден, се враќа татко ми од работа и си легна да дремне Арон да не пропушти нешто легна до него ...па над него.... па зад него...и заспа т.е заспаа. Јас во соба седев и оддеднаш слушам БААААММ. Срипав и што ќе видам. Арон спава ко мала беба, сите четири у вис, а татко ми треснал од кревет Сега се сетив уште на една случка. Бевме со моите на ручек во Ореов лад ( не за реклама, туку таму во дворот смееше со куче да се оди) по повод тукушто земените сведителства . Во тоа време Арон имаше завои на ушите, му беа сечени, ама и протеза носеше за да му бидат прави. И додека се натегавме кој што ќе јаде, поминува едно детенце и на цел глас почна да вика - “тато, татоооо куче со вокмен“ еее тоа беа времиња... на вокмени и кучиња со сечени уши
Леелле се изнасмеав Јас моето маче го чувам дома се вика Fly (името му е кул ) си дојдов дома и дома беше лудница о.О две перцници на кои спијат тато и мама беа сокинати а тие беа полнети со пердуви на двоседот се бесе измочал и кикириките беа истурени посекаде и тој ден го извадив надвор по казна но потоа пак си го стаив внатре
Не знам од каде да започнам еден ден со моето куче Макси си се шетавме и нели самојадите малку личат на волци и едно дете вели лелееееее мамо ова девојчето шета воолк!Леле јас кога почнав да се смеам
Папагалчето мое е навистина уан оф а кајнд. Само дивее, вреска и бара да го пуштиме надвор од кафезот. Денес бил толку досаден што татко ми го ставил во едно неосветлено ќоше на салонот. Ама јас нешто го закачкав малку со едни дечиња и пред да го изгасам светлото гледам дека тој се мотка околу едно ќоше и дури чудно ми падна. Само што го исклучив светлото, за неполна минута ми застана на рамо. Го гледам татко ми зачудено и се мислам кој го пуштил, а будалчето си ги расширило решетките на кафезот на едно место за да може да си излезе. Ги наместив решетките и како што ми стоеше на рака го доближувам до кафезот. И веднаш влезе, а инаку секогаш се инати, ама сега си мислеше дека пак ќе може да излезе. Будала најголема е.
Убави интересни моменти имам поминато со мојот ми драг мачор Симба. Едно сабајле се будев за нашколо,а тој кутриот "гладен" бил.И така уште не расонета ми иди мачево и во уста ме бакнува И почна да ми се умилкува,да ми се мотат околу нозе.Абе срце мое После станав и му дадов да јаде.
Jas imam kuche..i ja ostavivme edna vecher sama doma(ja imame povishe pati ostavano i ne pravi problemi) sho da se pravi moravme na svadba site..i se vrakjam i gleam na krevetot mi go otvorila paketcheto so mastiki i site si gi izela..gi dzvakala i gi plukala na krevet..se iznasmeavme. [mod-kirilica:296t6tim][/mod-kirilica:296t6tim]
лани за први мај јас бев со моите родители и со моето куче,кое е мало по раса.Додека тие ја местеа масата,јас земав во околината да го прошетам кучето.Одеднаш еден пит бил почна да трча кон моето куче.Јас немав време ни го земам во раце,и почнав да го вртам со ланецот во воздух кутрото мое кученце, за малку ке положеше за пиле . го вртев 10-20 секунди и се дерев како мене да ме бесат се собраа луге и го тргнаа пит булот . моето кученце икаше некое време ,но му помина. Сопственикот на пит булот ми кажа дека случајно се одврзал и ако го фатил моето срценце многу ке го повредил И на сите им беше интересно , освен на мене и на Блеки ( кучето )
Јас имам самојед,и што вика Роси , се знае какви се самоједите тврдоглави И го шетам еднаш по кеј,гледам едно мало кученце ама многу мало,незнам што раса беше.Многу беше слатко и беше само таму цивкаше стуткано покрај една клупа.Го земав у раце и Макс на ланец,тоа у раце,луѓето ќе си речеа луда е оваа некоја,многу смешно изгледав. Уште кога го земав у раце Макс чудно ме погледна,а после кога виде дека го внесувам дома,малце зарржа и се стутка пред врата,со лута фаца.А јас само сакав да му дадам да јаде на кученцето,да го средам малку,па да го ставам на оглас,зашо почекав некое време и видов не е ничиво кучето,а немаше ни каивче. И неколку дена го чував,после се јави конечно некој кој сака да го земе.Во меќувреме Макс цело време ми беше лут.Сигурно тие што чуваат кучиња ме разбираат.Знаете како е кога те гледа во очи така тажно и после ти ја врти главата на друга страна и те одбегнува.Леле што муки сум видела,морав да купувам коски,играчки,по цел ден да дремам до него за да ми се смири.А кога ми се смири друг беше-пошна да скока по мене трчкаше по мене,се по старо.Од тогаш си реков нема више така да му правам на бебето мое.