1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересни моменти со вашите миленици

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 31 јули 2011.

  1. Daniella

    Daniella Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    44
    Интересантна тема :)

    Епа, мојот нероден брат :lol: , најубавиот мој мин-пин Тошо, ни има приредено бааајги згоди и незгоди, ама се му опраштаме зошто е неодоливо убав :$ Вака...додека со моите бевме надвор од градот, дојде дечко ми тогашен (сега вереник) да ни го почува Тошо. Си седел така во дневна вереникот, гледал тв а овој малиов си лежел на термо, си се топлел. И пошол мојов до на балкон и коа се вратил, Тошо се имал качено на маса, си ја зел кифлата в уста и почнал да трча низ соба, оставајќи милијарда трошки на паркетот :rofl: Вереников мој паника го фатило, не за друго, туку како ќе ги дособере трошките за да не го кара баба му коа ќе се врати :) Што не се случи, пошто сите го знаеме Тошо као бељаџија невиден :) Ах, каков би ми бил мене мојов живот без Тошо... :*
     
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    малиот наш несака вода воопшто - и кога и да има моменти за бањање имаме тресење и криење...
    Во најголемите Софиски студови одиме да се шетаме и како по навика он трча прв(8м му е кајвчето додека не се обеси на него не застанува со трчање - а после влече и се дави па се врака назад - и се едно те исто)..за да преминеме една локална улица пошто застанува за да одиме сите заедно , и ние кога ке кажеме ајде напред он продолжува со походот...
    прво шпринтање влегува во водапола нозе вода-имаше фацуле направено :swear: ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВ!! :lol: :rofl: :lol: :rofl: :lol:
    Јас и дечко ми на тоа се поваљавме од смеење :D
     
    На Daniella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Оваа мачка што ја чувам сега е љубоморна,та нема крај.Минатото лето дојде едно малечко маченце на тераса и ние нормално му дадовме да јаде и си поигравме малку со него а ова нашето цело време посматра од страна и се лути.Како тоа оно да не е во центар на вниманието :^) .Кога си отиде ова малечкото маче,пружив рака да го погалам моето и така луто мјаукаше,малку фалеше да ме изгребе.После не знам колку дена беше малку луто ама за салама и душата ќе си ја продаде па се простивме :lol: .

    А претходно што чувавме едно маче,се научи вратите да ги отвара.Седеме една вечер и гледаме мачето влегло во ходник.А бевме сигурни дека никој не ја отворил вратата,ама си рековме можеби некој ја отворил па заборавил.Ама еднаш го видовме на дело,рипна на кваката и поштено си ја отвори вратата.Многу ми беше смешно,понекогаш и повеќе пати рипаше додека да ја погоди кваката :) .

    Абе имало многу интересни моменти,само што во моментов не ми текнува.
     
  4. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Ауу,јас со мојов Џивџур за малку инфаркт ќе добиев! :yawn: имаше само една недела од кога го донесовме,него му такнало да стане орел!(да го испита светот)Ама ние сме си на 13 кат и некако високо му се видело па веднаш кај мене на рамо ми отиде! :D И од тогаш си се почувствувал безбедно таму и еве сега со него го пишувам текстов :rofl: а по некое време и на тастатурава ми ги брка псртиве. :inlove:
    А Нинуш брат му(мислејки дека е женско го земав и сега еве го пораснат ни докажа дека е машко,сега жал ми е да го заменувам зошто незнам што кје му прават таму во пет шопот :worried: )во се сака да биде главен и прв! :emo: Но си го обожава брат му и несака ни секунда да биде без него! 8)
    ПС:Џивџи е 4 год. а Нино следната недела 1 :)
    И така јас си се изнапишав. :)
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    1. Emmy (Еми) ми е прво маче и беше многу мало кога го земав. Првиот ден целоо време мјаукаше, без прекин.. главата ми ја пукна.. :| И тогаш обожаваше да се трие од ладни шишиња вода..
    И така Еми се повеќе и повеќе сакаше да си игра и да трча по рандом предмети што ќе и се најдат на патот, а јас и направив клопче и не се разделуваше од него.. Ама еден ден го загубивме, па и направив друго. Па и тоа го загубивме.. :rofl: И така решив веќе да не и правам клопчиња. А после пробував да и облечам фустанчиња, ама дома се вратив со фустанче в раце сето искинато и со искогребани раце :tmi:
    И после почна да станува се полоша и полоша за на крај да стане најлоша и да те УБИЕ ако ја чепнеш.. А јас типична Lella without brain :fubar: ја нервирам, само ја чепкам, ово оно.. И еднаш сакав да ја сликам специално за тука и ми рипна врз мобилниот.. Ахх, ти.. И ова излезе:
    :devil:
    О да, заборавив, еднаш се мушна низ врата дома и летна по скалите и јас се качив да ја карам и она ваква:
    [​IMG]
    Демек ќе ме смекне..

