Zdravo,szláv da ve prasam,dali ste imale nekoi ponudi za eftini krediti za koi vi baraat prethodno da izvrsite odredena uplata? Se pretstavuvaat kako Hristijanska organizacija.
Жено, логика? Па уште и христијански? Ваљда уредени се со некои библиски начела. Ако се христијански и како што треба неповратно ќе ти ги дадат. Не бе... не. Убави убедувања си имав за луѓето, религијата, ритуалите, турбофолкот, литературата... ама ме омекшавте тука, ај, шири го погледот, чунки различни. Ама више... не!
Девојки пазете доколку добиете маил на gmail и во пораки на youtube дека дечките од Youtube каналот имаат изненадување за вас (го отварате линкот и поклонуваат Iphone 7 затоа што сте претплатен на нивниот канал). Никако не внесувајте податоци ваши ниту пак да ги напишете во информации и потоа да ги избришете. видео линк од скамот како изгледа:
Наводно женски личности се спријателуваат на социјални мрежи и се рекламираат како разголени за да потоа бараат да им се разголи и соговорникот, тоа го снимат и бараат пари за да не ја шират снимката. Ова ми го прати мој роднина. Слики од екран за разговорот. Моментот кога се кажува дека нема пари се прекинува контактот и профилот исчезнува. Можно е самите социјални мрежи да ги ловат корисниците и да ги даваат податоците на измамниците, околу тоа кој би бил погодна жртва.
Здраво на сите. Сакам да ве предупредам за најнова интернет измама што масовно се шири кај нас. Дечкото се претставува како дел од нова маркетинг агенција што нуди обуки онлајн и праќаат информативен вебинар во кој се бара од вас да платите 10 евра за да може до крај да ја следите цела серија на часови. Наводно после тоа ќе почнете со заработка ама секако се е измислено. Значи ако некој ви се претстави дека е во БОБА МАРКЕТИНГ ОД ХРВАТСКА веднаш пријавете или блокирајте го. Поздрав и не наседнувајте има премногу измамници по нетов.
Пријави во полиција ако си оштетена, сепак пример 1000 души да измами по 10 евра тоа е голема сума, можеби затоа што се работи за мал износ од полиција нема да се занимаваат поединечно за секој случај, ама ако биде масовно пријавуван тогаш ќе истражат.
Пред некое време еден познаник ме напна да се регистрирам за вебинар со ова за маркетинг, на хрватски беше. Ама тоа беше бесплатно, па после ако сакаш да следиш се плаќало. Од култура го проследив само првиот вебинар и ми стана јасно за што се работи. Може и не е измама од типот дека се лажни, не знам, ама дефинитивно е пирамидална шема и јасно ми е како функционира тоа.
Здраво девојки, незнам дали ова прашање е за тука,но ајде вака. Пред некој ден на јутјуб ми се појави пост за предвидување на иднината. (знам дека грешката е огромна од моја страна?) И ете јас нзм зошто ама пишав као демек ми вика ај слика, датуми и прашање прати ми. Јас глупава и пишувам кога ќе се оствариме како родители и што мисли нековата фамилија за нас. И ми пишува заклучен ти е стомакот да немате деца, некој од страната на сопругот. Јас се здрвив и и пишуваме заедно со мажот ми као демек и сеа што, таа ни вика требачистење и глупости изнакажа сето ќе ве кошта околу 450 евра. Мене јасно ми беше дека станува збор за превара. Затоа што јас што и го поставив прашањето таа само го искористи во негативна смисла, барем такво е моето мислење. Меѓутоа иако знам дека 99% сето тоа е интернет превара (станува збор за србинка) остави во мене некој црв да ме јаде, дали е можно, што ако е така, иако мислам дрка не е возможно тоа. Е сега само без осудување на мојот погрешен чекор ќе ве молам за совет, мислење и дали некој друг од вас се има соочено со некоја ваква ситуација. Позз
Иако ми е тоа јасно, но кога ми го пиша тоа јас останав буквално во шок, а и сеуште мисливе од време на време ми летаат таму. И сега само ми остави црв сомнеж во мене....
Пробај со други податоци постави го истото или слично прашање, да видиш тогаш што ќе одговори. И не се секирај, да знаеше нел Кој така да ја гледа иднината.. Ехее... Сѐ е тоа лага за пари да извлечат
Пишав и истата порака ми ја пиша.... Каде замина светов се се врти околу лаги, измами, пари и се разбира не толку многу добри луѓе. Страшно
Ми стигна смс инфо на мобилен со текст "погрешна адреса, артиклите ќе бидат вратени" и во продолжение некој италијански сајт. На порака не може да се одговори. Инаку, на интернет никогаш ништо не сум порачала. Искуство? Сега ми стигна дека е откриена спам порака.
Измама е секако, избриши ја пораката и блокирај го бројот. Вакви еден куп има и на мејл, и на социјални мрежи и секаде.
Ja снема пораката. Секако стигна смс за заштита од спам. Абе глупости, од македонски граѓани се обидуваат да украдат податоци, како да сме пребогати.
Слична порака ми пратија. Ама не ми бараше ажурирање на податоци. Можат да фатат на препад некој што често пазари на интернет и не внимава каде што нарачал.