порано не сум користела нешто специјално,косили или бекутан,сега почнав nivea intimo од камилица и задоволна сум,ма да нема некоја разлика дали тоа или бебешки шампончиња исто ми е
Има насекаде и вака изгледа Јас само ќе ви го расипам филмот да не користите ништо поради здобивање со инфекции, бело прање.... како сакате, секој со свое право
Користам гелови за интима ... ги има по маркетите, можат да се купат секаде , а исто така и влажни марамчиња
јас не користам сапун обичен бидејки ми предизвика пликови и чешање. сега се мислам дали да земам од нивеа , а каков е тој гел може ли некоја од вас да ми постави како изгледа за да го побарам во маркетиве?
На овој ли мислиш другарке? Јас ги имам користено , има 3 вида од Нивеа интимните гелови и сум баш задоволна, немам некои неугодности, но сепак кај секого е различно. Пробај и ти па ќе видиш дали ќе ти одговара. инаку да ти кажам дека овде кај нас Во Гр.го нема, имам барано, јас си земам од Мк кога одам
Јас освен Нивеата што ја користам, последно што земав да пробам е на генера, можам да кажам дека е ок, исто како Нивеата е, нема некоја разлика, единствено во цената е разлика, генерата е малку поефтина
Најубаво е да си земете интимен гел без мирис, остај што пишува камилица или алое. Јас го имам користено од Нивеа порано, ама нешто баш не ми одговараше, зависи изгледа кај кого како
Порано и јас го користев оној гелот на Нивеа, но реков дај да сменам малце се истиот го користам и си порачав од Авон. Искрено да ви кажам сум задоволна....
Мене искрено многу ми е страв да експериментирам со геловите, посебно затоа што дадичката ми е многу осетлива. Порано користев Клео, ама ете почна да ми ја иритира кожата, чешкања, црвенила, друго, трето, пето иако го користев еднаш неделно, два пати преку сила. Од тогаш ги чкртнав интимните гелови од листата. Језа ми е, нејќам да си докопам некоја инфекција, па да кукам после. Сега го користам пенливото средство со камилица на Бекутан еднаш неделно обавезно, а при туширање тој дел го поминувам само со вода. Засега ми одговара и не планирам да менувам доколку ете, нема потреба.
Јас порано го користев овој и не беше лош. После тоа преминав на Carefree и исто бев задоволна. Сега сум на Бекутан шампонче и не го менувам веќе.
Кажете ми девојки кој од овие е подобар избор и каде може да го најдам косили,барав у тинекс и веро ама не го најдов
Само вода, затоа што гинеколозите велат дека тоа е доволно. Понекогаш користам од Орифлем, Феминеле гелот и баш сум задоволна.
Порано се миев со гелот за туширање што си го користев, но почнаа да ми се прават инфекции и чешања, па кандида и други проблеми. Сега се мијам само со вода и помекогаш со бебешки производи. Од нив најзадоволна сум од Беколино.
Сум користела повеќе интимни гелови и воопшто не сум задоволна, пред некое време почнав да го користам бекутан гел за туширање и многу сум задоволна...
Јас од ко памтам, го користам тој на Орифлејм. Не знам зошто, но имам пробано и други (од Авон, Нивеа), ама ми се јави страшен „јадеж“ S) па престанав да купувам било што друго.. Баш пред некој ден се мислев во продавница дали да купам некој бебешки шампон, оти овој од Орифлејм ми се потроши, ама ризик јак, мила душа некако ми е работава
Ги користев интимните гелови за тело од Орифлејм. Но после консултација со гинеколог, сватив дека повеќе одмагаат отколку што помагаат. Додека ги користев, имав некое чудно чувство, не знам како да опишам. Имав некои си иритации, чешање и сл. Сега, си користам Dove сапунче и убаво ми е, немам мака едно чудо време, пу пу да не се заречам . Планирам да преминам на бебешки производи