Може некој да ми препорача некоја крема за после бричење? Или пак дали можам да ја користам кремата бекутан за бебиња што е?
Мислам дека има една на нивеа ама не сум сигурна најубаво во аптека прашај. Јас со на бекутан се мачкам нон стоп иако се депилирам со восок али ме омекнува
Која е разликата меѓу Jessa гелот со сино капаче и оној со жолто капаче? Како што видов набрзинка и на двата пишуваше дека се без мирис и алкохол, или можда сум грешка?
Што мислите околу овој интимен балсам од орифлеим? Го има некој користено? Јас го нарачав да го пробам. Пишуваше дека ја смирува кожата после бричење и ја спречувал појавата на црвените дамки. Најмногу ми е ради тоа бидејќи многу ми се појавуваат црвените дамки после депилација што ептен ме нервира.
Девојки, дали имате користено интимен гел на Корине Де Фарме (лилава амбалажа или бело со розово) и како сте задоволни?
Дами дали мислите дека бебешките шампони како бекутан косили можат да одржуваат исто ниво на хигиена на интимата како интимен гел?
За исто не знам ама за подобро знам хаха.И реално се што е со помалку додатоци е подобро.И сапуните се ставени на Х нели оти ја сушат кожата го поместуваат ph балансот кон базна средина.Многу лекари нели препорачуваат да не се користи никаков препарат за да се спречи убивање на добрите бактерии бла бла.Хигиената и здравјето на интимата во секој случај не зависат само од надворешни фактори така да треба да си најдеш нешто што тебе ти одговара.Е сега ако не пробаш нема да знаеш.Јас имав проблеми со габична.Матичната ми даде бебешки сапун ХАОС .. со гелови немаше теоретска шанса да продолжам да фрлам пари и да се замарам.. го пробав бекутан шампонот и ми е океј.Така да дефинитивно или бебешки шампон или ништо.
Имам пробано и интимни гелови и бебешки шампони, ама некако со бебешкиве се осеќам чудно зашо ми е влезено у психа дека не е интимен гел. Па затоа побарав мислење. Инаку и ја сум задоволна од Бекутан .
Нз зашто така ..можда ако си користела долго време гелови па ти било чудно да се навикнеш на нешто различно. А и колку што знам повеќето интимни гелови за разлика од бебешките шампончиња не се SLS free значи содржат суфриканти .. SLS ја дава пената на продуктот (и бтв е многу ефтин затоа сегде го има) и некако кога ја нема пената можеби добиваш чувство дека не си доволно чиста нешто у тој фазон.Ова ти кажувам оти знам по мене јас конкретно така се осеќав па за тебе не знам, а ова хемискиот дел го учевме на факс хаха
Alkagin koristam, po preporaka i konsultacija so 3 ca ginekolozi, go koristam od fevruari mesec navaka i vistina preubav e, osekjam razlika, nema neprijaten miris ili belo pranje, porano cesto i kandida dobivav , mnogu osetliva sum, skroz mi e regulirana PH, toplo vi go preporacuvam.