Користев Nivea Intimo и госпожата многу убаво ми мирисаше (на бонбончиња, на памукчиња, на радост) се‘ дури еден ден не пресуши и овена. И така... сега само со вода или чај од камилица. Ете така.
по препорака на гинеколог, САМО БЕБЕШКИ ПРОИЗВОДИ, јас најчесто користам или сапун бекутан или купка бекутан за „тој“ дел
јас го користам гелот од Авон и задоволна сум, али според ова што го читам гелот на Нивеа примамливо ми звучи, следен пат ќе го купам
девојки не користете такви ср.ња знаете дека од нив се прават најголеми инфекции,јас само бебшки сапуни или мерима или бекутан или само со вода и камилица,малце да сменам ,со нешто друго да ја искапам и одма проблем затоа само бебешко
Многу различни купки за интима сум пробала, но ова е единственото нешто кое ми одговара и немам никакви проблеми од него Пред некој ден се измив со бекутан сапун, но и тој не го поднесувам, дефинитивно
Го купив и јас гелот на Нивеа Интимо за чувствителна кожа. Се измив 3 пати преку еден-два дена, како што и се бањам, и веднаш после тоа ме чешкаше долу. Претпоставувам дека ми е од гелот. Избегнувам да користам гелови и такви ми ти работи за таму, баш затоа што сум склона кон бело прање, и се мијам само со Бекутан сапун, вода нормално и понекогаш чај од камилица. Сега гелот така ми стои, џабе лупнав 250 ден.
Јас се мијам со чај од камилица заради ph вредоста на интимните делови, бидејќи било кој интимен гел ја унишува и може да создаде чешање или да создаде база за ифекции, исто ги пиев и таблетите лактигин за обновување на флората, така да не користам интимни гелови ниту сапуни бебешки сите ми создаваат чешање, а камилицата ми ја препорача докторот.
мене докторката ми го препорача овој гел затоа што бил од органско потекло... дали некоја од вас го има користено и како се покажал?
Одвратен коментар, и та ви бириса аш ви е гајле нели? Ех, каде отиде светов ова да го кажеше некоја баа, па да разберам но млада девојка? Мислам страшно е колку млади има што н обрнуваат внимание на интимната хигиена, и тоа она нај основната. Значи неможам да разберам една девојка да не ја измие интимата бар наутро, и навечер пред спиење мислам има девојки/жени кои се мијат доле само кога се тушираат т.е бањаат а во зимскиот период тоа е најчесто 1 или 2 пати неделно тоа е за мене ужас. Инаку не користам ништо посебно само сапун и вода.
Деновиве заклучив дека кој и да го корститe и Бакутан од камица не е убаво да биде претерано често! Не чини бе, еве претерав јас и еве што ме снајде. Ме чеша како никогаш до сега, зашто конкретно незнам, но се сомнавам дека е од тоа. одам деновиве на гинеколог и споделувам резулатати. Користење на гелови умерено, не секој божји ден, па и секој втор. По мене испадна не е баш препорачливо. Или тоа, или и бекутан не се, тоа што беа
стучно и медицинские дозволено 2 пати неделно користенје на интима кај жената јас едно 8 години го користам нивеа и сум многу задоволнаод него
Користам Интима Робертс гел еднаш или два пати неделно, останатите денови само со вода. Без разлика дали се миете со сапун, гел или само со вода, ги користите рацете за миење, а покрај тоа се миете и на цело тело, бактериите така најмногу се разнесуваат на целото тело
Досега не сум имала користено интимен гел.Само бебешки производи. А дали интимен гел има и во аптеките и колку пари е?!
Имаш и во аптеки и во маркети па и во обични малски продавници можеш да најдеш. А за пари зависи за кој гел прашуваш, различни гелови-различни цени. Јас го користам овој на Генера од камилица и задоволна сум. 110 денари го земав во Тедико.
има ли конкретен нивеа гел за ИНТИМНА нега, зошто барав низ маркетиве не најдов, најдов само обични гелови