    2. Цлцката Мила Ова е најмирното маче на свет. И кое најсака да се гали и да ме сопка и да ме убие и да ми пречи додека си ги врзувам врвките.. :tmi: Значи ја дресирам ко за во циркус. Ќе и мавнам камче и та мооора да трча по него.. Ако не, ќе и викам :wasntme: И така ми се налути и не сакаше да трча по мене. :( Еве ја:
    Ќофтенце некоее.. :inlove:

    3. Марко. Овој беше бетер од Цлцката Мила. Се галеше ненормално... а + и беше голем и ај сега сфати.. А најдов да нет една слика, иста како него, (мислам, мачето на сликата исто како него)
    Еве:
    [​IMG] - На нет
    - Маркоо!! :o
     

    Прикачени фајлови:

    • emiiiii.jpg
      emiiiii.jpg
      Големина на фајлот:
      66,3 KB
      Прегледи:
      301
    • mila.jpg
      mila.jpg
      Големина на фајлот:
      73,4 KB
      Прегледи:
      301
    • 071012-1812(001).jpg
      071012-1812(001).jpg
      Големина на фајлот:
      122 KB
      Прегледи:
      301
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Нашава бушла е премногу приврзана за татко ми, што на сите ни е најчудно бидејќи тој ниту и дава за јадење, ниту пак ја чешла, бања, шета, игра... За се сме јас и сестра ми задолжени.
    Ама по него е замаена, кај оди тој - она по него. Ти викај ја колку сакаш, не бре брате, она по татко ми и точка.

    И така еден убав пролетен ден, татко ми решил да ја фарба лозницата во двор.
    Оваа се шуткала по него, секогаш секој чекор му го следи. Татко ми си пуштил радио, си се качил на скала и почнал да ја фарба лозницата со жолта боја. И оваа си легнала покрај скалата, демек уз него да биде. Татко ми си се занел во работата, не ни приметил дека лежи под скалата и после некое време тргнал да се симне за да ја земе зелената боја. Како што се симнувал, таман да згазне на бетонот, несакајќи го згазнал кутрево наше и оваа цивнала. Татко ми од толку што се исплашил, срипал за да не ја повреди и се упрчил целиот наопаку :rofl: Цела жолта боја се истурила низ двор, врз алиштата на татко ми и малку врз крзното на кутрево :lol: До ден денес во аголот од дворот си имаме едно жолто сонце - како намерно да е така распрскано :)
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Значи неможам да престанам да се смеам со моиве случки :rofl: :rofl: Ги има 1.000 но ќе одвојам само 2 :D

    Имам мачка, ѓавол лоша и итра..Сама знае да си отвара врата.И една вечер си ја отворила вратата, си влегла во мојата соба и гајле си нема.И јас како по навика цел ден во пижами ниту запалив светло во собата туку директно в кревет :) И само гледам две очи ме гледаат, се движат.. Прво помислив дека ми се причинува ама се повеќе и повеќе се движеа се вртеа..И јас до крај исплашена почнав да вриштам како лудача.И влегува татко ми цел задишан, пали светло и кога ја гледам Мазата моја во соба ми се пикнала.. :rofl:

    А имам и мало куче,Бастер :inlove: Лудо е по игра.Се користи само за да си игра..И еден ден така беа дојдени братучедките а јас си бев облечена во тренерки кои ми беа малце широки.. И решивме да појдеме до на продавница да купиме нешто за освежување. И така тргнати само слушам грчење некаде зад мене, тренерките ми паѓаа ненормално..Братучеткиве се газат од смеење а јас само вака :? И ај си реков да видам шо грчи така, кога се вртам Бастер мој обесен за тренеркиве, трга ли трга.. Му викав го тргав, но кој ме слуша тој в крај заигран тренерките ми ги искина.Кога му се раздерив, па итрово ми легна демек да го погалам а не да ко карам :rofl:
     
    На sweet-star и Lella им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес ми текна на една случка и морав да ја споделам, иако не е со моето куче.
    Дечко ми веќе две години чува мажјак од расата хаски кој е една од најголемите хаски кои сум ги видела. Слободно може да му парира на маламутот.

