1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересни студентски приказни (студентски митови)

Дискусија во 'Образование' започната од BoaVista, 28 септември 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Епа не најдов ваква тема, а ако е дупла нека оди под клуч :)
    Епа ајде да пишуваме за интересните случувања на факултет или народски кажано за студентските маки.
    Јас ќе почнам со едни случки кои ги слушав додека студирав и викаа демек вистина било, во што најискрено не верувам.

    Епа вака, до пред некоја година на Правен факултет по кривично право предаваше Ѓорѓи Маријанович, кој сега е во пензија. Човекот многу добро предавал, имал многу знаење и на студентите им го пренесувал преку примери. Испитите кај него се полагале исклучиво усно и ти давал три прашања. И сега оди некоја студентка да полага, влече комбинација и почнува да зборува. Прашањата ги одговара перфектно, од а до ш, ама на професотот му се видело дека и е напамет научено, па решил да ја потпраша и малку практично.
    И сега ја прашува демек за што станува збор ако сега тој стане од катедрата и почне да ја допира по интимните делови и да и ја соблекува облеката, па ја качи на бирото итн... Девојката знаела дека станува збор за обид за силување, ама си викала како сега да му кажам, па професор е, па стар е ова она. Професорот ја гледал дека ништо не кажува и и рекол демек ако не одговориш ќе паднеш, а ако одговориш добиваш 10. Девијката си молчела и овој и викал као демек ништо колешке паднавте, тоа ќе беше обид за силување, а срамота е така општи работи да незнаете. Го отвара индексот да и пише 5ка, а девојката му вика ,,Професоре а што ако мене тоа ми се допадна?,, Хахаха и овој и става 10ка, зошто нели тоагаш нема да биде силување :lol: И као демек девојката го надмудрила професорот :)

    Па повелете со ваши или туѓи приказни :)
     
    На SummerGirl, eloves, Beatriche19 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Сум слушала многу, студентски и оние од средношколските клупи ама голем дел од нив сум ги подзаборавила. Како и да е, ги обожавам и секогаш со внимание ги слушам/читам таквите "бисери".

    И еве нешто од мене:

    На економски факултет, на предавање во амфитеатар кај некој професор седела девојка и цело време си играла со нозете односно ги ширела и собирала. На дотичниот му скиснало и се свртел и и рекол: Колешке тоа се мие, не се луфтира! Не знам дали истата пак му се појавила на предавање и воопшто на факултет со оглед на тоа дека амфитеатарот бил преполн и сите слушнале и се изнасмеале.

    Не знам каде и кога, отишол некој студент на испит, се' научил ама професоров му се намерачил и решил да не го пушта. Не знаел како да се оправда и му го земал индексот го фрлил низ прозор и му рекол: Кога овој ќе добие крила и ќе се врати тогаш ќе добиеш ти 6-ка! И ко за нечива среќа во истиот момент доле поминувал некој и го видел индексот, помислил дека на некој му паднал и го фрлил (вратил) внатре. Професоров во тесно, сакал-нејќел пишал 6-ка.

    Во моментов на тие ми текнува, ако се присетам на уште некој ќе пишам ;)
     
    На pilemile, eloves, Beatriche19 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Не знам на кој факултет се случило ова, но се‘ раскажува со години.
    На полагање испит, некоја студентка носела сукња, арно ама под сукњата имала ливчиња. И си препишувала полека, се‘ додека не ја фатил професорот. И професорот подивен и рекол да ја соблече сукњата. Нормално, дека девојкава не сакала и се препелкале така, се додека професорот не и‘ ја соблекол пред цел амфитеатер. Битни се изјавите:
    - Ова не го направив како маж, туку како професор!
    Студенткава ни 2 ни 3, му опалила еден шамар и му возвратила на мудроста:
    - Ова не го направив како студент, туку како жена!
    И си заработила 6ка.
     
    На pilemile, eloves, daks и 10 други им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Економски факултет
    ден пред испит - на професорот на вратата од неговата канцеларија му лепат лист - кај тебе и магаре ќе положи
    ден на испитот - одговарам прва и како од топ, немаше прашање кое не го знаев, а тој ми вика - одлично , но ако сега положиш колегите би те сметале за магаре ( никој не положи таа сесија )

    ден по испитот - бев и лута и повредена и изманипулирана
    години потоа - знам дека и јас би го направила истото што и тој

    п.с. положив следната сесија речиси и без полагање
     
    На BoaVista, Tajnaotrovna, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ова се случувало во болницата, ученикот бил на пракса, јас така го знам :D .

