Еве ги сеа и мене ми стигна, а и не знам више на кого све не. Сеа па од Гамбија бројов е. Оперираат они на велико низ цел свет па кај упали, упали. Известете ги постарите поготово да не штракаат све па да се заебат и после Цацко крив да им е. Ненормално е колку има лековерни луѓе кај нас. А коа идеш кај линкот те носи до фејк сајт демек сајтот на нашава пошта е. Добро шо ги блокира системот поракиве дека се спам ама сепак можат да се излажат луѓе.
Здраво здраво, да се надоврзам на некои од постовите погоре на Assertive Girl и SeaMermaid. Ми испрати порака девојче што не го познавам со кое имам заеднички пријатели на инстаграм од типот дали може едно прашање, дека работи со online marketing и дека бараат луѓе кои би работеле со флексибилно работно време. Секако детали не споделува, освен да го гледаш тој нивниот вебинар којшто решив да го гледам а и го гледав и вториот бидејќи првиот не дава никакви информации за тоа што точно е работата ( should have known, right) освен дека има неколку начини на заработка, "не е pyramid scheme" и дека работат со welness производи и козметика. Вториот се наплатува 10$ и е цели 3 саати во кои апсолутно ништо нема да ви се разјасни, туку се продава раскошен живот, не ги слушајте луѓето околу вас и бидете дел од тимот блабла. Името на компанијата јас не го слушнав но го прашав девојчето со кое зборам и ми сподели Bhip - Be helping impacts people Почнав да пребарувам се и сешто да дознаам повеќе, луѓето коик зборат на вебинарот ги споделуваат своите инстаграм профили а на нив само раскош, алкохол коли јахти. Ниту еден нема напишано која е нивната професија, компанија што уште повеќе е сомнително. Во секој случај да не го должам, после овие два вебинари на третиот бараат да вложите преку 1,000 евра(секако до сега не спомнато) да купувате од тие производи секој месец и слично. Споделувам што најдов затоа што и да има заработка навистина, ова е премногу shady и сакам да ве предупредам затоа што масовно се шират низ Македонија!!! Поздрав и не дозволувајте да ве изманипулираат! https://danas.hr/potraga/obecaju-la...-muljaze-c91633fa-b9f4-11ec-b2db-0242ac120035