Сум користела доста производи за интимна нега, и тоа: Lactogyn, Carefree,на Нивеа сите,na Eveline сите вклучувајќи ги и детските,На Авон и Орифлејм ама како Jessa-жолтиот со камилица досеа нитуедно така не ми се погодило.Дури и пред да отворам да ја читам темава си викам...го купив ова на шашма,ама најарно од сите испадна,а цената смешна 89 денари. И сега кога прочитав дека и на други членки им е погодено ко мене,ми олесна Не го мењам па шо сака нека е
Јас овој го користам со години и сум презадоволна. На сите го препорачувам. Досега не сум пробала некој друг, овој ми е ептен погоден, ама баш деновиве ќе го земам Jessa чим е толку фален колку за промена да го пробам.
Сакам да го купам џеса. (Камилица)Но сменета му е опакофката и не мириса толку убаво како стариот. Зошто ваква утка направиа, првиот мирисаше преубаво на чисто .
Здраво девојки досега никад немам користено интимен гел само со обичен сапун и вода. Па кога се бричам ми се појавуваат црвени акни. Дали некој знае гел против тоа? И колку пари чинат тие? Сакам да имам однос ама неможам така со акни на имтимата. Премногу ми е незгодно и несакам дечко ми да помисли дека не одржувам правилна хигиена. Благодарам однапред
Јас имам користено, ама мислам дека беше со портокалова боја, задоволна сум. Не знам црвениов конкретно каков е, ама би требало сите да се добри.
Колку е штетно што секакви состојки ставаме таму долу, ама џабе...колку и да сум запознаена со лошиот состав, ако не искористам интимен гел додека се капам, се осеќам нечисто. Ги имам користено: Eveline, Genera, Нивеа и Авон. Дефинитивно најдобар ми е евелин, па и нивеа не беше лош...овој на генера ми е целосно промаршување, ама во мојов град најдостапен е. Гледав во белина производите - има еден, со природни состојки, би го пробала: Е сега да се редактирам, затоа што читав страни од темава и не знам зошто е тешко да се сфати дека ако не користат одредени девојки интимен гел, се осеќаат валкано и неубаво. Знаеме дека вагината има свој, сопствен мирис и знаеме дека тој мирис само со вода нема да исчезне, не ни треба да исчезне... постојано системот за излачување си ги извршува физиолошките функции и не очекуваме мирисот да е најдобар, ама факт е дека не мириса добро, па дури и со вода секој ден да се одмиваш. На некој начин, кај мене барем, интимните гелови ја разблажуваат и неутрализираат таа миризба која, секој орган си ја има.
Истото и јас го приметив,првпат кога го купив амбалажата беше со жолто капаче и пеперутки,сега новата е различна со портокалово капаче и ме збуни цветчето мислев дека е невен.Кога прочитав дека е истиот со камилица се зачудив зошто стварно мирисот му е сосема различен.
девојки сакам да ве прашам нешто, за време на бричење на интима каков гел/шампон користите? може ли со обично шампонче за тело?