Знаеме дека бројот на корисници на интернет мрежи расте секојдневно...НО, но што се случува, всушност каква е судбината на интернет профилот после покојникот??? Многу стручни лица предвидуваат дека наскоро ќе има нова професија која ќе се занимава со интернет профили на умрените лица. Интересно прашање...Дали Вие би оставиле интернет тестамент, дали би сакале да ви се избрише или да ви се замрзне профилот?? Дали би сакале вашите слики, видео снимки да останат или да бидат тргнати???
нема никакви размислувања јас немам ФБ, за мејлот нема проблем, не е нешто многу корисен..но, што ако некоја од моите или вашите пријатели не/ве замоли да и го средиме профилот после нејзината смрт..ете, на пр. ни ги даде лозинките и ни ппосочи некакви желби?????
Ништо не е битно одкога ќе не нема, може комотно се да е избришано и блокирано, језиво ми е да постои мој профил одкога ќе ме нема Бабе шо вака морбидни теми?
Не сум размислувала на оваа тема. Може да остане така, за спомен да се фотографиите, видеата.. Не знам, немам некое конкретно мислење оформено А баш ми е крипи кога гледам како од некој покоен објавуваат слика со последни зборови и го тагнуваат.. Или кога на ѕид пишуваат Лесна ти земја, Почивај во мир... Некако невкусно ми е..
Сум размислувала за ова. Нема да ги оставам никому.Мене ако ме нема и нив ги нема. Не сакам кога ќе умрам да ми тарашка некој по приватниот живот. Ќе ми се вознемири духот
Бабе у последно сите теми што ги отвораш се поврзани со смрта, само на тоа мислиш. А во врска со темава ми има паднато на памет ова, и сеедно ми е, но подобро да ми го избришат одма под услов да не ме чепкаат по приватноста.
Има опција на фејсбук или да одбериш некој што ќе има пристап до профилот или па целосно да се избрише после смртта. При првата опција, стои "Remembering" кога некој ќе го посети профилот ако до фејсбук има некој (се бира личност од пријателите на која оставаш "тестамент") што ќе пријави дека личноста е почината. Спојлер Јас лично немам проблем да ми стои профилот откако ќе починам, се додека се знае тоа.
Ми почина млад другар пред 1 год отприлика. Баш пред неколку дена се вклучувам на фб,светка зелено за разговор месинџерот,сликата негова Он лајн беше.... Малку не ми падна сеедно што некој го користи профилот негов 1год после неговата смрт.Кој и да е не е битно,не е негово право.И што сака да постигне? А јас незз би сакала да има опција доколку не го користиш одреден период,сам да се избрише. Не би сакала никој да ми буричка низ приватен живот иако нема да бидам веќе меѓу нив.
Денешнава катастрофа што се случи, големата трагедија која зема многу човечки животи пред време, млади луѓе кои само што зачекориле во светот на возрасните, ми даде мотив за оваа тема..не е морбидна, напротив, нормална и потребна, природна човечка....дефинитивно е дека сме само гости на овој свет и затоа мислам дека би требало да знаеме и да се погрижиме за она што го оставаме зад себе а тоа се нашите профили. велиш дека ти е језиво да постои твојот профил кога ќе те нема..точно така..па затоа и се планира да почнат со работа луѓе кои со новата професија што ќе се вика дигитални гробари или менџери на дигитална смрт.
Или да го избришат профилот или да го блокираат тоа важи за сите мрежи на којшто имам профил. Едноставно сакам се да исчезне што е поврзано со мене. Малку смрт овие денови, па и темата фалеше уште. Цел ден игнорирам да напишам туку, но ете пишав.
Ми почнаа двајца фејс пријателчиња. Едниот почина при пад од воз а другиот во странство. Едно време профилите останаа и на двајцата. После некое време профилот на дечкото што почина во странство беше згаснат, а на дечкото што падна од воз остана, демек да се зачува ликот и делото. Мене лично језиво ми беше, па го отстранив после одреден период. Лично сметам дека доколку нема некоја посебна причина за тоа треба да биде згаснат.
Не му ја мислам многу за Фејсбук профилот и онака ми е речиси празен, повеќе му ја мислам да не ми го откријат профилов на форумов. Ептен буреци се имам изнајадено.
Зарем се замарате за судбината на накакви профили после вашата смрт? Од причина што профилите се лична работа, најдобро би било истите да видат избришани. Никакво користење, одржување или оставање во наследство
Св. Петар. Па некој од твојте блиски ќе пријави до фб, инста, било кој форум, дека поради смрт корисникот на профилот не може да го користи. Постојат сооедветни алатки за тоа. Во животот има многу попаметни и поважни работи, отколку замарање за твој профил. Живеј го животот и не се замарај со глупости.
Опис и попис на работните задачи на менаџерот на дигитална смрт или дигитален гробар ќе биде да ги средува постхумно профилите на социјалните мрежи, мејловите...да, морбидно звучи, но велат дека за 10 тина година оваа професија ќе биде најнормална како и други.