Користев некое време од Авон, но воопшто не бев задоволна па купив Нивеа.Долго го користам и ми одговара.
Бидејќи сум фан на германската козметика ова го најдов пред две недели во ДМ маркет и си го купив. Го проверив составот, без алкалии и сапуни . Овој гел за интимна нега е единствен кој има pH 3.8 која одговара на pH вредноста на интимната зона. Плус видов дека може да се користи во тек на циклус и е наменет за репродуктивен период а имале и друг кој е наменет за менопауза. Можам да кажам дека е нешто најдобро што го имам користено и од кога го користам не сум почувствувала никаква иритација или пецкање. Со задоволство го препорачувам.
Farma girl во секоја можна тема што е поврзана со козметика, секој фален производ ти е на Sebamed, очигледно е дека им правиш реклама. @Femina Фемина администратори, дај зачистете
Не знам кој е проблемот да бидеш задоволен од некоја козметика и да го дадеш своето стручно мислење за тоа. До колку пробаш нешто од колекцијата и ти ќе ја фалиш . А ако администраторите почнат да "чистат" според критериумите што ти ги посочуваш не знам колку форумки ќе останат. Поздрав
Користам ептен нежни со добра пх и без јаки вештачки мириси, моментално го користам овој и е супер. Следно сакам да го пробам од Алоедермал.
Да не беше бебешкиот сапун од Бекутан јас незнам што би правела. Досега неколку од овие интимни гелови сум пробала, и сите ми ја иритираат кожата. Бев кај мојот гинекологот, направи брис за да проверам да не од внатре секретот па однадвор ми ја иритира кожата, но не. Од кога почнав со сапунот, не ми се повторило.
Јас го користам овај гел по препорака на гинеколог , па ќе видиме како ќе се покаже. Ако го има некоја користено нека пише мислење
Јас го користам интимниот гел на Еуцерин. Второ шишенце ми е оваа и презадоволна сум. Нема некој интензивен мирис, ми мириса на чисто, нежно.
Јас го користам интимниот гел на Авон и сум задоволна. Првите 2-3 пати чувствував чешање, ама сега ми е океј. Не ми е тоа тоа ако се измијам само со вода, имам чувство како воопшто да не сум се измила И јас имам читано дека интимните гелови можат да бидат штетни, ама што знам..Ваљда треба да си го погодиш да ти одговара и нема да има проблем.