Јас го користам тој претходно што се продаваше, предобар е, откако го користам, на гинеколог секогаш резултатите ми се уредни А овој сеуште го немам нарачано, но не се сомневам дека е лош. А ако го има пак тој претходниот не размислувај, земај
Јас користам бекутан бебешка купка ,потоа со камилица и на крај со сода ќе се измијам ама саодата во млака вода ке ставеш како едка лачичка сода и ќе се полиеш.
Леле јас еднаш се измив со бекутан купка со камилица, не можев две недели да се опраам, ме чешаше ненормално. Најдобар ми е гелот на Нивеа и Jessa на ДМ исто така ми е добар. Според мене никако бебешки купки или било кое друго средство што не е наменето за тоа.
Jessa плавата од ДМ. Мислам поарно нешто за таа зона нема. Мирисот е неутрален, ама многу е корисна. И состојките и се сосем океј за pH. Цената околу 100-120.
Јас сум многу задоволна од тој на Фризидерм. Тој период ставав вагиналети и почнав со него да се мијам (имав кандида) и неколку месеци немав проблем со исцедокот. Потоа кога имав проблем пак го сменив земав на еуцерин(фармацевката го фалеше, велеше какви проблеми вагинални о да имаш, ова се решава) но не ми се допадна воопшто, а околу 500ден. го земав. Сега се мијам само со сода, а некогаш само со вода, ретко сапун.
До сега немам користено гел за интима, ама сакам да го купам Jessa гелот од Dm. Ако некоја го користи подолго време нека каже дали е задоволна. Мене ми е да не предизвикува чешање или слично, ама сепак секое тело различно реагира...