Не користам интимен гел,едвај се ослободив од големата количина бело прање така да не би резикувала. Мислам дека конечно го пронајдов мојот совршен производ за интимна нега-Бекутанн
Оваа тема не треба ни да се отвора за да се дискутира оти јас би ги забранила геловите за интимна нега.Се што треба е Бекутан на 3 ден да се измиеш убаво, живот да видиш. Имам 24 години и никогаш не сум имала проблеми со интимата ниту сега кога сум во брак (свадба во октомври). Што се вели ниту на гинеколог не сум била незнам како изгледа тоа, ама си имам редовна хигиена.
Производиве за интимна нега создаваат бело прање? Па јас цел живот го користам гелот за интимна нега од Нивеа.
Јас го користам на нивеа интимниот гел оној розевиот И да ви кажам сум многу задоволна,и не ми се појавиле некои контраиндикации. А за штетно неможе да ви биде ништо бидејќи како што ги миете рацете со сапун така мора и вагината да се измие а не само со вода да се заплакне.
^ Не би се сложила. Рацете ги миеме со сапун зашто се‘ и сешто фаќаме со нив. Вагината не доаѓа во допир со бактерии ни приближно блиску колку што доаѓаат рацете.
Јас купив интимен гел од авон и само еднаш се измив кога ми се направи некое црвенило и неподнодливо чешање најверојатно е многу јак за мојата кожа па затоа се определив за бекутан. Што може да биде понежно за кожата од производи за бебе.
А вие што не користите гел, па образложете што користите или само вода,ако е само вода нели ви мириса таму доле? Вака колку толку..
Точно Hipica,ама не заборавај дека и од што се потиме и урината има бактерии и таму се присутни.На тоа мислев
Што сакате кажете ама ако не се мијам секој ден мириса бре мириса. Точно е дека не доаѓа во допир со многу бактерии како рацете, ама се потиш. Што да правам после тренинг, вода тече од мене. И нема шанси некој да ми рече само со вода или со камилици глупости, ќе се замивам потурам. Гел за интимна нега да се насапунам како што треба користам од кога памтам, и триесет и кусур години ништо не ми фали. Но доколку пробам со обична купка или некој гел за туширање (ми се случило да ми е потрошен инт. гел) е тогаш после првото миење осеќам некое пецкање.
Не интимен, и свети интимен ако сака нека е, ама мене ми е шубе да ми влегуваат таму долу некакви хемикалии, сапуници и што ти јас знам. Попрво би го испила тоа. Имаше прашано некој каква нега одржуваме ние што не користиме интимен гел. Еве јас конкретно најчесто се мијам само со вода. И не, не мириса ако се одржува секојдневна хигиена. Некогаш знам да употребам некој производ за нега на бебешка кожа зашто се водам по тоа дека ако не штети на бебешката кожа, нема ни на пријателкава да и‘ штети.
Според мене не експериментирај, самата биолошка средина на интимниот дел ќе ја расипеш.Самиот тој дел си има одреден природен мирис кој не треба да се наруши.Како и да е после 20 минути каков гел или дезодоранс да користиш самиот мирис природно си доаѓа,па џабе парите +инфекција и печење.
Да се прашувам јас, со закон би ги забранила интимните гелови! Тие не се ништо друго освен машинерија за пари, демек заштита, пријатен мирис, не знам што, а всушност се главни виновници за вагинални инфекции! Гинекологот кај што одам на секое одење нонстоп ми повторува да не ни помислувам да користам интимни гелови, премногу штетни биле за природната вагинална флора и немало апсолутно, ама апсолутно никакви придобивки од истите. Многу е против нив, на сите пациентки нонстоп им нагласува никако да не користат. Така што, освен Бекутан средство за капење деца и вода, не користам друго и никогаш нема да користам. Исто така, освен интимните гелови, и купките за тело се едни од причинителите на инфекции на интима, особено кандида. Јас долги години користев најразлични купки за тело, и со години имав кандида која и покрај терапијата што ми ја препишуваше гинекологот, никогаш потполно не исчезнуваше. Потоа докторката ме советуваше да прекинам со секакво користење на разноразни купки и да користам само бебешки средства за капење. Ако верувате, после првиот месец откако почнав да користам Бекутан, кандидата ја снема и оттогаш ми се нема појавено повторно. Едно големо НЕ за интимните гелови и купки со разноразни привлечни мириси, кои се' што можат да направат е штета Само неутрално средство за капење, кое не и' штети на природната киселост на вагината.
незнам каде да го поставам прашањево Дали некој знае какви се тие парфемчиња за интима? претпоставувам дека не се добри но ме интересира..
Многу производи користам на детската линија Бекутан, и за интима го користам пенливото средство со камилица или со алое вера, кога како од тие две. Задолжително се мијам и со чај од камилица. Минимум 2-3 пати дневно туширање, чист, памучен и пеглан веш, и доволно е.
Редовна хигиена со топла вода и камилица е сосема доволно, особено ако имате некаква инфекција или бактерија. Уште при првата констатација дека имам ешерихиа коли, сите доктори ме советуваа да не користам никакви хемикалии кои можат само да ми ја влошат состојбата.
Јас користев едно време ваков но некако како да добивав непријатно чувство и печење, па си се вратив на стариот добар сапун Dove.
Еве пробав неколку дена само со вода. Во контекст на муабетите овде дека не чини интимниот гел, викам ајде ќе пробам да сменам. Не оди бре луѓе, не оди. Се осеќам прљаво цел ден, нелагодно, како да не сум измиена, некое пецкање . Незнам што е работава.