Јас користев интимен гел од орифлејм, црвено пакување беше мислам и добив страшни иритации,па завршив на гинеколог. Сега користам интимен гел од авон, некако поблаг ми е и сум супер задоволна. А само со вода, не можам, не се чувствувам чисто
Всушност, вагината има функција за самопрочистување, така да освен со вода, таа самата се прочистува, така да не треба воопшто да се гадиш од помислата дека некои жени се мијат само со вода, што е сосема нормално .
Здраво на сите, нова сум јас овде Би сакала да го споделам моето искуство во врска со оваа тема. Сум пробала најразлични интимни гелови и воопшто не бев задоволна. Често ми се случуваше да ми поцвене и да ме чеша но, пред пола година гинекологот ми го препорача сапунот на Доктор'с-интимо. Презадоволна сум. Нема чешање, нема црвенило, последниот тест ми беше супер. Исто се согласувам и со користење на бебешки производи, тие се наменети за мн осетлива кожа.
Интимните гелови и покрај тоа што се наменети за хигиена на интимната зона не се воопшто препорачливи. Претпоставувам дека скоро сите, ако не и сите гинеколози исто ги советуваат своите пациенти. Мојот гинеколог ми даде совет да се замивам само со камилица или обична вода и да не користам никакви гелови, купки или шампони, а уште помалку сапуни. Јас не го послушав бидејќи сметам дека само вода или замивање со камилица не е доволно. Како најдобра варијанта ми изгледаше Бекутан шампонот, штом е наменет за бебиња не би требало да е штетен за интимната зона. Еднаш во десет дена си правам раствор од хиперманган за дезинфекција и тоа е се.
Пред два дена го земав овој новиот од Нивеа, ама вчера кога се туширав некако ме печеше од него незнам зошто, а инаку розевиот го користев долго време, и оној од Авон ми одговара.
Епа вака ... користеф carefree интимен гел немав ништо се беше ок 1 месец, потоа .. осетив големо чешање и печење и по 2 дена.. жално ми е да зборвам многу се испашив.. ми потече како крофнааааа и ми порасна К*ре односно клиторисот ми се издолжи ... кога ојдов на гин. ми рече дека се ми е од интимниот гел - и дека смејам само со млака вода да се мијам ... и од тогаш ни сапун ни гел ништоооооо малце сапуница да видам си мислам одма ке ми потечии то беше катастрофа никој таков страв да не претрпи ...
Ништо, ни детски сапуни, ни интимни гелови, ниту чуда. Млака вода, понекогаш само малку раствор од сода бикарбона или премивање со чај од камилица. Хемикалии + лош избор на долна облека (синтетика, чипка) + тесни алишта + грда миризлива тоалетна хартија со пајчиња = најлоша можна инфекција !!!
Користев Нивеа едно време, а сега само со бебешки сапун се мијам и тоа од надвор само ставам од пената...
Па вакаа..не обрнував многу внимание на тоа но веќе 3-4 месеци ме чеша многу...најпрвин мислев дека е од фармерките или од работ на гаќичките но веќе неможав да издржам..нонстоп се туширав и се пробував не не можев да издржам..отидов на гинеколог и ме гледаше на ехо и ми рече дека од прехлада имам внатрешни габички и ми даде еден крем Ројазол и да се мачкам 2-3 пати дневно...ми помогна малку но откако го потрошив и не го користам пак се јави истото чешање...строго се мијам со чај од камилица..и се осеќам многу подобро...
Јас го користам тој на Авон веќе 2 години и искрено многу сум задоволна, никогаш не ми предизвикал несакана реакција (ни чешање, ни печење, ништо)
Јас користам од орифлејм она што е феминелката...задоволна сум а и многу мори другарки тоа го користат..
Најдобро било... чекај додека не добиеш некоја инфекција и да ја откорнеш од чешање. Никако со обичен сапун, можеш со бебешки гел за туширање или чај од камилица.