Девојки го има ли некоја пробано Acidosalus gel за интимна нега? Јас најискрено не сум задоволна ни од Авон, ни од Орифламе ни од Нивеа. Имам слушнато дека Acidosalus не штети на ПХ вредност и не предизвикува никакви инфекции.
Штом не си задоволна ни од Авон,ни од Орифлејм, ни од Нивеа, зошто не пробаш со нешто бебешко за бањкање? Бекутан, Џонсон, Беколино... Јас имам Беколино и сега ми е мирна главата, премногу сум задоволна, а и гинекологот ми има кажано, никако гелови..
А каде го има интимниот гел на Генера? Го барав во тинекс, во зегин и во уште еден маркет и го немаше. Ги има само овие на Cliven, Carefree, neutro roberts. А мене гинекологот баш ми препорача да користам гелови за интимна хигиена затоа што ја имаат баш онаа pH вредност што е потребна. Не смеат да се користат обични гелови за туширање за таа цел.
Genera интимни гелови побарај по аптеките. Инаку јас користам Carefree,не ми е нешто посебно,па читајки ја темава одлучив кога ќе ми се потроши да си купам Косили или Бекутан. За бебенце,би требало да е добро
Во која аптека? Во Зегин ме гледаа чудно. Те молам ако можеш кажи ми во која аптека во скопје го има. Фала
Некоиу гелови ја уништуваат флората но зависно на кој како ќе му се погоди Јас го користам carefree со алое вера и да ви кажам ми прија и супер е
Имам пробано Nivea, Carefree и сл. ама секојпат си добивав инфекција . Затоа во последно време само со водичка, ама ај ќе пробам со Бекутан се надевам добро ќе биде . Само ме буните пошто пишувате шампон. Мислите на купката или баш на шампонот за коса што е?
И јас го користам Simply Delicate на АВОН но безбојниот и мислам дека е супер,одговара и не надразнува а има и пријатна миризба.
Овие гелови ми се само рекламен трик. Демек посебен пх фактор, не знам што. Преку глава ми е кога одам на капење и користам 300 разни средства.
мене гинеколог ми има кажано дека воопшто не се препорачливи интимните гелови, па јас само со вода се мијам.
најдобро е да се користи pH неутрален сапун или гел, јас препорачувам Бекутан, било да е сапун или гел, најважно е да е pH neutral
Убаво ти кажал и тие упорно кажуваат ама нема кој да слуша, додека не закачат некои инфекции, бактерии....
И јас порано се советував за овие гелови со мојот гинекологот, бидејки не можев да си погодам.., но мене баш поради тоа ме советуваше да се мијам со детски течен сапун бидејки се поблаги, и тогаш користев еден бебешки лосион за туширање што е многу нежен, но бидејки сакам да испробувам по препорака од другарка го пробав овој што го ставив на слика и нежен е исто како бебешки и не го менувам веќе.
Во моментот го користам овој и пријатно сум изненадена од него. Го купив околу 100 денари, а можам да кажам дека е подобар од Нивеа и Керфри. И ве читам како велите дека овие гелови се штетни, дека не ги препорачуваат гинеколозите и не знам што- ако било така немаше да пишува на производите дека се одобрени баш од тие здруженија на гинеколози Јас пробав така некој период да се мијам само со вода, и се осеќав ептен глупо, ко да не сум се ни измила, а плус почна да ми се јавува и некое чешкање, некако сува ми стана областа, како перутање нешто Потоа го купив овој гел и после два-три дена, пак ми се врати кожата во нормала, а се чувствував многу поубаво и посвежо отколку миењето само со топла вода . Се препорачува и миење со чај од камилица, ама некако не ми е практично така- да варам чај, па да го ставам во друг сад, па да потурам , а бебешко шампонче не ми се става долу, така што секогаш гласам за интимен гел.
Кога Ph вредноста на слузокожата на вагината е нарушена, сите лактобацили спобудалуваат и оп инфекција. Ништо, освен чај од камилица и вода и после само бекутанче по миење и готово... Не се будалете, аман, вагина е и да ви мириса, мириса на вагина, башка реакцијата на здраво путе е кисела. Не одете против природата.
Го имам тој гелот од Нивеа, убав е, не сум имала проблеми (за разлика од другарка ми). Ама не го користам секогаш, 1 неделно само. Не сакам да го навикнам тој реон на козметики, а и мајка ми ме советува дека и вода е доволно. Миење и чисти гаќички секој ден и нема да се има проблем