    А ова лично професорот по физика ни го има кажувано за негов колега. Биле на предавање или вежби што ти знам и колегата цртал координатен систем на табла ама занемарил да стави стрелка на х оската и професорот му рекол да ја продолжи (нели ако нема стрелка бесконечна е :D ). Студентот ја продолжил оската ама професорот не престанувал да вика продолжи, продолжи... Студентот ја завршил таблата и продолжил по ѕидот и се така додека не стигнал до вратата и не ја напуштил просторијата :D .
     
    На pilemile, Name и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Хахахах сега ми текна една случка...Нели јас сум во Бг и сега на почеток ко бевме прва година,не го знаевме јазикот многу,не знаевме некои зборчиња што им значат и имавме испит физика...И еден мој колега имаше прашања Сила,звук и грмкост(а тоа му иди гласност мислам) и сега седнува тој да одговара,кажа таму нешто и после тој доцентот му вика Ајде кажи ми сега за грмкост :) И овај почнува (а тој мислеше нешто за громови којзнае :lol: ) и вика епа тоа е професоре кога има бури,надвор врни,фучи ветар и маваат громови нешто како гггггррррррр буууум бам трес :rofl: :rofl: Хахахахахахах и овај доцентот видел дека не го знај значењето на зборчето,ама така се изнасмеал што му пишал една пролазна отценка и му рекол да си прочита за тоа :D

    А,и ние секогаш одевме први,уште од 5,6 сабајле за да фатиме убави места,ако можи нешто да се препиши(ама тоа само на почеток,после нема препис) и за да излези на почеток доцентката и да можиме да си кажуваме :D Пошто даваат 45 мин-1 саат за пишување.А овие Бугарите се мрштеа,никако од нас не можеа на ред да дојдат,а ние цела банда :D Ех,колку ни беше интересно :wasntme:

    Кога ќе ми текни некоја друга случка одма ќе пишам :)
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Има еден таков студентска приказна за на Електро не знам дали е вистина или не ама кружи низ студентите.
    Некој терсене професор го прашал студентот на усен испит колку светилки има во собата. Избројал студентот две и си одговорил арно ама професорот извадил една светилка од фиока и му рекол „Грешите колега, има во собата три светилки, жал ми е ама не положивте„
    Оди пак истиот студент кај истиот професор наредната сесија и професорот пак истото прашање
    -Колку светилки има во собата?. Стидентот одговорил овој пат три. Професорот му се изнасмеал и му рекол „Пак грешите колега, во собава има две светилки овој пат немам светилка во фиоката„. Студентот му рекол „Вие немате но јас имам „ и ја извадил третата светила од џебот. :D И така си добил 10ка.
     
    На ❤blueGirl❤, citiesinflames, feminium и 9 други им се допаѓа ова.
  8. mila.s

    mila.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    36
    И јас ги знам овие две случки потполно исто :lol:
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    хахахааххааха,ме изнасмеавте :))
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Една случка и од ФОН да ви кажам.

    Еден студент заспива на сред предавање.
    Професорот приметува и им вели на останатите студенти: -Ај разбудете го колегата доста спиеше.
    На тоа еден од студентите одговара: -Па разбудете го вие, вие го заспавте.
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Не знам за кој факултет ми кажуваа, оди студентка кај професорот во кабинет да бара "алтернативен начин" да го положи предеметот ;)
    И овај и вика дојди вечер, во тој и тој хотел, таа и таа соба, а таа му го остава индексот за оценка. И одат во хотелот, вршат работа, па овој и го враќа индексот. А внатре нигде оценка, само 50 евра како "фала за вечерта" :D

    На татко ми пријателка кога излегувала да си ја земе дипломата, ми се чини на економски факултет, професорот пред цел амфитеатар искоментирал "Кај си ги нашла ма овие пантолони?" :x
     
