јас па не можам да разберам како може да користите такво нешто како интимен гел Кај сите пишувате дека ви ја суши кожата, ве чеша, ве иритира, инфекции ви прави, и сите гиниколози се против нивно користење, и пак и пак ги купувате "не се чувстувам чисто без гел за интима", ако сите гиниколози тврдат дека и без тој гел си чиста, значи науката го докажала тоа, и тебе филм ти е дека не си чиста. Или покомотно е да се чувстуваш суво и да те чеша? Или па можеби се сожалувате на фирмите кои ги произведиваат, па да можат да работат и да заработат? А, и како ќе се чувстуваш ако заради тој интимен гел си предизвикаш некој сериозен проблем? Несреќно, ама чисто? Ми звучи патетично цела ситуација. Не си играјте играчки, за здравје се работи АЛООО. Одете измијте се со вода и евентуално со некое бебешко сапунче, и чисти ќе бидете и здрави. Поарно земете пеглајте си ги гаките, остевете ја чипката за специјални пригоди, а секојдневно користете памучни гаки. Со пеглањето ги убивате сите бактерии што машината за перење не успеала, и тогаш ќе бидите најчисти и сигурни дека сте без бактерии. Мене мајка ми дури и пелените ми ги пеглала кога сум била бебе. Не сакала да ми става памперси затоа што и тие се штетни, предизвикуваат стерилитет. Ама повеќето не сакаат да перат каќи, од лебот си кратат само за да купат памперси. Мајка ми имала пари, ама не сакала да земе нешто што би можело да ми наштети.... Многу забегав во други теми, затоа тука ќе прекинам со пишивање
Долго време користев интимен гел Nivea од сите три вида што ги има. Никогаш проблем не ми правеле. Друг интимен гел не сум се осудила да пробам, си се држев до тоа што ми е сигурно. Во последниве година ипол-две користев Becutan купка и Dove сапун од обичниот, не знам што ми текна. За Becutan-от што да кажам: го разводениле, го упропастиле, а да не правам муабет што ако сум се бричела и засекла, пече ли пече. Еднаш ми текна да му го погледнам составот (дека нели бебешко средство за капење, а јас и делумно имам познавања од козметологија, на факултет имав предмет), што да видам; мислам дека имаше повеќе агресивни состојки отколку претходниот интимен гел што го користев. Абре дечиња бањаат со тоа, со кој памет направиле такво нешто?! Од сапунот Dove бев исто многу задоволна (иако никогаш не сум практикувала да се мијам во интимниот дел со сапуни) и морам да кажам дека е еден од најнежните и најмеките што сум ги користела.
Јас го користам овој подолго време пошто споро се троши, не сум имала никакви проблеми или иритации од него.
девојки вие што користите било какви интимни гелови веднаш престанете гениталиите треба да се мијат само со млака вода или во краен случај бекутан сапун не ви требаат тие гелови со хемикалии кои ќе ви донесат иритации и кандида гратис
Јас раце не мијам со обичен сапун бидејќи каков и да земам секогаш заршувам со исушена кожа по рацете, а не пак да мијам деликатно место со него, без разлика дали е бебешки или не. И не знам баш колку „само вода“ е добро за хигиената, посебно кога сме со циклус. Не можам да замислам да се измијам само со вода, се чувствувам како неизмиена. Токму по препорака на гинеколог пред некоја година почнав да го користам Lactogyn гелот и немам апсолутно никаков проблем, дури и се чувствувам подобро - немам добиено кандида повеќе од година дена. Имам осетлив организам, па сигурно ако не чинел ќе ми се одразело на интимното здравје. Патем, „науката“ докажала дека и телото ни е чисто ако се измиеме само со вода, ама пак користиме гел или сапун при туширање. Сè додека производот не ја нарушува природната pH вредност на вагината е безбеден за употреба.
Нема во анкетата одговор како мојот а тоа е-со што ке стигнам со тоа се мијам,значи,со шампон за коса,со гел за туширање,со сапун и тоа зависи кој го имам во моментот(косили и бекутан никако не користам,тие се ко солна киселина)иииии фала богу до сега не сум имала никакви проблеми, никакви контраиндикации,алергии или др.
Јас само со вода, а понекогаш со сода или со чај од камилица. Инаку имам слушнато дека интимниот гел Lactogyn бил предобар. Има и капсули Lactogyn за одржување на нормална вагинална флора(се пијат доколку употребуваш антибиотици, бидејќи ја нарушуваат ph вредноста на интимата)
Јас не ги сакам интимните гелови и сапуни од кои добив инфекција. Можеби нема да ви се верува но откако почнав да си користам бекутан шампон немам никаков проблем фала богу.
Е како добивте инфекција од сапунот? Баш ме интересира. Си фатила а пример кламидија или некоја бактерија од гелот. јас користам со години. Ниту сум имала кандида, ниту инфекција. Докажано е дека инфекциите најчесто се пренесуваат преку секауален однос.
Кандида се фаќа од нарушена ПХ вредност на вагината. Не мора воошто да си сексуално активна за да настане. Настанува од сапуни, прашак за перење, чипкаста облека, антибиотици ако пиеш, намален имунитет и мн мн други работи. Не значи дека се фаќа преку сексуален однос. И баш заради кандидата треба да сме многу внимателни со ваквите производи.
Јас користев интимен гел од Авон и многу ми ја сушеше кожата па решив да го сменам иако не ми е потрошен.Видов доста задоволни девојки од Dove сапуните па си земав.Сега за сега е океј,па за понатаму ќе споделам пак искуства.
И јас го користам веќе 3 4 год гелот на нивеа и сум задоволна а посебно од розевиот и до сега ни бактерии ни чешање ни бело прање
И јас користам интимен гел долги години, и не сум имала некој проблем, според мене подобро со интимен гел отколку со што ќе ти се најде при рака. Можам да кажам дека кога не се миев со гел полошо ми беше, и да се миеме со интимен гел тоа не значи дека длабоко го внесуваме гелот па да направиме било што проблеми. Земам еден гел со доста солидна цена и го користам 6 7 месеци.
Овој го користам еден месец веќе. И да ви кажам искрено, разочарана сум. При крај ми е веќе и сакам да ми препорачате некој убав, мање битно пари.