Подолго време го користам овој по препорака од мојата докторка. Ме интересира каков е според составот @Biodevojka .Скоро потрошен ми е, па размислувам дали пак да го земам не е баш ефтин ако не вреди. Спојлер: Состав
Драга не можам да кажам дека е лош. Има убави состојки, само има поголема измивачка моќ од она што ја нормално претпочитам за ваков вид на производи. пХ вредноста е тука некаде (препорачливо е 4,5 до 5 пХ иако лично јас претпочитам пХ 4,5 за интимна зона во плодни години). Ако ти се допаѓа како производ продолжи а го коритиш. Не знам која цена е ама ако сакаш да смениш како алтернатива ти препорачувам: 1. Алоедермал (останува за мене бр.1) ретко се наоѓа ама го има во некои од аптеките на Зегин. Цената е околу 350или 380 мкд. 2. Jessa овој е околу 150-200 мкд во ДМ 3. Моментално ja користам овaa пена и многу сум задоволна ја има на Belina.mk (ако не се лажам околу 450 мкд).
Лактогин да пробаш. Ама инфекција сама од себе да помине тешко. Направи брисеви и види фали треба вагиналети или антибиотик.
Целта на интимните гелови не е да лечат инфекции. Измиваат, чистат и негуваат. А лекувањето на инфекции оди со терапија пропишана од гинеколог.