Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимен гел

Дискусија во 'Тело' започната од angel, 23 ноември 2009.

?

Какво средство користите за интимна нега?

  1. Интимен гел

    594 глас(а)
    45,2%
  2. Бебешки производи

    237 глас(а)
    18,0%
  3. Обичен сапун

    178 глас(а)
    13,5%
  4. Никакво, само вода

    300 глас(а)
    22,8%
  5. Друго

    5 глас(а)
    0,4%
  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Веќе со години користам овој гел.
    Нежен е ептен, ми одговара, затоа никогаш не го сменив.
    Erogatore-Camomilla.jpg
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DoktorkaOz

    DoktorkaOz Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    ИИИИИИ мојот гел одличен е:D(y)......И јас го препорачувам секому, посебно на девојките кои почесто се соочуваат со инфекции (како мене :().
     
  3. Golden Rose

    Golden Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    На Jery му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Nivea со камилица користам моментално. Но нареден пат ќе земам од овој Intima Roberts. Гинеколозите не ги препорачуваат,ама пак друго е чувството кога ќе се измиеш со гелче таму ....(hollest)
     
    На Golden Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.158
    Допаѓања:
    36.537
    Пол:
    Женски
    Го користам овој интимен гел. Задоволна сум.

    [​IMG]
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Me interesira kolku pari e gelov? i dali pomaga? fala odnapred pozdrav do vas
     
  7. AnaSe

    AnaSe Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    29
    Здраво , имам многу проблеми со интимната зона ( имам многу лош мирис ) ги имам напраено сите можни гинеколошки прегледи за на крај да ми речат дека немаш никакви проблеми дека така ти е мирисот на ситр течности што ти излргуват од таму долу....сега сакам да ве замолувам за некој совет како да се справам со тоа и некој интимен гел или било што со кој би можела бареем маалку да го средувам тоа..фала ви однапред
     
  8. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Јас го користам овој веќе неколку години и не го менувам. И мирисот му е супер поготово што јас не можам да поднесам мн долго време ист мирис ама еве овој ок ми е. Carefree-Aloe-Intimate-Wash-2.jpg
     
  9. Love_Macedonia<3

    Love_Macedonia<3 Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Јас ретко користам гел, повеќе бебешки производи, после кожата ми е многу мека а и чиста таму хехехе :)
     
  10. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Јас користам генера интимо, а бај д уеј сакам да ги пробам тие влажните марамици за интимна хигиена фелче азура, само што вчера бев во Зендолино и ги немаше. :(
     
  11. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Предложете некоj интимен гел ,ако имате искуство од некоj што мириса убаво ,да сменам малку ,користев од нивеа сакам да сменам ама се плашам од осип
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас го имам и ене го ми седи на машина, не помага има со мирис и без мирис.
    До кај 200 денари во авон.
     
  13. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Дали и колку е препорачливо за интима да се користи обичен гел за туширање? Имам од Tesori, па дали би можела да го користам и за таму долу :) Досега сум користела само сапун, сега сакам да пробам со гел. Или најдобра опција би била да си користам бебешки производ - бекутан купка со камилица? Што би ми препорачале? :)
     
  14. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Гел за туширање ни ка ко ! Бебешки сапун можеш ама пак кога постојат толку гелови за интимна нега зошто да пробуваш со нешто друго? Јас го користам овој конкретно со години и супер е, не сум имала до сега никакви несакани реакции.
    [​IMG]
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    [​IMG]
    Јас овој почнав скоро да го користам и супер ми е. И преубаво мириса.
    Го купив околу 130 ден.:)
     
    На tina-63 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Досега сум најзадоволна од најновата Нивеа интимо фреш со алое вера и арома на бел чај. За мене најомилена од сите Нивеи интимо. Не ми ја суши кожата, не ми предизвикала не сакани последици и има прекрасен мирис на чисто. На хартиената кутија пишуваше дека може да се користи и како стандарден гел за туширање но јас до сега не сум го пробала на тој начин. Цената не се сеќавам колку беше точно, околу 180 ден. +/- за 250ml.
    [​IMG]
     
  17. Platoniclover15

    Platoniclover15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    58

    каде да го најдам ? јас имам специфичен мирис доле ама освен млака вода и сода бикарбона, не сум користела вака интимни гелови и се мислев да го пробам овој или на нивеа тие што ги зборат.
     
  18. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Женски
    Истиот го имам не задоволна од амбалажата и во составот има парабен.Мирисот ме потсеќа на некој бебешки шампон мислам дека бекутан и тоа едино ми се свиѓа.Не мој да се налутиш тоа е моето мислење за производот:mm:.
     
  19. Nut

    Nut Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Најдобар до сега. becutan-detski-toaleten-sapun-2.jpg
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, јас ќе се обидам да ти одговорам.

    Прво нешто при изборот на еден добар производ е да неговата рh вредност е во склад со природната рh вредност на интимната зона. Важно е да ја познаваме рh вредноста на интимните делови која не е иста за сите возрасти. Ph е индикатор кој го мери степенот на киселост во интимните делови, и може да биде неутро доколку е 7, кисел доколку е под 7 и алкален за вредностите над 7. Во здрави услови на интимната зона, за жените во плодните години идеалниот производ за интимна хигиена треба да биде со рh 4,5. Девојчињата пред пубертетот и жените во менопауза треба да користат производи со рh неутро.

    Понатаму при изборот на добар интимен гел дефинитивно мора да внимаваме на состојките кои ги содржи. Овој вид на производ апсолутно не треба да содржи агресивни сурфактанти (колку еден производ прави повеќе пена толку е поагресивен) или пак формули за измивање. Како што ви напоменав во една од претходните статии, сурфактантите се неопходен дел од скоро сите производи за хигиена и претставуваат измивачи кои за цел имаат да ја измијат нечистотијата или маснотиите. Оваа нежна зона со оглед на тоа што има и сопствен систем на самозаштита, нема потреба од агресивни и високоизмивачки формули, така да од огромна важност е да се внимава на деликатноста на една формула. Не е доволно да се напише на опаковката деликатен или нежен производ, а во декларацијата да видиме нешто друго. Верувајте агресивниот производ може да ги ослабне лактобацилите кои нема да можат да ја оддржат киселоста на интимната зона, и на тој начин да им ја олеснат работата на бактериите.

    И како трето нешто, од огромна важност се состојките во самиот производ, кои треба да бидат што поприродни.

    Значи не може да користиш обичен гел за туширање со оглед на тоа што обично имаат рh 5,5 а интимата е покиселка. Исто така геловите се доста измивачки, а интимата нема потрба од голема измивност.

    Оние кои јас би ти ги препорачала се:

    Интимна купка на Алоедермал од камилица 280 денари

    [​IMG]

    Интимен гел на Гамард околу 700 денари

    [​IMG]

    Открив и еден кој не е органски ама е ок како производ Jessa кој може да го најдете во ДМ

    [​IMG]

    Овој е комплетно без мирис така да доколку ви сметаат парфеми овој е идеален за вас. Цената му е околу 140 или 150 не ми текнува. Има и еден портокалов, ама овој синиов е подобар како декларација.

    Ги имам пробано сите три и мене ми одговараат иако фаворит ми е алоедермал.
    п.с. ви ставив слики за подобро да знаете за кој производ станува збор.

    Поздрав.
     
    На angela.kostova, Acka22, Simplicity и 2 други им се допаѓа ова.