Значи вака Не се залажувајте со никави гелови, тоа е само перење пари правење бизнис. Зарем нашите мајки порано имале гелови и слични глупости, се е тоа лажи-пара уште еден начин на луѓето да им се наметне како потребно. Јас порано користев од Avon фатив кандида, потоа го сменив на Nivea со камилица а кандидата ја излечив со вагинални апчиња и таблети не дека од тој на Nivea . Кога отидов на гинеколог ми рече никави гелови, а ни под разносо влажни марамчиња макар да се бебешки (јас ги користе Бекутан) оти полесно ми беше и тоа неколку пати во денот ке се избришев , сите тие препарати го нарушувале природната PH вредност и ми препорача само бебешко сапунче ништо друго. Од тогаш го користам Бекутан и брисеви и пап тест ми се стакло, ни имам црвенило ни чешање - закон. Послушајте ме не ги оставајте парите по аптеки и маркети купувате болест не здравје - едно сапунче 30денари и ќе ве служи минумум два месеци.
Ајде и јас да го кажам мојот став во оваа тема, со цел да укажам на некои работи иако сум најмалку повикан да коментирам во оваа тема. Си зедов за право да коментирам пред се некако како да ми се чини дека сите афирмативно коментирате на оваа тема, а јас ќе се обидам да ја прокоментирам од друг агол. 1. Правите огромна грешка со користење на разни гелови за интимна хогиена, миризливи дневни влошки, уште што ли не, се со цел да тој дел од телото да миреиса неприродно. Што е уште полошо ова го читаат многу млади девојчиња кои тек сега почнуваат со половиот развој и кои ама баш никаква потреба немаат за користење на вакви средства. 2. Со користење на овие средства ја нарушувате PH вредноста на вагината, ги убивате добрите бактерии кои треба да ве штитат од лошите, и така им овозможувате без никаква пречка да влезат во вашата вагина и да се појават разни болести. На сето тоа се депилирате постојано, и буквално на бактериите не им стои никаква препрека до внатрешноста на вашата вагина, која пак поради топлината и влагата е рај за бактериите. А, сте се запрашале ли зошто го правите тоа? Сте се запрашале ли дали воопшто вреди да се ризикува здравјето само за да им се угоди на вашите недораснати дечковци кои мислат дека тоа е лижавче и треба да мириса на овошје а не на она што всушност е. Вашата вагина би била најсрекна доколку ја миете само со млака вода и евентуално сапин со иста ph вредност како кожата 5,5 а тоа е Дав. Тоа е се што е потребно за одржување на интимната хигиена. Не само што таа би била среќна, туку на долги стази и вие би биле посреќни ако си го зачувате тој дел од телото кој е многу битен не само за вас туку воопшто за човештвото. Читам коментари од типот го користам тој и тој гел и многу сум задоволна? Не разбирам? Што си задоволна, што вагината ти мириса на овошје а не на вагина? Задоволни сте со мирисот но тие хемикалии придонесуваат да секоја година се зголемува бројот на заболени од рак на грлото на матката, се повеќе девојки дури не успеваат ниту да станат мајки, се повеќе жени се неплодни.... Дали тоа се случувало во времето на вашите мајки и баби? Не, во тоа време во цел град имало една или две неплодни жени, сега секоја трета жена има проблем со зачнување, болестите како кандида и сличи на неа да не ги спомнувам. И, сега доагаме до еден апсурд Сега кога се миете после секое уринирање со вакви гелови за интимна хигиена од кои сте задоволни, болестите на репродуктивните органи се во пораст, за разлика од времето на вашите баби и мајки. Само уште ова, не сраметесе од вистинскиот мирис на здрава вагина, тој мирис е вистински афродизијак за мажот, но за вистинскиот маж. Свртете се околу себе, погледнете ги животните и можете многу да научите од нив.
Не практикувам никакви интимни гелови и спрејови. За одржување на хигиената на интимата користам само сапунче Бекутан и не сум имала никакви проблеми.Колку повеќе се употребуваат разноразни комерцијални производи пропратени со маркетинг,толку е поголема можноста за појава на бактерии и инфекции.
Не сум користела интимни гелови до сега и не ни планирам, по препорака на матичната си зедов бекутан пенлива купка и задоволна сум.
Жената не е цвеќе, ни овошје, не е ни љубичица, ни ружа, ни малина ни лубеница. Што ти значи комерција, таман да наседнат млади тинејџерки и да купуваат шпто повеке глупости со сомнително производство како Авон, Орифлејм, па нека се и медицински гелови, и што ти не.
девојки, сум слушнала нешто ама веројатно не сум дослушнала како што требаа, па ајде да ве консултирам. Значи имало некои гелови, ама не биле за одржување хигиена, за миење туку опишани ми се како за вкус (што мислам дека тука е моментот кога јас не сум дослушала). Познато ви е вас ова да ме просветлете?! Постои ваква работа? Кремови ли се тоа? Што се? Како за вкус? Се шлапаш со тоа и после си мириса на кремот? Спојлер I dont get it (but I want one of those )
Мадамко мене ова ми личи како некои спрееви што беа едно време во Орифлејм или Авон, ако не се лажам По безвезе здравје, незнам кој при здрав разум ги користи, овие освен за инфекции мислам дека не се створени за нешто друго.
тих ништо викаш а? Па ја сакав да ја почастам малата мадам со такво некое за кога иде во лов. Тоа така еднаш два пати, нема да ја давам во хемикалии Кај ти па одма инфекции спомињаш, уплав ме фати сеа... И бај д веј, фала на одговор
Море јас за мене си кажувам Склона сум инфекции и вакви работи ми е навистина страв да ставам, освен пенливото на Бекутан, друго со ништо ја немам почастено А и малку ми е чудно нели да има таму долу некои овошни мириси, си има она свој мирис и вкус
Мене по муабетов, „сомнителните“ гелови кои ги спомнуваш ми изгледа дека се лубриканти. Не се опасни, напротив , најчесто се на база на вода и има и онакви со овошни вкусови. Без гајле, убаво си дослушнала, за взаемно лижење сладолед се.
Не ќе да се лубруканти.. коа ќе ти ставиш на сладоледот многу се лигави некако, а после некое време и се лепат јас овие што ги зборев си ги замислив дека се како крем, ги ставаш и кожата ти поприма и мириса на нив, ама можда се мислело на лубриканти, ништо чудно јас грешно сум ги протумачила А не ми текнува со кој сум зборела да го препрашам..
Не користам интимни гелови бидејќи знам дека ја нарушуваат РН вредноста, и со самото тоа може да се навлечат многу инфекции. Само со вода се мијам. Спојлер Дали некоја ова се има миено со сода бикарбона? имам слушнато дека многу помага доколку има некоја инфекција. Немам потреба од тоа, туку онака да знам чисто информативно дали е добро за користење?
Со бебешко сапунче само, било какво. Интимните гелови се со неутрална pH, а во вагината pH е кисела, па при алкализирање на киселата pH доаѓа до размножување на габички и појава на инфекции. Не експериментирајте со тоа геловите, што и да користите "таму доле" (дури и влажните марамици), гледајте да е со pH 5.5.