Од Косили и Бекутан се особено пофалени по форумов. Баш ќе земам еден од нив.. Некако за Бекутан ко посигурно да ми е, пошто млекото и талк пудрата од Бекутан ги користам долго и сум презадоволна, не би требало шампончето да е проблем..
Неколку месеци се премислувам , ќе купам-не купувам. Некако ми е страв од инфекции и тоа што не се препорачливи баш. Така што ќе си седам мирна за сега, нема да си ја барам белјата.
Веројатно мисли на самата кожа околу интимната област, бидејќи нели кожата е малку потемна таму Иако не гледам разумна причина зошто воопшто би користела некакви си хемикалии за обелување на кожата во таа област (ако воопшто постојат) Инаку, јас користам само Косили и некогаш Бекутан. Порано на гинеколог нонстоп ми наоѓаа кандида, а користев интимни гелови. Откако се мијам со Косили, два пати правев ПАП тест и немам ни кандида, ни никакви други инфекции. Последниот пат кога имав кандида докторката ме советуваше да почнам да се мијам со бебешки купки и не погрешив. Никогаш веќе нема да ги сменам.
Јас го користам Carefree и сум онака да кажеме задоволна. Пробав и со бекутан ама искрено мене не ми вршеше работа, а знам дека сигурно е стопати поздраво.
како можеш да фатиш инфекција од интимен гел жити се?! па баш за тоа се направени, специјално. спо цебна пх вредност... со што се миеш ти со водичка, сапун, купка? абееее!!!
Интимните гелови се најозлогласени од гинеколозите, (освен тие што добиваат процент за реклама и препорака) затоа што ја нарушуваат нормалната ph вредност на вагината. Вагината има кисела структура и определени корисни бактерии што помагаат за нејзиното правилно функционирање. Интимниот гел ги уништува тие корисни бактерии и самата вагина затоа што ги губи ,ги создава во поголеми количини. Па стануваат штетни и непријатни. Односно зголемено количество на бактерии укажува на инфекција. Мислам дека кога се работи за здравјето поготово она интимното ,корисно е да се информираш повеќе. И да одмивање со вода или камилица е далеку поздраво отколку интимен гел. Консултирај се со гинеколог/или било кој друг доктор/или со учебник по биологија.
секако дека интимните гелови не се толку препорачливи но ете јас користам и до сега никогаш не сум фатила инфекција ,некако неможам само со вода или обични гелови за туширање
Waka-waka апсолутно се кажа во коменатор погоре. Интимните гелови, миризлиите марамчиња, како и секојдневните улушки со разни миризливи ноти се повеќе штетни отколку корисни. Точно е тоа дека последиците не се приметуаат еднаш туку со текот на времето, а потоа се чудиме од каде баш нас не снајде ова. За интимна хигиена доволно е млака водичка, и сапонче, со ниска пх вреднот на пример DOVE, е сега што тинејџеркиве сакаат вагините да им мирисаат на разни овошја, тоа е друг пробем. А,тоа го прават пред се заради оралниот секс мислејки дека вагината треба да биде лижавче па мора да има овоќен фкус што е тотално погрешно. Вагината треба да ириса на вагина и тоа е она што ги пали машките а не мирисот на јагода, вишна итн. Нормално неискуството си го прави своето но со текот на времето ќе сватат дека некои мириси не само што не, се непријатни туку се вистински афродизијак за мажите. Исто така и кај животните мирисот на половиот орган е она што ги возбудува мажјацитеи им покажува кога женките се подготвени за парење. Некако многу сме наназат во сваќањето на некои работи кои што се многу битни па така во кревет одиме со еден куп стикови, парфеми, гелови за тело, за вагина..... И едноставно дечкото неможе да го почувствува нашиот природен мирис, што е многу битно бидејќи нашето тело кога е возбудено испушта одредени мириси кои делуваат стимулативно кај мажите.
http://images.beaute-addict.com/images/produits/1137/18145/18145_300x300.jpg Имам ваков само што е со мирис на розев хибискус. Убаво мириса, свежо ама ме чешка потоа некако а и зголемено ми е белото прање. Од ова ли е ?
Користев еден од Авон, а сега го користам оној на Nivea. Досега немам приметено дека ми дејствува штетно, а плус зошто би бил кога сепак е гинеколошки тестиран пред да биде пуштен во употреба.
Јас го користам веќе година дена наназад Eucerin-от. Задоволна сум и не сакам да експериментирам иако порано го користев на Nivea и ми се допаѓаше, но пред година дена имав некој проблем, почнав по препорака со Eucerin и не зажалив. Го препорачувам!
Бидеќи мојот гинеколог не препорачува користење на интимни гелови не користам туку за негова замена ги користам нежните бебешки шампони со екстракт од камилица (по препорака од гинекологот)