    Еден убав есенски сончев ден, тргнав накај нив со точак. И обично секогаш кога доаѓам со точак, прво го оставам позади во дворот, а после се враќам напред на врата. Арно ама, овојпат носев едни чизми што имаа врзано по една машничка на нив, а на двете врвчиња од машничката, имаше по две крзнени топчиња. И како што одам, така тие си се мафтаат. Доаѓам јас кај нив, влегувам во двор, си се поздравувам со кучето и одам позади да го оставам точакот. Кучево кога ги видело топчињата како се мрдаат, мислел дека сакам да си играм. Леле луѓе кога ме грабна со предните шепи за нозе, кога ме бутна долу, не можев да се соземам! Се обидов да го смирам, а тој па уште толку помисли дека сакам да си играм! Не успеав ни телефонот од ташна да го извадам, за да му се јавам на дечко ми да се симне и да го прибере. Луѓе си поминуваат, јас се тркалам со кучево низ двор! Едвај некако успеав да се довлечкам до домофонот и почнав да ѕвонам како луда за да се симне некој. Не дека ми беше страв дека кучево ќе ме изеде, знам дека сакаше само да си игра, ама можеше сериозно да ме повреди без намера, бидејќи е многу голем и тежок. Еднаш кога ми рипна со предните шепи на стомак, мислам дека ќе ме издишеше...
     
    На 1209 и Markusa2 им се допаѓа ова.
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Последен прајслес момент со Уши е пред два дена. (Кучето се вика Џесика и има надимак Уши).
    Го шетавме со дечко ми низ маало, да погледне и помилува сонце пошо е мало (едино помало куче е чивавата) и затоа седи дома.

    Што да ти причам! Радости. Уши насмеани, дури ги прекрстивме во Ушињааа затоа што се оние букви што ти ги додаваат на името проследени со милозвучен глас кога им треба нешто. Еве на пример Иванаааа.... Или уште полошо Иванчееееее .....

    Сончев ден со клупа, спортска, дигитален, Уши и поголеми Уши (дечко ми). Седиме и уживаме во наводново доаѓање на пролетта. Уши се заиграа со деца, тие со него, скокања, лигавања,насмевки целуфки, коа едно време паркчето се стивна на момент. Дојдоа нови деца и расположена Уши се стрча да си игра и со нив. Едново девојче списка од страв (ќе разберев да беше дога или пит бул), ама и реков да не се плаши, дека не каса и дека ќе ја врзам.

    Само што го реков тоа, мајка и списка и Уши го преувеличија од ова:

    [​IMG]

    во ова:

    [​IMG]

    И се ќе беше во ред со мајката и муабетот да не се убацеше еден пензионер. Почна да се дере, да урла као што ако се десеше нешо, па ќе ви викнам полиција и така натаму и така наваму. Викни бе! Слободно што се тиче мене, спортската и Уши. Никогаш не намеравам да навлагам во поширока дискусија со постар, зашо од старт е дебакл за мене. Јбг домашно воспитање! Арно ама, пензионеров си мумла и си мумла, коа у еден момент вика ќе зеам пушката и ќе го пукам..

    Молам?
    МОЛАМ? :@

    „ЛОЛ“ НЕ Е СООДВЕТЕН ОДГОВОР НА МУАБЕТОТ ШТО ГО ПИШУВАМ! Oк :devil:

    Тоа беше лавина од емоции, статус чувар и потреба за заштита. Подоцна се запрашав дали е вака со мајките и нивните деца?

    Како бе ќе пукаш? Кој ти дал тебе право да пукаш? Па кучево е повеќе чувано и рането од пола деца низ Скопјево и пошироко. Па дали си ти нормален?

    И се ќе беше како што беше, ако дечко ми не се избацеше со муабет: - Мрш мамата ваша пензионерска и така се ви е гага! :rofl:

    Oвој пат паркчето се стивна на подолго време..... А разочараните Уши заминаа дома.
     
