babylove овошни кашички

Интересни случки при породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од AIT, 27 септември 2012.

  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ја отварам со цел да им кажеме на идните мамички дека при породувањето покрај болката и стравот ни се случуваат и некои комични ситуации, за кои можеби во моментот не сме свесни,но на кои подоцна се присетуваме и смееме.
    Кога јас се породував со првото дете и кога ме однесоа во родилна сала ,прво ме внесоа во едно мало собче и еден дечко почна да ме прашува име,презиме,дата на раѓање и уште еден куп други работи на кои во моментот и не им го знаев одговорот :) И така јас си цупкам ,он прашува-јас одговарам и едно време ми вика седни ! Го погледнав и му викам Не ,добро ми е вака ! Он пак Седни ! Јас пак Не фала ! Дечково дига глава и ми вика Седни на столов да те измерам !!! :D Па од каде да знам дека столот им бил вага :rofl:
    Со син ми после интензивна ме носат во апартман ,ама на носилката сестрата ставила и едни кафени гумени папучи и влегуваме во соба,ме пречекува сестра ,ме облекува,ме сместува во кревет и одеднаш се врти накај мене со фаца цела во прашалници и со папучите во рака ми вика Зарем овие твои се ? Јас кој знае што сум видела во моментот и и викам Да,оставете ми ги тука. Вечерта кога требаше да станам и викам на сестрава да ми ги даде моите папучи и таа ми ги дава овие ,а јас и викам дека не се тие мои ,моите беа сини.Женава ме погледна онаква пресреќна и ми вика Знаев!!!
    Кога се пораѓав со ќерка ми во болница отидов сабајлето во 4 и нели тоа е време за спиење,па и докторот од приемно си спиеше. Откако по еден час се разбуди и дојде ,ме гледа цела скифлена и ми вика Ти што сакаш? Го гледам јас зачудено и му викам Па да се породам :?: А тој Па сега ли сакаш ? Јас Не може и утре ! Ме погледна типов онака засрамено пошто му текна што ме праша и ми вика ајде брзо оди горе .
     
    На Bebulleee, CrazyGirl15, Milobebence и 14 други им се допаѓа ова.
  2. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    браво одлична тема :clap: ме изнасмеа :rofl: ајде мамичќи кажете ни ги вашите искуства :* :D
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    22.017
    Пол:
    Женски
    еве и јас имам некои за мене интересни случки од моето пораѓање :)
    Веке цел ден го поминав на кревет во болница , приклучена на цтг со јаки болки и сестрата не прегледува а јас такава целата уморна и викам : Сестро после пораѓање јас ке идам на одмор
    :D :D *во моментот не размислував многу многу од болките *
    втора случка е после неколку минути од раѓањето на моето бебе
    маж ми ја пресекува папочната врвца , сестрата го зема бебето да го прегледа , измери ...
    И јас приклучена уште со инфузии , со епидуралната во кичма ...
    Осетив олеснување и си станав од креветот , неспособна да стојам се домкнав до мм да си го видам бебето
    Коа ме видоа сите така станата одма ме вратија во кревет , мене почна да ми се врти :$ ама во моментот се осетив способна да станам и да си одам
    :D :D
     
    На NoellePage и AIT им се допаѓа ова.
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.564
    xaxaxxaxa dobri ste...i jas imav dve interesni slucki prvata odam na carski strav neviden...me prasuvaat po pat ime,prezime,bolesti vo semejstvo..kolku kila imas(stigam do sala)sleduva prasanjeto kolku si visoka se zbuniv vikam 1,78 a taa:e da be majkl dzordan si :rofl: aj vlagaj u sala.
    Vlagam u sala gledam boks-ej sto e ova i vikam?Pa bok gledas ti da ne sakas krevet da ti doneseme i pocnaa da mi se smejat site vidoa deka sum vo bunilo pa malku mi stavija nekoja drogicka vo infuzijata da se opustam :lol:
     
  5. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    da interesna tema prvin jas se smeev na tie sto vikaa neznaev deka e takva strasna bolka po posle koga mi dojdoa bolkite vikav setro umiram gotovo vadeete go bebeto a mene zakopajteme posto gotova sum sega mi e smesno ama togas lele pa mi stavija epiduralna i eeeeeeeeeeeeeee raj pa posle i vikav na babicata dajte gi drugite zeni jas umesto niv da se porodam i da ja na boks taka rascepena taa me sie a ja si ja snimam bebuska pozz епа на латиница писав
     
  6. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    193
    Ми пукна водењакот и му се јавив на сопругот кој беше на работа (работи во ЕВН). Дојде пред зграда со колегите со комбето 10 души, си се качив фино лепо напред и сите ме донесоа на болница му посакаја среќа. ооооо забавно му беше на мажите по пат додека јас се препотував.
     
