Интересна е сиријата, ја гледав за време на распустот и ми се бендиса но сега мислам дека почнаа во 13:00 часот да ја даваат поради новата емисија на Алфа a + тоа неколку дена нема реприза во 23:30 часот и сега нема да можам да ја гледам
јас ја гледам на алфа сеа смеија термин во 15 и 20 и многу ми е интереснааа посебно маркосс авв многу е убав жал ми е за Карол која умре во претходните епизодии беа совршен пар со маркос
El Internado (Интернат) Ми треба помош од вас феминки, дали некој знае некоја страна на која може да се гледа или спуштат епизодите од Интернат затоа што не сум во можност да го гледам во овој термин од 15:20 на алфа?
Сега се дава последната сезона, можеби не толку возбудлива како претходните но сепак сеуште добра. За мене минатата сезона беше најдобра кога се открија сите работи.
Јас ја имам гледано на AXN ама само 4 или 5 епизоди од последната сезона а предходните не и затоа барав за некаде да ги гледам и на алфа неможам да ги гледам, сега можи не е интересна во почетокот на последната сезона ама последните 3 ке бидат многу интересни.
Серијата мене ми е преубава! Иако ги имам гледано само првите две сезони(добро, и неколку епизоди од седмата сезона ), можам да кажам дека ми е најубава серија што сум ја сретнала во животов. Тие што ја немаат гледано им препорачувам да ја гледаат на интернет,нема да се излажат.
Преубава серија. Ја гледав летово само не ја завршив последната сезона зашто ми стана досадна веќе се открија мистериите и ми немаше смисла да ја догледам, но се на се супер серија
Серијата мие во срцето.. Почнав да ја гледам ии се опседнав со неа, во секоја епизода излегуваат нови мистери што не можиш да замислиш дека ќе се деси нешто. Последната сезона некако е малце досадна но серијата е Vrf ви ја препорачвам нема да зажалите <3
Не малце досадна, дупка е последната сезона за разлика од останатите, но тоа е што е. Јас првин ги гледав 3-4-5-6-7, а подоцна 1-2 сезона и со сигурност можам да кажам дека првите до шестата се врв.. Баш на крајот ја изџвакаа ко паштета..
Тоа де. Цело време, оваму се лековите, оволку ги има, мешајте им ги со вода. Па затворените се бунат, па крв, па глупости.. А чекај, на крајот почина момчето на Марија?
Да, почина Фермин, многумина умреа во последните епизоди. Седмата сезона беше поинаква од претходните, но не дека не беше интересна.
Една од поубавите серии што сум ги гледала не очекував дека ќе гледам ваква шпанска серија, па и ова со нацистите, некако посебна ми е, преубава, жал ми е што ја изгледав