Јас користам бебешки производи(сапунчиња,купки,претежно на бекутан)затоа што е добро познато дека овие гелови наменети строго за интимни делови предизвикуваат појава на кандида ..
Се извинувам UnknownLadyDi , но да те прашам кои гелови предеизвикуваат кандида? Ај ако не ти е тешко малце повеќе околу ова, и кажи ми што да употребувам... ме исплаши малце И, да се надоврзам -Јас по препорака на мајка ми не користев ништо, само водев редовна хигиена со вода бидејќи ми беше страв со некои други сапуни, но еве сега ги читам вашиве мислења и во дилема сум што да користам , а тоа да не ми предизвика некоја инфекција зашто имам многу чувствителна кожа
Воглавно сите интимни гелови , ниеден гинеколог не ги препорачува , најубаво ти е со бебешка купка или сапунче или само со топла вода
Се согласувам,не треба да користиш такви гелови,воопшто,јас порано користев немиризлив интимен гел од орифлејм и уште толку се раздранив долу,ми се зголеми белото прање,па некое време се одмивав со чај од камилица,сега со призводиве на бекутан сум многу задоволна
Јас почнав да користам Глизикен, од зегин го купив (скапичок е 650,00)но штити од инфекции и искрено од кога го користам немам ни белопрање, ни ништо и се чувствувам многу попријатно од порано кога се миев со бекутан или некои други гелови.
NIVEA Intimo Double Effect Лосион за интимна хигиена со хранливо масло од авокадо, е посебно развиен за нежно чистење и бричење на интимните делови. Без алкален сапун и бои, погоден за секојдневна употреба. За сега сум ептен задоволна. Пред овој го користев интимниот гел на Генера од камилица (од кој бев задоволна) и во споредба со него Нивеата е подобар, поквалитетн. Читам дека користите бебешки шампони, па да споделам мое искуство. Додека го користев бебешкиот шампон на Бекутан вриев од бело прање се додека не почнав да користам интимен гел, лусион...како и да е, па со нивно користење ми се среди, мислам имам уште ама далеку е од тоа што беше (џоа чешма), а и некако похигиенски ми се. Па така дефинитивно сум за едно големо ЗА за интимните гелови.
Знам дека ја повика UnknownLadyDi ама си велам и јас да се вмешам малку. Нормална pH вредност на здрава вагина е околу 3,8 до 4,5. А хидратантните сапуни се наменети за кожата која има повисока pH вредност. Затоа и ако се користи таков сапун, може да дојде до повеќе проблеми меѓу кои е и кандидата како најголем проблем. Јас ја правев таа грешка со сапун. Затоа и си направив проблем. Добар ти е изборот со водата. Околу интимните гелови, никогаш немам користено и затоа не можам да кажам повеќе за нив. Но со оглед на тоа што кандидата е многу чест проблем кај многу од женската популација (без годишни ограничувања), ви препорачувам да правите чај од камилица и со него да се миете. Не само што камилицата е позната по смирувачките карактеристики, туку помага и при намалување на веќе зголеменото познато „бело прање“ и кандидата. Нема опасност од несакани ефекти (ипак се работи за чајче од камилица ) Едно девојче ми имаше кажувано и дека само тоа и помогнало да се ослободи од тоа „бело прање“ ама нормално, со нормално користење (преку еден ден: ниту да се претерува, ниту да се заборава). Пробајте, можеби ќе помогне. Знам дека јас немав несакани последици од тоа
Моментално Simply Delicate од авон. Ги користам гелот за интимна нега, спрејот, и гелот што е без миење со вода.. презадоволна сум..го препорачувам на сите..
Користев порано на Нивеа, и мислам дека од тој се ми се упропасти, ми се намали флората па сега глава не можам да кренам од проблеми затоа само со чиста водичка
Лелеее и јас не знам што да користам сега , секој си има свое мислење и искуство ,досега бев само со вода , ама некако ми е суво потоа, ќе пробам со бекутам гел , и камилица
Имам 2 прашања: - pH вредноста на таа област има вредност околу 4,што значи дека е кисела, а pH вредноста на бекутан производите е неутрална, односно има вредност 7. Нели треба да користиме производи со pH од околу 4 ? - Зошто бекутан шампончиња ? Тие се за коса, нели е подобро гел за туширање ?
Сите гинеколози различно кажуваат. Мојот не дозволува никакви гелови, туку строго само вода. Гинекологот на другарка ми и рекол ако веќе употребува, да биде строго Нивеа и јас ги купувам овие два и сум доста задоволна.
А доколку смеам да преашам зошто ви се интимните гелови? За да вагината, не мириса на вагина туку на овошје? Или сето тоа го праите за тој пусти орален секск за да на машките им мириса на овошје па додека ве лижат да замислуваат дека лижат лижавче а не п***а. Според мене топа е тотално погрешно бидејќи вистинските мажи ги пали мирисот на вагина, а не на овошје. За норамална хигиена е доволно само млака вода и сапунче со ниска пх вредност на пример ДАФ, инаку со тие гелови можете да навлечете други здравствени проблеми од кои нема да сака типот да ви ја погледне а не да ви ја лиже.
Јас за миење на интимниот дел користам Бекутан средство за капење, и според мене подобро е да се користат бебешките производи отколку некои интимни гелови.
Неутралната pH нема влијание врз кисело/алкално рН. Постојат специјални средства за подесување на рН, Бекутан марамици/креми/гел за туширање немаат влијание. Затоа препорачано е да се користат препарати со неутрално рН.
Јас никогас немам користено интимен гел,а и не планирам да користам бидејки гинекологот ми ги забрани. Сега користам само вода и Dove сапунче,а шат пат правам промивки со камилица и сода.