  12. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Не знам дали е вистина но на пмф-биологија се збори дека на некој студент му дале тема за семинарска да прави за буба мара, предмет - без’рбетници. Таман тема. Всушност буба мар-ите се една група (според научна класификација се фамилија се делат натака на подфамилии, редови, родови, видови...латински имиња и тракатанци) на бубачиња нели, ко што си знаеме сите.
    [​IMG]
    Арно ама дечково однел тема за Дара Бубамара, некоја српска пеачка
    [​IMG]
    Професорот му се изнасмеал, му кажал демек “дооообра“ семинарска има колегата и го обрукал пред другите студенти. :lol:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ахахха интересно
    еве нешто,еден стидент (незнам на кој беше факултет) отишол на предавање со другар му кој воопшто не бил на истиот факултет, почнало предавањето и овој другар му почнал по некоја логика да зборува со професорот во склоп со предавањето вака така овој активен,и му рекол колега кажи ми зошто јас тебе не те знам до сега,кажи ми име и презиме ти заслужуваш да имаш една поголема оценка,браво како успеа толку вешто да одговараш,овде настанува паника кога дечкото му кажува дека дошол по барање на другар му за да не дреми сам на предавање !

    уште нешто не е башш некоја интересна случка
    Студент оставен на испит,по незнам кој пат го полага истиот предмет,професорот му рекол спреми се убаво веќе треба да ја знаеш цела книга после толку пати и на тој датум дојди кај мене во кабинет ќе средиме работа.Студентот буквално учење на книгата и оди во кабинтетот, самоуверен,научен, и професорот му вели "Знам дека знаеш сега можеби повеќе и од мене што пишува во книгата,нема да те малтертирам,само кажи ми го името на авторот на книгата и завршена работа " Студентот збунет, и пак и пак паѓа на истиот предмет
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ова се случило додека проф.Мицајков сеуште предавал на Правен факултет. Прочуен професор, најмногу заради тоа што има правено на студентите.
    Недела после полагање испит (пред ЕКТС модулот) одат студентите кај неговиот кабинет да видат резултати. На вратата стои бел лист и со пенкало напишано 1:0. Влегува еден, како претставник на студентите и го прашува професорот, вака и вака, резултати, кога, како.
    Мицјаков: Имате бе колеги резултати! Ене на врата обесено.
    Студентов во збунка целиот, зошто на вратата има само еден бел лист.
    Мицајков: Колега 1:0 за мене. Цела генрација паднавте!
    Без око да му трепне....

    А, ние што студираме по ЕКТС немаме баш интересни приказни за раскажување. Обично сите митови и дешавки се поврзани со усни испити. :)
     
    На fashionista, sanjalica и Hipster им се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Оваа приказна ја имам слушнато уште многу одамна, а имено истата се случила на медицински факултет за време на бивша Југославија.
    Студентите полагале испит и на една нивна колешка и се паднало прашање за тумор. И таа почнала да одговара:
    - Паааааа, тумор е округла творевина, којааа...хм, ммм,...уствари не, тумор е округла??? ...творевина...хмм, :?: ...тумор е округла творевина...
    И на професорот му скиснало, па и кажал:
    - Извинете колешке и моите јајца се округла творевина, па не се тумор! :rofl:
     
    На simonna.a, kikav, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Starfish ме потсети за Мицајков, не ми предаше мене среќа, но на колешки и на колеги постари што им има предавано кажуваа доста луди дешавки.
    Пред доста години кога уште се полагало усно, седи студентка, полага по незнам кој пат, и одговара едно саат време, и на крај Мицајков и вика, колешке се сте научиле, се знаете за 10ка, ама ви треба уште многу мааалку за да ви ставам 6ка, дојдете уште еднаш |(
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Хаха смешки.. :rofl:
     
  18. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Ова го знам одамна, веќе е ко мит што се раскашува по студентските домови и кругови. Двајца студенти се спремале за испит за утредента, арно ама, вечерта биле канети на забава. И демек муабетов, абе научивме доволно, ај ќе идеме на кратко на забавава и ќе се вратиме порано за да спиеме. Арно ама, заглавиле до доцна и утредента се успале за на испит. Бидејќи им бил последен во сесијата решиле да одат со некоја приказна и да го замолат професорот да им дозволи да полагаат. И така отишле, испитот веќе завршен и му кашуваат на професорот дека вечерта си иделе од некаде со кола и дека пукнала гумата на колата и не можеле да дојдат на време на испит токму поради тоа. Професорот се согласил и им рекол да дојдат утредента. Кога дошле на испит, професорот ги ставил во две различни простории и им дал две прашања. Првото прашање било: Објасни го процесот на фотосинтеза, а второто „Која гума?“