Ако има појава на непријатен мирис најверојатно се работи за некаква инфекција. Оди на гинеколог. За секојдневна употреба можеш да земеш гел за интимна нега од аптека. Има избор. Лактогин, Глизиген, Фрезидерм, Еуцерин, Уриаж...
Женски искуство со Глизиген гелот? Јас го зедов по препорака од гинеколог, ме интересира дали вреди за парите?
Јас ги имам користено и Афродита и Џеса и двата се одлични , не иритираат и не предизвикуваат чешање , кој и да земеш нема да згрешиш , но за нијанса ми е подобар и понежен Афродита
Дали некоја од вас девојки го има пробано интимниот гел на Corine de farme или на Freezyderm? И двата се движат околу 300 ден у зегин.
Не знам колку е соодветна анкетата на темава, бидејќи некој без да ја чита темата може да одбере некој од наведените избори а знаеме дека бебешки производи или обичен сапун не се баш добри алтернативи. А штом се наведени се добива претстава дека во ред е и тие да се користат. Сепак модераторите нека одлучат. @Mishela @black-angel @koritsaki