lele od tie gelovi, arno si znaev vodicka, kamilica, soda bikarbona, i ajde gel da vidam... abe go koristev 1,5 god moze i poveke toj od avon i mn cesto se inficirav i go bataliv, pak na stariot rezim si se vrativ. toa e tocno sto vikate deka se cuvstvuvas pocisto, no isto tka i se e do navika, 2-3 pati dnevno si se mijam i super se cuvstvuvam. a i majka mi ima problemi od gelovite [mod-kirilica:2pd974ne][/mod-kirilica:2pd974ne]
Да бе, ке земеш во чаша вода или во чај од камилица, ке ставеш едно лажиче сода бикарбона, и убаво ке се измиеш, после се плакнам
Од кога почнав да користам интимен гел (незнам дали беше Авон или Орифлејм), јас добив кандида........затоа не препорачувам да се користат таквите гелови!
Девојки,како ги користите тие бебешките шампони, камилица и сл. и внатре се миете или само однадвор? За користење гел се премислив откако ги прочитав вашите искуства
Јас се навикнав на гел и не можам да се одвикнам... Користам од нивеа многу е убав многу убаво мириса... ама порано имав инфекција и престанав да го користам, тогаш престанав да носам и танга и се, зашто ептен ми беше црвен пределот и ме чешаше ненормално многу.. после се мачкав со канестен, ставав вагиналети и пиев некои ампули и се ми се врати во нормала.. после извесен период пак почнав со гелот , и сега после еден месец и повеќе одкакко почнав пак иам бело прање и ме пече за време на секс, особено после 20, 30 минути... и сеа не знам што да мислам дали е од гелот или не...
Јас веќе 7 години ги користев интимните гелови на Nivea. Лично сум презадоволна и од двата, нежни се и оставаат прекрасен мирис. Последниов месец имав проблем со инфекција малку, па сменив. Го земав детскиот шампон со камилица на Becutan и да Ви кажам право не знам дали некогаш ќе го сменам. Преубаво се чувствувам, па ќе продолжам и понатаму да го купувам. Позз
и јас користев нивеа па сега од авон имам , значи убав е бекутанот од камилица, мож да се проба.. ајде ќе купам и јас
јас со консултации со лилит си купив бебешко шампонче косили,и се мијам со него веќе една недела и супер ми е не ме чеша,нема никакви негативни последици....многу е добро пробајте!!!!
и мене гинекологот ми го кажа истово. Ми препорача само со млака вода да се мијам најмалку 2 пати дневно.
Ги имам користено интимите на нивеа, на авон но не би се баш пофалила од нив , додека се миев со нив имав инфекции долго се лекував но сега по препорака на гиниколог си купив бекутанче од камилица и веке некое време го користам и е прекрасно, преубаво ми е не би го сменила за ништо
Јас го користам можеби веќе 4 години интимниот гел од нивеа и сум пре пре задоволна. Прво го користев зелениот, ама некако тешко ми мирисаше и се префрлив на розевиот и не планирам да го менувам. Незнам зошто имате негативни искуства со интимните гелови? Јас лично не се чувствувам убаво ако се измијам само со вода, а шубе ми е да користам сода бикарбона или сапун, па макар и бебешки.Сепак не им е таа намената. Ви го препорачувам најскрено, не верувам дека ќе има поплаки
Јас имам многу негативно искуство со геловите и не ги препорачувам на никого Во консултација со гинекологот ми кажа дека PH вредноста на геловите(5,5) е повисока од таа на вагиналната флора(4,5) и затоа ја нарушува и прави адекватна средина за развој на кандидата. Но, секој организам си е различен и немора да значи дека е така кај секоја. Поздравче
Незнам, да не испадне сега дека знам повеќе од твојот гинеколог, ама баш гледав сега на гелот пишува дека е прилагоден на ph вредноста на интимната област, и содржи и млечна киселина која што природно е присутна во интимната област и таа ја одржува природната ph рамнотежа и така ја спречува иритацијата на кожата. Како и да е јас сум дефинитивно за интимен гел, ама од проверена фирма и мислам дека е подобро да се мијам со него отколку со нешто што не е наменето за интимната зона.
Убаво кажал докторот, некако никој не го зима тој фактор во предвид кога купуваат средства за интимна хигиена, точно е дека pH неутралниот гел ја нарушува pH на вагиналната флора. Едно време се продаваше во Зегин гел за интимна хигиена на Clean&Clear со pH 3.5 и одеднаш престанаа да го продаваат а единствено тогаш кога го користев него ниту еднаш не ми се појави кандида. Ако случајно налетате некаде на него, девојки кажувајте! Моментално користам друг од Зегин, се вика Lactacyd, ми го препорача аптекарката како замена за овој што го нема. Содржи млечна киселина и сега за сега сум задоволна од него, иако знае да ми се појави кандидата но сепак поретко отколку кога користев бебешки сапунчиња.
еве јас како што кажав го користам овој многу долго време можеби 3 години, претходно го користев овој ама не ми се допаѓаше како мириса и немам ни кандида ни ништо. Презадоволна сум од розевиот. Не сакам да наговарам никој, само кажувам мое искуство