    На LittlePinky и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Eee.. денеска мојата Цлцка Мила (всушност Миле, машко бил :o :tmi:) ја имаше во списание.. :wasntme: :wasntme:
     
  11. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    хахаха ми текна кога ретриверчето мое беше малечко и ја бутна муцката во ауспухот на колата :D :D :D се чудевме цел ден зашто има црни мустаќи на белото муце :D :D :D
     
  12. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Мене цел живот куќата ми е фарма за мачиња :lol:
    Како помала чував една лепотица, помина месецот за парење... И и` порасна мешето :wasntme:
    Еден ден, надвор сончево, она легната во дворот, испружена и ужива. Јас одам да ја погалам, она се тегне ли се тегне... и наеднаш оппп ми ја фати раката, ме гризна така нежно за прст и ме тегне. Стана и ме влече со неа, јас па се тетеравам позади неа да видам што ќе направи... Отиде на страна, се намести во нејзината лежалка и легна на грб. Со муцето упорно ми ја бута раката кај мешето и мјаука. Јас ја галам по мешето, она душичка почна да се витка... После 2-3 саати донесе на свет 3 пуфлиња убави како неа :inlove:
    Душа мила, сакаше да бидам до неа :)
     
    На 1209, sweet-star, lightning123 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cicero

    Cicero Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    18
    Сега кога ја видов темава се сетив на еден мој интересен момент со моето куче.
    Отидовме малку на селски туризам и секако Арон со нас. Решив малце да се прошетам низ селото и го земав Арон со мене. Беше многу топло, а мојов смотко кога виде вода веднаш си се истркала во вирчето. Стана и јас го искарав, кога тој да се извади почнува да се тресе целиот за да ја исфрли водата. Ама баш најде кај да се истресе, до него клупа со 5-6 бабички, ама ги истушира сите. Многу се усрамив, ама не можев да се воздржам да не се изнасмеам. Е потоа може да замислите колку „пеење“ си добив од бабите.
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Мојата мачка од сабалево уловила врапче! :D Одамна не се случило тоа. Изгледа ја разиграв со играчкава што и ја купив, па пак се чувствува живо. :D
     
  15. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Во петокот решив да си ја прошетам мојата мачка..онака кеф ме фати..смачна е ќе има малечки и по цел ден кутрата само дома е и ми се погоди онака денот сончев и решив да ја прошетам онака наоколу..и додека шетавме наидовме на едно куче..односно мачката наиде јас застанав да правам муабет со една другарка..и си збораме со другарката и одеднаш слушам некои чудни звицу се вртам наоколу нема ништо..и одеднаш ја гледам мојата мачка (Мона се вика :wasntme: ) качена на едно дрво му "грчи" на кучето..за додуша кучето не е лошо и не е некое што не ги сака мачињата..баш напротив..кучето ги обожава и си игра со нив..кучето дури и си спие со мачиња (особено мојава..онака БФФ си се демек :lol: )и потоа мачката моја почна да слегува од дрво бидејќи кучето замина и слезе што слезе и одеднаш кучето дојде за да си игра со неа и оваа мојава мачка почна да мјаука и да му грчи на кучето..и него страв го фати и почна да бега од неа..налет тоа мојава почна да бега од него и додека бегаше..се мана во дрво и падна.. :rofl: :rofl: Леле кога ме фатила една смеа господе..прво онака се исплашив да не се удри..но потоа почнав да се смеам..и кутрата си стана ама неможеше да оди..цела зашеметена беше :rofl: :rofl: :tmi: :D
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Си имав едно слатко папагалче се викаше Кики и ми беше омилено милениче најмногу го сакав и што е најинтересно кога ќе посакаше само си излегуваше од кафезот леташе низ собата и застануваше на главата на дедо ми и му правеше фризури :D стоеше на рамо и кога ќе посакаше сам си влегуваше во кафезот и си ја затвараше вратичката :D

    Веќе 4 години имам куче, но кога беше многу мало имаше само 3 месеци кога го зедов татко ми го држеше во скут и оти татко ми е полн малце повеќе и летно време соблечен по шорцеви и како што го држеше кученцето, тоа почна да цвика и скокна на неговиот стомак и го фати за едната града почна да цица :D :D :D :D :D сум се газела од смеење. :D
     
