Сте го пробале ли тврдиот лосион на Џеса? Скоро го земав од дм, без никакви очекувања, ама го користам секој ден. Не пресушува и мислам дека има поголема измивачка моќ од течните лосиони.( или такво чувство имам, дека нема никаков мирис). Составот е океј, не пени премногу и е големо парченце (40г)
Јас го земав ама не ми е уште пробан. Инаку ги користам и плавиот без мирис и розевиот со камилица и задоволна сум. Овој тврдиот го земав за патување па ќе видиме како ќе се покаже.
Zdravo dali vo Dm ima intimni gelovi i koj mozete da go preporacate shto isto taka imq sladok miris nekakov?
Јас би ти ги препорачала од авон искрено се супер ако имаш од кого да си нарачаш топ се а и не се скапички
Гел/крем од календула на билка интимо е нешто најдобро што и се случило на војата ваџајна. Имав чешање и печење и непријатна миризба (од непозната причина, брисеви земени инфекции исклучени) и овој гел многу ми помогна и ми ја смири иритацијата. Чини околу 260 денари и има преубав мирис. Исто промивки со мултиџин таблети за зајакнување на имунитетот на регијата.
Погоре пишале други членки за лосионите на Џеса, нависитна се добри. Јас повеќе од 4 години го користам синиот и сум супер задоволна. Кожата е чиста, а самиот лосион не е агресивен и не ја суши. Синиот е без додадени мириси, но знам дека има уште два други вида, розов и жолт мислам, кои се со цветни ароми.
Мене убаво ми делува гелот Уриаж.Има 2,еден за секојдневна употреба и уште еден за ако имаш чешање..Ги имам и двата и ги менувам повремено.Прекрасни се,нежни,кожата како на бебеНи да биде сува ни ништо..преубав е..Јас пред да го откријам чудово се миев со сапун и нон стоп имав чешање.Откако почнав гелот да го користам,се препородив,ни чешање ни ништо.Мене ми е овој ептен погоден и не би го менувала
Јас го имав синиот сензитив и ми направи иритација, осип и ненормално чешање Си продолжив со Jessa и немам никаков проблем.. Од Нивеа производите генерално сум скроз разочарана. Геловите за тело ја сушат кожата и се перута. Ужас!
Dali nekoj ima iskustvo so CAREFREE krema za intimna nega? Ima vaka ubav miris na Kamilica mislam i Aloe vera? No da ne ispadnat nekoi komplikacii?
Интимен гел никако. Го офрлуваат ph балансот и имам инфекции потоа. Само со еуцерин се мијам два пати дневно. Многу е нежен на кожата, се користи и за бебиња.
За оние девојки што ги користевте и ги чекавте интимните гелови на Афродита. Повторно се достапни во дм. Само доста поскапи и со нова амбалажа.