А ти сапунчето на Дав зошто го користиш? И овие интимни гелови се pH неутрални и кога веќе гледаме така и од сапунот може да се навлечат проблеми. И двете се користат за интима. А за тоа дали ќе ни мириса и со каков вкус е наша работа.
Кога му кажав на мојот гениколог дека користам интимен гел првото што ми го кажа е да прекинам веднаш да го користам бидејќи се што е хемиско е штетно и ми препорча да се миам само со вода и камилица,а некогаш и сода.Јас му ставам и кантарионово масло во водичката кое што ми ги неутрализира бактериите,па до сега да чукнам во дрво сум немала никаква мака освен мало иритирачко чешкање кое што траело максимум само еден ден.
Исто и мене гинекологот ми има кажано никако да не користам интимни гелови, влажни марамици, ниту пак разноразни гелови за туширање. Ми рече само со вода и евентуално купка, ама само бебешка, Бекутан или Косили. Мене некако шубе ми е само со вода да се бањам, па користам Косили веќе година ипол. Претходно, кога се миев со купки и гелови за туширање (Нивеа, Палмолив, Фа и сл.) нон стоп имав кандида. Откако користам Косили, нема ни К од кандида. Правам редовни контроли и ете, од мое искуство, за нега и против бактерии најдобри ми се покажаа бебешките купки. Исто така, како што кажа Илипили, се препорачува и одмивање со камилица и сода.
Више никој пат јас такви срања.Користев од орифламе и гел,крем ама почна многу бело прање да ми се прајт и ги оставив не дотрошени.Најубаво со вода и некогаш со камилица.
Гел за интимна нега?? - Од сега па натаму - Што беше тоа??? Нема да ми текне уште еднаш да купам. Користев Нивеа. Демек најдобар. Како не. Неможев да го стопирам вагиналниот исцедок. Маки само. Сега одреден период додека се стабилизирам ќе се одмивам само со камилица. А потоа може со некој бебешки шампон, а може и само водичка.
Јас не користам интимен гел, некако незнам шубе ми е, ако намената им е за тоа. Си користам само камилица и евентуално некогаш бекутан сапунче..
срцки јас користам само dove сапун. ама кога веќе ја споменавте камилицата тогаш ми се чини поприродно така да ќе ја користам од сега и неа. а како бе не разбирам. варите како чај и со водата се измивате или има некој препарат на база на камилица! поздрав мили
Се вари како чај се се чека да се олади и се миеш, но тоа би ти го препорачала да го правиш 1-2 месечно доколку немаш никаков проблем бидејќи чај си е чај и малку е неудобно да се измиеш со чај и да легнеш. Чајот од камилица благотворно делоа при воспалителни процеси, при појачан агинален секрет.... Инаку за секојдневна хигиена задржи се на сапунчето дав, 2 пати на ден наутро и навечер пред спиење и тоа е доволно за одржување на твето интимно здравје, а и да се чуствуаш свежа и дење и ноќе. Значи чајот од камилица само превентивно а не како средство за секојдневна хигиена.
Со години користев најразлични интимни гелови, спрејови, креми, и знаеше да ми се јават некои иритации. Откако престанав, еве околу година дена, користам само топла вода, одлично ми е.
Jас го користам гелот за интимна нега од орифламе и задоволна сум колку толку имав бело прање и ми се изгуби...ама сега планирам да го пробам ова па ќе ги видиме резултатите!!
А овој нивеата многу е добар,го користев едно време,после па неможев да го најдам,се префрлив на бебешки производи и тие се многу добри според мене,ама со нивеата се чувствував како почиста и многу убаво ми мирисаше.
Значи можно е од вакви производи да ми се јавува се почесто и се повеќе бело прање? Гледам има многу такви искуства ...?
^ Можно е, да. Голем број гинеколози не ги препорачуваат ваквите интимни гелови поради чувствителноста.
Jas ne koristam intimen gel tamu dolu,samo mlaka vodicka i cat pat bebesko sapunce.Dosega sum nemala problem so infekcii i iscedoci.Taka da moi dragi feminki,batalete hemijata,prirodnoto si e najdobro!