Најсмешен ми е кога му давам сам да јаде и се мачи, ја мачка храната меѓу прсти и си ја пика цела тупаница А од вчера најново му е да си ја вади цуцлата од уста и ми ја дава мене до уста ми ја доближува Друго ново и интересно ми е тоа што е скржав Го учам да ми дава играчки, му викам дај и си ја пружам раката, он ми го дава празното раче, а другото со играчка го оддалечува и бега.
Сега ми текна т.е чачкав по слики и ми излезе... До кај 4 месец се будеше и заспиваше прво со едното око па по некоја минута со другото. Сите го зафркаваа мм дека само по тоа личи на него
Ова од вчера...малата ја ставив меѓу нас, јас се преправав дека спијам, а маж ми хрчеше ко и обично.Си го фаќа кебенцето и си гуга нешто со прстињата. Кога гледам ги пикнала прстите во носот на татко и, овој се разбуди цел во чудењеконечно најде начин да го разбуди
Ја оставам во дубак на многу кратко за да завршам нешто и си вика ,си вика едно време тишина. Јас ја ѕиркам што ќе видам го дофатила лап топот ,живи радости ,дури се смее Се чудев како го додржа...
Ако настане тишина, RUN Не знам дали ова го имам пишано претходно ама ајде. Си седиме по дома и мм вика: Лелеее, зошто си му дала чоколадо? И јас цела збунета идам накај него и викам какво чоколадо, нормален ли си? Кога гледам тој си ја отворил пелената што му ја сменив пред 2 мин и си го гмечи гомцето Среќа на време го видовме.
Ние денес се спремавме за шетање. Научи да мавта со рачето кога ќе се спомне "Чао". И го земам гледам покакан. Го соблекувам, се свртев да земам марамици он гмече гомца. Го избришав и борејќи се со него на секунда се свртев да земам нова пелена не знам како успеал да го отвори кремчето за газе, едвај јас го отварам Судокремот и си ставил на лицето и сакаше да си го лиже рачето со крем цело. И кога му го земав пак почна да мавта за чао и се расплака мислеше нема да биде носен на ветената прошетка..
Вчера се доевме со бебе во спална, демек за спиење, ама пошто никогаш не ни успева, си се тргна, се стркала на стомаче и почна да се влече низ спална на стомаче, јас лежев до него, со гола града за да се исуши убаво. И ете ти го, се избутка, дојде до мене, намириса млекце, си се намести и почна да цица Пресмешно беше, јас легната, он кренат на рачиња и над мене цица ли цица Сонце мало