Јас се сеќавам на мсн кога се играше вистина или предизвик. Па минута молк за сите тие брука статуси што сме ги пишувале...
Леле лудница беше .Со сестра ми прв пат се вклучивме на Дај ап во 2001 година. Мене најмногу ми се свиѓаше звукот на поврзувањето.Вклучиш звучници за да чуеш дали се конектира.Колку спиро бешеМногу скапо беше 70 денари 1час мислам. И кога ти дојде тел сметка . Ама имаме супер родители па не толерираа. На портали не се сеќавам ни што гледавме.Знам дека дада не ми даваше МИРЦ да уклучам демек у интернет кафе било поефтино и одев. Се секавам после излезе 500МБ интернет од телеком за 600 денари и знам кога слушав на Јутуб ќе ја наполнев песната и го одлогирам интернетот и ја слушам песната 100 пати да се исплати А на МИРЦ одевме со сокласничка после школо. Дремевме по 3 саати.
Од мсн ми остана во сеќавање дека можеше да се задрма чатот кога некој не е тука. Леле врвно. Во врска со фб и почетоците кога ми го направија профилот ми беше шубе и никаков. Топ мк имав и тогаш имаше Sol да имаш 100 проценти потполнет профил и да си купиш SOL и да си подаруваш некои поклончиња, да бидеш најпар и така натаму. Тоа време кога беше топ секогаш ќе го памтам беше најубаво време, немаше многу глупости, па правеа забава во еден кафиќ и се собравме многу луѓе дојдоа и од други градови. После тоа сајтот замре се појавија албанци( имаше и претходно ама не во голем пораст) и пишуваа глупости. Јас си го деактивирав профилот. Ask.fm немав поточно тогаш и веќе бев возрасна и не ми влечеше внимание да направам. Тоа беше за деца ама се сеќавам дека имаше една популарна што правеше 1000 глупости па кружеше на фб објави за неа и по порталите. Мислам дека од многу гледање на Ангели децата влегоа во некој филм. И на пријатели.мк имав профил, не го користев често и таму си го деактивирав профилот. Ако ми текне уште нешто ќе допишам. Едит: Paperdollheaven ни беше занимација на час по информатика - средно некаде.
А stardoll го памтите ли женски? Таму памтам се киснеше на информатика во 5-6 одделение Иначе еве еден ултимејт спомен од тие страничките на фб 
Јас пола од овие страници што сте ги спомнале не знам дека постоеле. Не оти сум многу млада, него компјутер и интернет дома немав до 2010. Но, братучедите имаа и се сеќавам дека одев кај нив за да поиграм на компјутер (читај да цртам на paint). И најдобрата другарка во тоа време имаше најнов компјутер "пентиум 3", плус и интернет и се сеќавам пишувавме на мирц (таа пишуваше, јас ракоплескав) игравме Херкулес, Симс...После излезе мсн, па се допишувавме со тие стикерчињата што светкаа. Па после дојде ерата на пријатели и hi5. Имав заеднички профил со уште две другарки. Од сегашна гледна точка сликите се отров. А тогаш мислевме најубави сме. А вчера ми излезе на хоумпејџ еден апла пубертетлиски статус на фб на една другарка од 2009. Некоја од другарките и го нашла, абе ја утепаа од заебанции во коментари. Па си велам може подобро што јас немав пристап до интернет подолго од другите. Кај мене на Фејсбук нема материјал за закачање