Го користам интимниот гел на Cliven и многу сум задоволна Сега веќе не можам да замислам со сапун да се мијам
имав користено и од орифлејм и од авон ама шо знам не бев задоволна и сега си се мијам со гелот за туширање
На сакам да користам бидејќи гинеколозите не ги препорачуваат, туку баш напротив велат дека се штетни... и страв ми е да пробам
Па поделени се мсилењата на гинеколозите околу тоа дали да се користи интимен гел или не. Јас со години се миев со детско шампонче на Бекутан и ми беше страв со гел али откако пробав со гел поубаво ми е. Затоа мислам дека треба да пробаш па после ќе си знаеш што и како ти одговара.
Сум користела неколку врсти ама морам да кажам дека не ми пријале баш баш.Затоа си практикувам само шампонче и тоа камилица и сум задоволна од него.
Користам интимнен гел на Авон негде 3 месеци и приметив дека последниов месец белото прање ми е доста зголемено, претпоставувам дека е до геловите бидејки порано скоро воопшто немав. Сега ми е потрошено па ќе сменам со некои од вашите препораки па ќе видам дали до гелот било или не.
Приметив дека додека се миев со бебешкиот шампон на Бекутан имав многу бело прање а кога почнав да се мијам со интимниот гел на Генера ми се намали. Пробај со некој друг гел смени, па ќе видиш дали ќе има промена.
Со тие интимни гелови само си отвараме една болест повеке за лекување ништо др.Поубаво со камилица или со шампонот што се бањашс само да се поминеш отколку со тие глупости.Најубави се детските шампони бидејки не се штетни
Го имам користено само на Нивеа, гинеколог ми рече дека се штетни таквите гелови и под итно го баталив. Доволно било од глава/тело што си тече и измива за време на бањање, и си послушав.
Ги имам пробано и од авон и од орифламе, не сум имала никаков лош ефект, среќа. Но по зборење со мајка ма друграка ми која е гинеколог и лично и искрено но препорача да е користиме ништо од тие глупости. Ни нивеа, па дури ни еуцерин. Ако веќе користите нешто користите само бекутан. имаат прерасна миризба и никој ама буквално никој се нема пожалено од нив. Штом им се супер на мали бебчиња, кои се најнежни и најосетливи, тогаш сигурно се добри и за нас. користете по малку секој ден или секој втор. имам еден гел од орифламе, ок е супер мириса, но ете ми стои поливина и страв ми е да го користам. незнам не сакам да ризикувам сепак се работи за нешто мн осетливо. Вие си знаете што ќе користите, јас верувам во гинеколозите мн повеќе него во лажните тврдења дека се клинички тестирани. или било кој други бекутан купки или шампон.Проверено најдобро
Исто исто. Користам исклучиво бебешки производи, особено откако гинеколог ме има исплашено за козметиката за интимна нега која ми има кажано никако да не ја употребувам. Фала му на Бога, засега сум задоволна.
Порано не користев ништо но одкако ја прочитав темата трк до продавница и си купив Бекутан шампон и после неколку миења навистина забележав дека е помеку у со поубава миризба
Не користам интимни гелови,бидејќи имам слушнато многу се добивално инфекции ,и такви работи. Така да ,најубаво бебешкиве козметики Користам и обично гелови,али треба да се префрлам на бекутан,што побрзо
Го користев интимниот на Офирлејм кој ми е прикрај,ама сега ве исчитав и ке си земам бекутан. Инаку некогаш варам и камилица,и се плакнам после бањање и со тоа.Многу е важна интимната хигиена,ако не и најважна.Несватливо ми е кога ке чујам дека само со вода се мие некој
Погоре е постиран шампон бекутан и мислам дека кошта околу 100 денари. И мене гиникологот уште што не ми изнакажа за тие интимни гелови. Најдобро е да се избегнуваат доволно е да се измиеш само со млака вода и понекогаш со чај од камилица.