Да, затоа што е бебешки и таквите производи се за нега на нежна кожа.. Али имаш добри гелови за интима што прават pH баланс.. А тоа е многу добра работа, сепак е поинаку кога користиш нешто што е стриктно за таа намена..
Препрезадоволна! Сите интимни гелови што ги пробав претходно ми предизвикуваа проблеми, лосионов е прекрасен
Бекутан не е соодветен за таква употреба. Содржи поголема pH вредност, веројатно 5,5 (соодветна за кожа) ама не и за интимата која е некаде меѓу 3,8 до 4,5. Со зголемување на pH вредноста се нарушува природната флора а со тоа се овозмужва размножувањето на штетните бактерии. За твое добро, веднаш исфрли го од употреба и купи нешто соодветно. Би те советувала да ги пробаш интимните гелови на Oriflame или ако можеш да ги најдеш оние на Ziaja ако ги има низ дрогериите.
Препорачувам интимен гел на Corine de Farme, природна козметика, плус содржи и некои пробиотици потребни за одржување на нормалната микрофлора на интимата. Го има во зегин, нешто помалку од 200 денари е. Инаку имам користено и на нивеа, ама подобар е оној на Corine de Farme.
Ама не, за кожата на телото е сосема во ред, без разлика дали употребата е кај возрасни, деца или бебиња. Само не е погоден за интимна нега баш поради тоа што кожата на телото и интимата немаат иста pH вредност.
Некои од средствата ја уништуваат пх вредноста, гинеколозите не препорачуваат средства за итимна хигиена. Мене лично не ми одговараат. Често си употребувам камилица ☺ природна база
Најдобар сапун за интимна нега скоро една година го користам и немам никакви нус појави ,туку се подобро и подобро ми е. На другите сапуни за интимна нега не им верувам ,а овој е препорачан од многу лекари низ балканов. Кого и да прашам за сапунов сите имат пофални зборови . Дефинитивно го препорачувам на секоја жена/девојка ако уште не сте се решиле каков еве најдобар сапун за нашето интимно здравје
@Biodevojka ќе може ли да ми препорачаш некаков интимен гел? 20-25 години, имам многу чувствителна кожа (од парфимирани тоалетни хартии, од некои улошки веднаш ми се иритира). Користев бебешки производи некое време но не сум задоволна. Сега веќе некое време користам само вода, но не ми е тоа тоа. Ќе може ли некој предлог (и цена ако знаеш би било супер)? Ти благодарам однапред.
Драга мене дефинитивно најомилен ми е на Алоедермал цена околу 250 или 270 мкд. Во Зегин го има. Со камилица е, кај мене на блог имаш и статија за него. Еве ти линк http://biodevojka.blogspot.it/2015/08/aloedermal.html. Друг кој ми се допаѓа и моментално го користам е овој на Јесса неутралниот. Ми се допаѓа затоа што нема никаков мирис ниту етерични масла ниту пак екстракти. Оној на Алоедермал содржи. Доколку сакаш нешто без мирис пробај го овој: Цената беше некаде околу 120 или 119 не ми текнува точно ама горе долу тука. Како што кажав јас го користам моментално и мене многу ми се допаѓа. Многу е нежен. Може да го најдеш во ДМ. Поздрав.
Едно прашање до тие што користат само вода при одржување на интимната хигиена: и за време на циклус користите само вода? Некако не ми е најхигиенски. Ако не се измијам убаво , а претежно тоа го правам со бебешки производи, тоа за мене не е чисто. Колку и да се миеш со вода само, не е тоа тоа. Тоа ти е исто како на сабајле да ја оплакнеш устата со вода, а паста за заби да не употребувваш. Според мене е гадно.
Баш за време на циклус треба да се одбегнуваат овие работи. Имам близок член од семејството што е гинеколог, па според него (мада и според 99% од гинеколозите) вакви интимни гелови, миризливи тоалетни хартии или секојдневни влошки треба да се одбегнуваат, посебно за време на циклус. Ако одржуваш редовна хигиена, секојдневно туширање (за време на циклус и по 2-3 пати на ден миење на интимата), редовно депилирање/бричење, носење чиста, памучна и лесна долна облека, нема врска ако е само со вода убаво и темелно помината интимата...После туширање можеш некои бебешки производи да ставиш ама околу вагина, а не внатре кај усните. Јас користев интимни гелови ама кожата ми стана пречувствителна и ми настанаа ситни проблеми, па ми ги забранија да ги користам...После користев од аптека интимни гелови ама препишани од доктор. Се трудам што е можно повеќе да ги одбегнувам. За време на циклус дупло повеќе му обраќам внимание на интимниот дел, а после туширање ставам витамински креми или млеко бекутан. Ни чаеви, ни гелови, ни масла не се сигурни туку обична вода е најбезбедна за интимата.(посебно за тие што имаат проблеми со алергии и имаат многу чувствителна кожа). Ама сепак секој си знае за себе и своето тело како му реагира на одредени прозиводи, дали може да користи и дали му одговараат.
Па реално, подобро одмивање со чај од камилица отколку Бекутан. Со оглед на штетните состојки кои ги има во составот, вода е подобро од било каков Бекутан, па макар бил и млеко за тело намачкано на препони. Козметиката им е полна глупости, не е добра ниту за бебиња камо ли пак за интимна нега.
А јас што сум алергична на се, не смеам да помислам со камилица да се одмијам. (претпоставувам има и други девојки со таков проблем, не сум само јас ). Со сода може, ама со билки и чаеви тешко... Иако се препорачува одмивање за тие што не се алергични. Инаку после туширање претежно ставам витаминска крема околу интимен дел и гледам добро ми делува (единствен производ од кој немам иритација), а маслото за останатиот дел од телото го користам но се случува и на препони да ставам, сепак не толку често. Па уствари вака кога гледам мене се ми смета
Пред некој ден ги погледнав сите интимни гелови што ги имаат во ДМ. Тој што го пофаливте погоре- Jessa пишува дека е со физиолошка pH што не соодветствува со pH на вагината. Незнам, но јас не би го користела. Многу сум подложна на кандида и видов мака со сите обични, неутрални и физиолошки средства, па затоа бирам од оние што пишува дека се со кисела pH, околу 3,5-4,5. Во Дм има 2-3 такви, јас го користам Генера бидејќи ми е најевтин. Веќе 3-4 години наназад немам проблем со инфекции.
Драга јас за Jessa лично тврдам дека е во склад со идеалната пх вредност за интимната зона која е 4,5 (секако во одредени случаеви по предлог на гинеколог се оди и на 3,5). Како идеално за во здрави услови за интимата се зема 4,5. Еве тоа можам да го докажам мерејќи ја пх вредноста на Jessa кој моментално го користам. Од лева страна може да забележите една скала на пх вредност која ја употребувам кога правам козметика и таму каде што пишува 4,5 е хартивчето кое го користев за да го измерам. Се употребува на тој начин што хартивчето се мака во гелот, се пребришува и веднаш ја дава пх вредноста на производот која во случајов е точно 4,5. Поздрав