Оффф што све немам пробано, со мојава кандида на секој месец, катастрофа! Вистина е дека не одговараат баш pH неутрални гелови бидејќи pH на вагината е кисела па се нарушува природниот баланс со користење на обични сапунчиња и гелови. На геловите за интимна хигиена обично пишува само дека се гинеколошки тестирани, додека pH факторот ретко каде е наведен. Баш поради ова се ставив во "поход" да најдам соодветен гел кој нема да ми ја нарушува природната pH... Највеќе бев задоволна од еден гел кој повеќе неможам никаде да го најдам (ако го најдете, кажете), Fresh&Clean со pH 3.5, го имаше само во Зегин. Сега користам (исто така од Зегин) гел Lactacyd кој содржи млечна киселина (поволна за вагиналната флора), ми го препорача аптекарката и ептен сум задоволна.
Или бекутан или Џонсон,битно бебешки,имам фобија од било какви сапуни и гелови за интимна нега.Од тој на Авон,другарками ја фати чешање,ако се измиеше,готово,ако не се миеше некое време се и беше ок :?
Jas koristam Nvea Intimate i zadovolna sum dosega sum nemala nikakvi problemi inaku zatoa samo so voda nemozam nikako taka isto kako da nesum izmiena a isto taka obicen sapun ne e preporaclvo da se koristi ja susi kozata
потполно се согласувам со елена99 и јас постојано го користам тој гел бидејки има многу пријатен нежен мирис а и не е скап. Одкако го користам немам повеке инфекци ниту пак ме чеша и многу попријатно се чувствувам. Кој се мисли слободно нека го проба нема да се покаете. Може да се најде во поголемите маркети.
Јас го користам долго време од oriflame интимниот гел и задоволна сум, немам никаков проблем, а редовно си користам после бањање уље од бекутан.
Мама ми вика да не користам никакви интимни гелови :roll: посебно не парфемирани. Епа има некој таков гел, непарфемиран?
геловите за бањање не се парфимирани, туку млекото за тело е или пудрата во прав. Ph влажноста на интимата е различна со онаа на целото тело, па поради тоа постојат и ови гелови кои го спречуваат прекумерното сушење на интимната зона од било каков сапун или друг гел.
зависи од кај ке го купиш.. јас го купив 210, ама можеш да најдеш и за 180, 190, 200.. се зависи од каде ке го купиш
Гинеколозите се секогаш против користење на вакви гелови, мене ми препорачувале само млака вода и камилица евентулно. Ама јас понекогаш знам да се измијам со сапун, Неутро Робертс го користам и за раце и за лице и за тело.
јас го користам нивеа со млечна киселина и некое цветче беше и сум многу задоволна...со оглед на тоа што сум осетлива на купки и миризливи сапуни, кои навистина знаат да ми предизвикаат проблем и непријатно чувство. татко ми е гинеколог па ми дава некои совети од време на време, и е многу против колекциите за интимна нега без разлика што пишувало дека се гинеколошки тестирани..танги избегавам да носам а исто така долниот веш пожелно е да е памучен, го спречува ширењето на инфекциите...
И јас си зедов по препорака од Брајт...ама не знам зожто од кога го употребив чувствував како се да ме печи :roll:
Па да не си алергична на такви производи... менелично ништо не ми е,, напротив, се осекам толку меко и нежно, како бебешко газе ми е