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.564
    Дај напишете некое "интересно" искуство да се насмееме.Доаѓаат времиња за пораѓај да се опуштиме малку
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.480
    Допаѓања:
    30.761
    Пол:
    Женски
    Ми текна една случка, да ја споделам за докторот сигурно не баш пријатна :lol:
    Кога влегов во сала, бидејќи бев со спинална, си бев будна и си правев муабет цело време. Дојде моментот кога мојата ќеркичка дојде на свет, и ја однесоа во друга просторија и докторот остана да ме сошие. И јас само се вртам накај него и велам : Докторе убаво се да проверите, да не заборавите да ми ја извадите постелката, баш пред да дојдам на пораѓај прочитав на една жена и беа заборавиле нешто во стомак . Леле кога ме погледна баш вака |( сигурно си рекол со кој си имам јас работа :rofl: Се случува ај :rofl:
     
    На Lolo5, Dzulija*, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    20.560
    Пол:
    Женски
    Јас со првото лесно поминав и немав згоди и незгоди , затоа ќере ми наплати :rofl: Си седам јас така во предродилна на цтг , со инфузија со провокација , и ете ја свеки од работа од дежурство доаѓа и вели ( сестрата беше тука ) : " Сеа ја и ти ќе раѓамо заедно :| " ја гледам јас цела во прашалници , а сестрава се врти и вели : " Како тоа заедно :o ? " Свеки цела насмеана вика : " Ее епа за внукот ме прелажавте со кафе и цигаре ама овја пут нема да ви успее :D " . Се породив и сега да ме шие докторката , ми ставила грам анестезија ( локална ) , леле па викање пиштење ( богами не ми делуваше анестезијата ) и ми вели : " Ее па ти срамота е анестезија ти ставив .. " и јас и велам : со поминат рок изгледа не ми делува некако :@ " . После се сетив што кажав ама бидна веќе :D . Ме изнесуваат од сала а надвор свекор , свекрва , маж , колега , другар и золва .. викам на мм : " Уште некој да земеше " , башка шиењето мислеле дека сеуште се породувам па викале ИЗДРЖИИ ( ватрена публика и морална поддршка :D ) . Чудо не ги избркале од болницата :wasntme:
     
    На Milobebence, Bebulleee, TutiFuti и 4 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    234.508
    Не многу работи би категоризирала под интересно :sweat:.

    Првиот пат мм зеде да слика јас додека лежам на бокс со најјаки контракции. За долго и вечно сеќавање, да сме си имале успомен од моментот.
    Кога му спискав дека немам вишок енергија на него да ја трошам и да го тргне телефонот да не ја запознае допрва другата јас :tmi:.
    Чат пат викав, ајде, уште колку, не можам, ведете ја, :tmi:. А на мм му се свртев и му викав што ми требаше ова и дека он е крив :rofl:.

    После третото како сум, ме боли ли, повторно ја покажав мојата најтемна страна и му подвикнав дека он е таму да седи, ќути и рака да ми држи. Доколку не го прашам нешто он да не зборува :D.
    На крај он блед како дух не се осмелуваше да зуцне нешто.

    12 саати бев на бокс, па имаше многу случки, ама на поголемиот дел не се сеќавам, чат пат освестена кога бев ржев по околина :wasntme:.

    Вториот пат беше опуштено бидејќи не траеше толку долго, а и он испраксиран па си седеше и ќутеше.
    На крајот кога ме шиеја доле и рече на докторката да пази што прави и како ќе ме зашие. Се да биде како што треба :D. Кога заврши женава не праша дали сакаме да слика :x.
    И рече не фала. Ќе почекам како што е редот сам да видам како е сработено :rofl:. Она ни рече имало луѓе на лице место, од бокс, сакале доказ, слика да видат дека се е во ред :o.
     
    На cresa-jagoda, Bebulleee, iloveyou29 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.238
    Допаѓања:
    65.658
    Пол:
    Женски
    Јас сум ептен позитивна и насмеана, па таква си бев и на раѓање :D Да проверат дали сум отворена, еден ептен висок доктор со големи раце неможеше цервикс да ми дофати, ептен долго грло на матката (па 180 сум висока хаха), се измачи човекот, па некаде отиде. Доаѓа едно докторче од метро и жилет зима тоа ракавиците да ги стави (он да ме проверел), а јас почнав да се смеам и му реков: Каде со тие мали раце? :rofl: чудно ме погледна, па после си се насмеа и он, дојде првиот доктор и на моја сметка се пошалија дека некој по име таму го рекоа (со најголеми раце), да дошол тој да ме провери :D

    Втора случка веќе на раѓање, давам еден напон и не излезе бебето, ми викаат после ајде втор напон, а јас им викам толку немам сила неможам (туку така откажување на сред раѓање :rofl: ), и таа се изнервира ми ја грабна раката и ми ја стави доле меѓу нозе, а меѓу нозе топка, главата на бебето веќе малку искочена :D и добив сили по тоа и веќе со втор се породив :)

    И станата после ревизија на постелка, прашувам што ми правевте? Зашто се зачудив целосна анестезија ми бапнаа, а природно се пораѓав.. и докторот шлакнат и тој ми вика разубавување на матката :D и сеуште зашеметена ми бара број од мм да му се јави да му каже дека сум родила и јас мојот му го издиктирав (а моб на патолошка ми беше) :D па ми текна одма после тоа, па на мм го кажав, едвај :D

    И имав дополнително шиење на живо, на пораѓај не се дерев.. ама тогаш со веќе оладена рана доле викав по докторот, плачев.. се изнакажав 300 глупости, му реков ај остави ме на друг да ме шие цела ноќ си работел веќе незнаеш што правиш :rofl: и се напна стварно си отиде и друг ме шиеше, па барав после да му се извинам ама не беше тука...
    И интересно беше што не им верував дека толкаво бебе сум родила, мислев ме заебаваат ама искрено така мислев тогаш во моментот :D зашто докторот рече патики, ранец и детево во школо :rofl: поверував дека е голем кога видов ама штрчи меѓу другите бебиња кога ни ги носеа во соба хаха
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, Bebulleee и 5 други им се допаѓа ова.