  17. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Охоххо колку имам за раскажување (кој не го мрзи нека чита) Инаку дома имам животинско царство :!:
    Од каде ли да почнам..
    Имав три папагали ама последниот што го имам урнебес е дома..секое сабајле кога ќе станам мора да му речам ,,Добро Утро'' инаку не престанува да вика..Кога јадеме тој обавезно е со нас на трпеза,незнам точно кога беше вујко ми се мезеше со зелка и ракија и Коко (папагалчето) прво застана на чинијата со зелка,проба малце и изгледа му се скисели па ај навали на чашката клукна два-три пати луѓе верувале или не папагалов изгуби рамнотежа,се зашантра на масата и почна дда лета кон кафезот и се лупна во ѕид па го фатив и го ставив во кафезот..исто така многу сака да се мази и ми ја клука устата (се бацува )

    Мојот мачор,ма каков мачор бре мачор ипол многу добар ловец (дури ми го затвараат по подруми да лови глувци :@ ) Го чувам откако се роди,и веќе кога потпорасна тој јадеше се живо и диво и незнам кој рече уште змија да ни донесе фали.И утредента јас и мајка ми седиме во ходник под клима (ужасно топол ден погоден за змии) и слушаме мјауу мјауу а тоа Џовани (мачорот) да ти донел змииште ама не мртва туку за вратот ја држи :o колку само се намачивме да ја убиеме,ке не отруеше бре.И исто така тој секој ден мора да е на ручек (па како)..многу пати ме има испратено до автобуска и ме има пречекано (па што уште ке посакам покрај таков мачор :rofl: ) . Кога и да е затворена надворешната врата сам ќе си ја отвори (читај ке ги испокине сите реси за да може да стигне до кваката) и многу пати кога сум дома ме вади од такт кој би можел сеа да ја отвори вратата.Обожува да лежи на папучи,не ги менува ни за ништо.Порано сакаше да си игра ама сега е озбилен маж зошто го чувам од 2007год . Се на се втор ми е од омилените :$

    Мојот самуед Ања,многуу е хиперактивна не ја држи место и таа е огромна маза после секое доаѓање дома ми рипа на гради (какви гребаници имам од љубовта на Ања кон мене ) со мене си спие душаа бе :inlove:
    Ние дома кречевме (зелено) и излеговме сите надвор (на 5 мин) она остана дома и како што е радознала мора се да проба да види да отишла на тераса (таму беа ваљаците и боите) и она како играчка си го земала ваљакот.Кога се вративме дома лелелеле од бела зелена станала марсовец :x па ја шишавме.Смотана е малце слуша наредби кога како ама кога се работи за храна и те како слуша наредби :D

    Хрчко мој Пикси да излегол од кафез и да ми паднал на кебе во кревет и осеќам нешто ме лази и кога отворив очи кога сум го заџитарила којзнае каков шок доби хрчко.

    А и Нора не е ништо посебна.Колку само е лоша овие денови (дека се породи) само ме гризе ама од љубов :lol:

    Имам и рипки ама тие мирни си се, не шетаат многу многу освен една кога се вратив ја најдов на земја мртва..а зошто ее зошто се замислуваат делфини и рипаат само..епа така кој нема во главата има во перките ;)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Хахахаа па има повеќе :rofl:
    Кога ќе се сетам :lol:

    Па еднаш татко ми купи еден кашкавал што ни ја ни мајка ми ни сестра ми не го поднесувавме и ајде татко ми вика видете сеа Фокси дали нема да го јади
    И и става во тањир,а оваа мртва гладна што се вика и како што стоеше кога се сврти и кидна хахаха. А на татко ми не му текна уште еднаш да го купи :puke: :rofl:

    Сите 4 женски го зафркнавме :wasntme:
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Си имав еден многу интересен момент пред пола саат со кучето мое... Отидов да ја нахранам мачката и Беки по мене тргнала зошто љубоморела. Дадов храна на мачката и наредив на Беки да се качи горе. Отиде горе таа и почна да врши нужда на бетон, што е МНОГУ грешно тоа. Ја спречив и ја однесов во двор на тревникот да доврши, а оваа почна да бега и да се протнува низ оградата за да ја најде мачката... :@
     
  20. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Тогаш на времето баба му чуваше мачка за моја љубов.Спеив во дневната и она излегла нешто и кога ја отворила вратата мачето влегло и си легнало до мене.Штета шо не го видов :(