1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интернетот и религијата

Дискусија во 'Религија' започната од tessie, 26 септември 2014.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Сите сме свесни дека интернетот се` повеќе е застапен во нашата комуникација. Полека но сигурно, во голем дел ги заменува писмата, печатените книги, па и телефонската комуникација. Меѓу другото, преку интернетот се здобиваме и со информации во форма на текст/слика/звук и од религиозен карактер.

    Дали е ова правилно? Мојот одговор на ова прашање е (според моето скромно мислење на темава) е: зависи од начинот на користење на интернетот за оваа цел.

    Има еден многу интересен текст поврзан со темава ( Социјалните мрежи не се местото каде верниците треба да ја споделуваат вербата во Бога ) со којшто во голем дел се согласувам. Никогаш не сум практикувала да споделувам и лајкувам икони за среќа, да „пишам Амин ако сум Христијанка“ и слични нешта. Сум споделувала слики од икони, цркви и сл. единствено за да споделам убавина, т.е. ако ми се допаднале од аспект на изработка, изглед и сл.

    Сепак, не сум за тоа религиозните содржини целосно да се исклучат од интернетот. Јас лично премногу нешта за религиите научив токму оттука, форумите, веб страниците, па донекаде и социјалните мрежи, совети од отците и духовниците (со некои од нив можеби никогаш не би имала прилика да стапам во контакт во живо или да ги начекам нивните учења на ТВ или радио програма). Сметам дека освен во црквите и лично од отците, треба и самите да бараме информации и да учиме за нашата религија. На времето мислев дека чувството е доволно, но од особена важност е и знаењето и правилата како да служиме на Бога на начин на којшто нашата вера налага. Да се учи за сопствената вера, за што е правилно, а што погрешно е многу важна работа во нашиот живот како верници. Причини има многу, но само една од нив е: да не дозволиме да вклучиме во име на верата и разни традиционални навики, празноверија, обичаи коишто немаат врска со нашата вера и сл.

    Сум за застапеност на информации од ваков карактер на интернет на правилен начин, но далеку од тоа дека тоа треба да го замени нашиот литургиски живот.

    Кое е вашето мислење?
     
    На Таа Сум, Priroden, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Сите човечки мислења, представи, идеи и постапки - било да се вистинити, полувистинити или измислени, исто како и сегашните и некогашните настани кои се одиграле од како постои човештвото се складираат во еден невидлив духовен слој кој ја обвиткува земјината атмосфера. Некои езотерични учења ја нарекуваат акаша или етерична хроника. Христос во денешните објави ја нарекува атмосферска хроника бидејќи се наоѓа во горните делови на атмосферата.

    Сè што е таму содржано тендира да се преслика себе си во некаква форма во материјалниот свет.
    Медијално надарените луѓе честопати црпат од оваа атмосферска хроника мислејќи притоа дека се во комуникација со некакви виши божествени светови но тоа е далеку од реалноста.

    Овој систем на сèштотија од информации и самиот себе си се има пресликано во физичкиот свет во форма на интернетот. Како луѓето ќе го користат останува на нивната слободна волја но сето тоа исто така подлежи на законот на сеење и жнеење.
     
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Да, поради Интернетот многу луѓе можеле самите себеси да ја дознаат вистината, а многу други по цел ден пцујат по религијата. Катастрофа е. Какви се зборови, колнења, омраза, толкава омраза, толкави навреди... не знам, едноставно треба да се игнорираат. Има и од тие кои искрено сакаат да дознаат повеќе, но најлошото е тоа што толку многу внимание им се дава на тие што постираат такви негативни коментари, особено на Јутуб, игнор е секогаш најдобриот одговор. Ако некој пишува од емоции, едноставно нема како да се разбере човек со него/неа.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Најретардирано ми е она сподели икона од Богородица за здравје, за пари...
    Порано бев сведок на многу религиски дискусии, поточно расправии на Интернет. Интернетот лесно може да ги изманипулира луѓето, а и замина дотаму што има сајбер гробишта каде човек со еден клик може да положи цвеќе и да запали свеќа. Стварно ненормална работа.