Здраво, Сакам предлог за интимен гел, интимните гелови од Авон и Орифлем ги имам користено но ми се јави инфекција нарушување на флората , и сега не знам што да пробам... Ваш совет некој со слично искуство?
Неможев да најдам друга тема за да го поставам прашањево па морав тука. Девојки што мислите за дезодорансите за интимна нега на Орифлејм? Видов во новиот каталог имаше и преубаво мириса па сакам да ми кажете какво искуство имате со нив, некако ми е страв бидејќи не сум користела такво до сега.
Го земав ова од Космо- мораше да се искористи попустот од 40% и задоволна сум сега за сега. 90 денари е со Клуб картичката. Инаку Миличка, јас сум скептик за вакви спрејови за интима и не би порачувала, тоа е мое мислење.
До сега не користев никаков, а пред некое време го земав овој од ДМ. Преубав ми е. Не содржи алкохол нити пак некои состојки што ги има во другите гелови. Плус содржи екстракт од камилица.
Најредовната, веќе долго време не сум ја сменала Керфри Алое. Исто ги имам пробано од нивеа, искрено ем ми се скапи ем се чувствувам суво ,особено после миење со тој од камилица. Ова моето си е проверено а и ефтино е, само 100 денари.
би ти препорачала да го земеш гелот наместо дезодорансов, јас го имам и сум задоволна. а дезодорансов малку ми е чудно местото на апликација хаха
моментално само со вода се мијам до пред некое време користев интимо првин од камилица па невен ми се чини беше добри беа ќе си купам изгледа пак... сакав да ве прашам девојки дали некоја го има користено део интимниот спреј од авон?
Значи единствено овај гел за интимна хигиена е дозволен и препорачан од гинеколозите во Европа,ниту еден друг...малку е поскап но секој кој може да си го дозволи е супер...за останатите пенливо средство од Бекутан...значи не купка не шампон строго пенливо средство исто така препорачано од гинеколози...поздравЧе
не се става се таму доле,затоа само гинеколошки антибактериски гелчиња употребувам и тоа не секогаш затоа што најубаво е само еднаш дневно миење со топла вода за да се одржува хигиена
Јас искрено сакав да купам, ама мајка ми ме посоветува дека не треба. Иам хемикали и што не во тие, и може да дојде до инфекција..
Не користам интимен гел. Имам читано дека интимните гелови се штетни. Не сакам да си создадам проблем.
Само со вода. Некако страв ми е да користам, бидејќи тие геловите не се препорачани од гинеколозите и мајка ми ме советуваше да не користам разно - разни средства за хигиена.
И јас спаѓам во тие девојки што не користат интимен гел, не сакам да си создадам проблем непотребно. Вистина е дека има и некои гелови што се испробани и се ама ете не ми се ризикува. Мислам дека редовна хигиена е сосема доволно